Ама полека бе.. Вие го направивте Милан проечен тим. Милан и со оние трансфери кои ги направија, кои беа оценети како никакви е на врвот од Европа. Што подразбирате вие под тоа
врв? Секоја година да игра во финале ЛШ? Не разбирам. Милан минатата година освои Серие А. Оваа година ни избега само поради повредите и поради несреќни судски одлуки. Бевме рамноправни во најмала рака со Барселона имајќи предвид каква екипа се тие и што им правеа на другите тимови. Милан уопште не е просечна екипа! Има барем по еден двајца играчи од светска класа во секој дел. Силва, Боатенг, Ибрахимович, Пато.. Тоа што цела Европа е луда и нуди астрономски суми за секој од овие е доказ.
Во првиот шешир сме за ЛШ. Што значи тоа? Знаете како се одредува таа работа?
Проблемот кај голем дел од навивачите е тоа што малце ги имаат помешано мерилата за ГОЛЕМА или за ПРОСЕЧНА екипа. Која е голема екипа за вас? Јунајтед? Отпадна во групи. Баерн? Интер? Сити? Освои ПЛ во слаба конкуренција со многу среќа. Ги видовме и во ЛШ и во Лига Европа.
Реал отсекогаш трошел и би го ставил во тој кош на големи екипи. Барселона исто во последно време. Кој освен овие две е поконстантен за да биде ГОЛЕМА екипа? Мора да се навикнеме дека не може секоја година да се освојува нешто. И тоа не те прави мала екипа.
Барселона и Реал оваа година беа скроз друга категорија. Кој друг е поголема екипа од Милан тогаш? Ние со еден од нив се држевме баш на ниво.
И од каде тоа дека Хазард е недокажан талент, а од другава страна Сахин и Стротман па докажани и убиваме за нив?! Ако донесат во Милан некој за кој немате слушнато збор, одма ќе испадне слаб трансфер, пропалица и слично. Епа другови ние глеаме само јутјуб, а овие имаат и скаути плус во управава.
Коа ќе направиме споредба со потрошени пари во однос на игра и резултати ние сме први

Реално трошиме најмалку, а не заостануваме толку драстично зад другите.
И пак ќе ве потсетам. Шарави е платен 14 милиони. Робињо 18 и да не набројувам. Тоа не е трошење?
Пак ќе речам проблемот е што критериумите за тоа “трошење“ се изместија. Вештачки и неправилно според мене. Никако не би го следел прмерот на Сити и ПСЖ. Кажав зошто.