ве читам погоре сите менаџер си играат трансфери праат, интересно е мора да се признае.
Како и да е , јас мислам дека оваа сезона треба да се инестира во млади ѕвезди и во squad depth. Не ни требаат нови напумпани плати, напротив треба некој кој ке трча за другите.
Доколку јас се прашувам она што е есенцијално е во јануари да се купи лев бек и лево идесно крило.
Вака би играл јас.
ГОЛМАНИ- Реина би го играл до 70 години...грешка до 80, резерва би го играл Хансен или Бузанис, мора млади да се пуштаат макар и на резервна клупа да се навикнат на атмосфера.
одбрана- Кончески би го шитанл под итно или сега или на лето. Инсуа враѓање од позајмица и еден да се купи Коентрао, Таиво дури и Бриџ е ефтина а доста солидна аквизиција.
Десната позиција со Џонсон и Кели е покриена за наредни 5 години. Средина Агер Скртел карагер и ВИЛСОН. Не ни треба нов, Вилсон има потенцијал да се исчеличи, ама мора да го пушта во премиер лига инаку ниШто не праиме.
Средината според моте замисли треба да ја држат Лукас и Меирлеш, резерва е Спиринг и да се купи уште еден во случај на повреда на било кој од овие. Стиви Џ треба дае неприкосновен на плејмекерската позиција , Џо кол како замена . Крила...немаме, Ешли Јанг би бил феноменално, Афелај ке беше феноменален, млад не бара голема плата а кошташе 3 милиони, ама глупи сме. Што се однесува до крилата сакам експлозивно крило, дриблер, техничат, брзина 100 на саат, некој што ке пробива од страна и ке ствара простор за Торес и капитенот. Десно би ги играл макси и Џо КОл...до крај на сезона ќе бидат сосема доволни.Во напад Торес Нгог Кајт и уште еден класичен напаѓал и евентуано Подолски кој може да игра и лево.
КОј би ги купил...кажав лево Коентрао и таиво со оглед дека летото му истекува договорот ако не се лажам.
Средина- Дефур ако може ако не Мвила или матуиди мислам дека ке завршат работа.
Крила- Пајет, Грицман, Ешли Јанг кој било само нека купат највеќе пари треба на оваа позиција да се даде. ПОлушпиц би го земал дефинитивно Хонда 12 милки. Зашто?? Ако го земеме Хонда, ѓе се пробиеме на јапонскиот пазар и за 1 година ке извадиме дупло пари од него а клубот ке се популаризира во Азија што е многу битен пазар.
напад- Подолски, Лукаку и завршена работа. Лукаку во својата дебитанстка сезона со 16 години даде 16 гола за Андерлехт, е тоа е постугнување на рамниШте на Овен и Руни на млади години. За 3 години ке биде продаден за 70 милки ко иШто. А Подолски едноставно премногу ми се вклопува во тимот а покрива две позиции напаѓач и лево крило,
За продавање под итно...Поулсен, Бабел, Јовановиќ,Кончески и секој друг што нејке да игра( вклуитено и ѕвездите).
Сепак какви играчи да купиме останува фактот дека тренерот дефакто не ни го бива. Не игра напаѓачки,атрактивно, џабе имаме јака средина кога господинот ГРД игра на долги топки тактика која ја користеа Советите на олимписки игри 1970 година.
YNWA!!!!