- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Ама не се караме бе, што се стресле дотолку. Форумов е за дискусија и водиме дискусија. Намената на форумов појше му е вакви дискусии отколку ванаби менаџер и јутјуб предлози.Милан е далеку од просечен тим, но доколку не се засили соодветно годинава, вгодина кога ќе си одат Силва, Боатенг и др, е тогаш Милан ќе е просечен тим.
Не мојш да ги споредвиш Хазард со Стротман и Сахин, зошто за Хазард е платена астрономска цена од 40-50 милјони евра, а од друга страна овие двајца би ги зеле за по 10 милјони. И јас го имам гледано Сахин во Реал, и тврдам дека е талент и дека е играч на кој би можеле да се потприме, искрено и не знам зошто Реал толку лесно би се откажале од него.
И да, не навиваме ние за Милан за да сме први во однос на потрошени пари, и колку Берлускони ставил в џеп или колку бил во загуба.. Навивам за да гледам успеси и трофеи, и мене ми е јасно дека не може секоја година да се освојува, ама веруј ми ако сезонава не се засилиме кога си отидоја клучните играчи до пред некоја година, тешко дека и во иднина ќе видиме некој трофеј.
За последново се сложвам, и јас не сакам да ги следиме Сити и ПСЖ и остали ко нив, ама ако тие за еден трансвер фрлаат 50м, нас доволно ни се 25 милјони за 2-3 трансвери и рад да сме 7-8 години.
Јебига сега ова само ни останвит да се караме овде и да нагаѓаме што ќе се деси, јас сум оптимиста, верувам дека знаат што прават и дека ќе не засилат со 2-3 играчи.
Ние тука правиме лаички муабети. Нити знаеме за колку пари може да се земат Сахин и Стротман, ни дали вредат толку, ниту пак дали ќе не средат за наредни 10 години. Тоа во управата го знаат многу подобро од нас. Тоа ми е и поентата. Верувам дека Галијани и Берлускони знаат што прават и дека ќе го одржат Милан компетитивен и непросечен, туку голем како и досега. Затоа што ним Милан им значи многу појше отколку нас. Во секоја смисла.
Никој не гарантира дека ако даеш 30 милиони и купиш играчи ќе бидеш раат 8 години. Ние сме фрлале помалку, па сме биле раат.

