Со шизофренијата е дискутабилно. Се верува дека марихуаната кај шизофренијата работи како еден вид поттикнувач. Значи може да ја активира шизофренијата САМО ако личноста е склона и секако би заболела од друг поттикнувач понатаму во животот.Денеска е Денот на непушењето , извадија статистика и според неа , на годишно ниво од директна консумација на тутун умираат накај 5 милиони луѓе , а индиректно , од секундарна изложеност , умираат уште 600.000 луѓе. Тутунот не е забранет , туку обратно се рекламира и промовира и носи огромна,огромна заработка.
Од друга страна од директна консумација на марихуана , на годишно ниво умираат 0 луѓе.
Проблемот е тоа што канабисот делува негативно кај луѓе кои имаат психички проблеми или се склони на психички проблеми, посебно оние кои се склони на шизофренија.
Канабисот се користи ко лек , пред се поради хронична болка во зглобови, анксиозност , епилепсија , склероза , инсомнија итн. 5000 години се користи ко лек во разни култури.
Нема забележани случаеви со предозирање од марихуана.
Проблемот е со психоактивната компонента на марата ( THC) која делува на краткотрајната меморија ( али само за време на користење на канабисот , после тоа се си е у ред ) и има само мало негативно делување врз белите дробови како резултат на чадот од марихуаната.
Шеќерот убива повеќе луѓе од канабисот , зејтинот убива повеќе луѓе од канабисот !
Лично не гледам причина зашо да биде забранета , иако огромен број на луѓе ја користат , од сите слоеви на опшеството. Бенефитите се поголеми од негативностите ( ко шо кажав делува негативно само кај луѓе кои се склони кон шизофренија).
Во врска со анксиозноста, марихуаната е меч со две острици тука. Воопшто психички лабилни личности не треба да бидат во контакт со НИКАКВА дрога (вклучувајќи ги и цигарите и алкохолот), што за жал не е така.