Еве прво, богат не е човек со 200 илјади евра во банка и 3 стана. Тоа е средна класа. Богат човек е со милиони евра капитал, а тој ако пропадне ќе пропадне до средна класа, што е пак доволно за некој луксуз.Sussaro, постот ти е одличен, но заборави на некои работи.
Парите не се вечни и се доста релативни. Денес си богат, но утре твојата партија губи, бизнисот не оди и не си повеќе богат.
Убавината истотака не е вечна а и парите не се вечни. Убавината трае некаде до 35 година, а потоа цената на секоја убавица паѓа експоненцијално за до 40тата година да достигне ниво каде би ја погледнал само некој 40плус. Но мажите на 40 плус и не се нешто посебно (стомак, влакна штрчат од носот, здив на вино со поминат рок). Значи оружјето убавина она може да го користи до 35 некаде. Плус она веќе има деца кои е пожелно да имаат и татко. Што правиме потоа? Како се менуваат односите на моќ? Се знае во корист на мажот. Но дали тоа значи дека он треба да угнетува нашата прицеза пошто нели она во последните 10 до 15 години она го уништувала. Не. Мерењето на моќ, манипулациите и лагите се рецептот за мизерија, депресии и нервози. Што ќе им пренесат таквите родители на своите деца?
Затоа таканаречената вистинска љубов не е калкулирање со пари, моќ и случни орудиа туку градење на еден однос, помагање еден на друг, бодрење еден на друг, градење на карактер, растење, радост итн. Ерих Фром има многу добри работи нашишано на таа тема.
Значи тоа што го викаме вистинска љубов е многу повеќе од парите, убавината и интелектот.
Друго нешто што забележав во постот, ти имаш лоша претстава за тоа што е љубовта. Љубовта е само емоција, како стравот, радоста и сл. САМО емоција и ништо друго. Тој однос што го спомнуваш, помагање, меѓусебна поддршка и бодрење е доста комплексен процес на кој влијаат мал милион работи. Љубовта е еден многу мал фактор. Ете самиот си спомнал и друга емоција исто како љубовта- радост. Значи емоциите се само мал дел од целиот тој концепт наречен врска (романтична поконкретно).
Така да, доста глупаво делува да дискутираме за "вистинска љубов". Тоа е му доаѓа исто ко некој да ви дојде и да ве праша: "Абе веруваш во вистински страв???!!!". Емоцијата е таа, интензитетот е различен во даден момент, но кога и да се јави емоцијата тогаш зборуваме за љубов, и таа секогаш е "вистинска".