Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Не ги обвинувам ''страстно'' играчите како шо викаш ти.Само поголемата вина ја глеам во играчите и глеам малце по не навивачки од повеќето од вас.Ве сфаќам дека сите ги сакате играчите поеќе од било кој тренер и да дое(и за мене важи истото).Ама во моментов било кој тренер да дое во Ливерпул или па во Интер,ќе ги има истите резултати.Еве да речеме да те стават тебе тренер.Ќе ја играш стандарната тактика на Ливерпул,ќе играш офанзивно пошо Хоџо играл мн ''дефанзивно''.И ќе приметиш дека па ќе бидат истите резултати.Со јаќите тимови топ резултати а со слабите ќе губат или нерешено.И еве улогата ќе ти биде како и секој тренер да им даваш мотивација,да пробуваш тактитки и шо уше не.Ама пак ќе видиш дека некако играчите не играаат како шо треба...И шо ќе помислат фановите???Па нормално кој друг ако не ТРЕНЕРОТ е крив...Секој си има свое мислење.Никого не бранам(најмалце Хоџо)и никого обвинувам.Само зборото ми е дека дур не сфатат играчите дека треба да играат секоја утакмица како да е некое финале нишо не праат.Со протести и со ултиматуми нишо не се постигнува.
За улогата на еден тренер ти пишав погоре коа дадов пр со тебе...Тоа е улогата,да дава мотивација,да вади максимум од тимот кој шо може да го склопи за утакмицата шо му престои и да носи трансфер кој ќе мисли дека му се потребни за да дава подобри резултати.Знам дека ќе речеш сеа за Конченски и за другите шо сака да ги донесе.Ама за тие пари,подобри играчи нема шанси да донесе.А и погледни од друга страна,кој сака да дојде во ваков тим ко шо е Ливерпил во моментов???За тоа сите играчи шо го сакавме да ги донесема летото ни ги собраа...Пошо немаше никакви резултати лани,а за зимово уше потешко дека ќе се донесе некој опасен од типот на Бензема или Дефур....Затоа ја би бил презаодволен ако се донесеат Кранчар и Адебајор.
 
Фала ти на одговорот. Со некој помал дел се согласувам, ама со повеќето не. Како и да е, си ги кажавме мислењата и најдобро би било да се согласиме дека не се согласуваме :)

Македонската варијанта на let's agree to disagree и не звучи баш лошо :).

Дали тренер, или играчи, се што сакам е да видам резултати што личат на таа екипа. Да бев за Астон Вила ќе се радував на Топ 10 затоа што толку би биле можностите. Ливерпул има потенцијал за Топ 4 и само сакам да го видам тоа остварено.
 
Бенитез е минат муабет. Иако мислам дека е подобар тренер од Рој, тоа е тотално небитно сега. Поголема и далеку побитна е дилемата дали Рој треба да остане или не.
 
Па да бе да..Секој си има мислење.Само малце поеќе се зафативме ја и ти на оваа тема,ама нема везе.Во едно сите се согласуваме и сите едвај чекаме тоа да се деси.
 
Момци, што се деси со турнирот? Кога играме:)

Веројатно на 4ти Декември!! Организаторите ги снема па јас и уште еден ќе пробаме да средиме!!! Наскоро ќе ве известам!!!

--- надополнето ---

Spain ace signs pro at Liverpool

--- надополнето ---

Cole set for Spurs return

--- надополнето ---

:tv:
Фала Богу!! Но се се мислам дека малиов ќе заврши како Пачеко!!! А тоа за Мурињо озбилно нашиве заебале или тој сакал плата поголема??

--- надополнето ---

:pos2::pos2:
 
абе момци има кај вас најави за смена на тимот да започните од зимскиот преоден рок па наперден во летниот ???
 
абе момци има кај вас најави за смена на тимот да започните од зимскиот преоден рок па наперден во летниот ???

Ќе биде!!!
Него поврзани сме со 5826 играчи!!!
Од одбраната: Шоукрос,Дан,Кјаер,Кејхил,Сако - според вас дали ни треба и кој??
Леви бекови:Инсуа,Зиглер,Таиво,Коентрао,Бриџ
Средина: Сахин,Дефур,Атуиди,М Вила,Инлер
Крила,АМ и такви чуда : Јанг,Елиа,Мата,Руиз,Џервињо,Хазард,Хонда,Пајет,Н зогбиа,Холтби...
Напаѓачи: Љоренте,Лопез,Бензема,Погребњак,Кержаков,Кол......
Како што гледате покрај лошите поврзани сме и со добри играчи за сега и на лето....па кој мислите да се земе??Ако се зема секако!!!!
 
Љоренте некако одвратен ми беше ама ајде да замислиме дека е во Ливерпул. Торес спретен со топка, ќе влече дефанзивци секако, а Љоренте токмак со топка ама игра со глава ненормална. Две различни врсти на голгетери, подобро од двајца исти нели? Добра комбинација ми се чини.
 
Абе не знам ама гледам го сакавте Крауч,....па еве ви некој сличен на Крауч!!! Плус снажен па јбг ок ќе биде...ама скап е пизда му материн!!!Да пробаме со Џервињо како шпиц??? Ќе биде можно ???бтв и јас го неќев Љоренте ама не е лош!! Плус вистинското име му е Фернандо Љоренте Торес!!! Ќе си имаме Торес на квадрат!!
 
ахам фала мн друже
 
Па што е боље од еден Фернандо Торес? - Двајца Фернандо Торес-овци :)

иначе мислам дека ќе иде у некој клуб со подобра ситуација од нашата, али би било топ ако успеат да го донесат
 
Абе не знам ама гледам го сакавте Крауч,....па еве ви некој сличен на Крауч!!! Плус снажен па јбг ок ќе биде...ама скап е пизда му материн!!!Да пробаме со Џервињо како шпиц??? Ќе биде можно ???бтв и јас го неќев Љоренте ама не е лош!! Плус вистинското име му е Фернандо Љоренте Торес!!! Ќе си имаме Торес на квадрат!!
Хаха Торес на квадрат опасно нешто а :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom