TheIks
Fork & spoon operator
- Член од
- 1 октомври 2007
- Мислења
- 712
- Поени од реакции
- 469
Ај малку аматерска рецензија и од мене:
После моето искуство со ѕверот од скоро 1 недела, можам да го опишам само со еден збор: magisterial.
И не, не е тоа само пради 5-те јадра (4 + 1 за штедење енергија), туку и одличниот изглед, изненадувачки лесен за својата големина и многу позгоден за носење отколку што изгледа. Ова може само во живо да го искусите, на јутуб ништо. Хардверските перформанси читам на многумина не им се важни. Ок, супер, ама мене баш ми годат, лета машината, 3D игри, FullHD, инсталации, деинсталации и се тоа е мазно и нема никаков лаг или било шо друго. Ова е доказ дека телефонот освен што е моќен на хартија, моќен е и во пракса така да муабетите дека не е потребен хардвер некако губат на значење. Не велам дека телефонот не би работел добро и со послаби компоненти ама, хеј, нека има бе, нема да менуваме телефони секои 3 месеци. Утре-другден ќе има потреба од посилни машини и оваа ќе се снаоѓа уште некое солидно време.
Батерија: многу подобра од моето лично очекување. Нормално зависи што се работи, ама во нормални услови можно е да нема потреба да ја полните секоја ден. Како и да е, ако се заиграте, веројатно едно полнење навечер ќе заврши работа.
Екран: во радиус од 10 метри имам колеги со iPhone 4S, Lumia 800 итн. Сакам да кажам, сум видел и гледам екрани секоја ден и слободно можам да кажам дека екранот на машинава е спектакуларен. Далеку поголем и позгоден од Ајфон, и пореалистични бои од АМОЛЕД екраните. Навистина прекрасен е екранот. За ова исто мора во живо да се види, баталете јутуб.
Мултимедија: Никаква замерка. Видеата на екранот изгледаат фантастично (многу подобро од на компјутер). Гледав неколку 1280х800 видеа, и квалитетот е страшен. Звукот е исто одличен, а Beats аудио (за кое што бев огромен скептик) врши одлична работа. Ситна замерка во овој сегмент е недостатокот на вграден кодек за AC3 и DTS звук. (Се решава со инсталација на кодек или едноставно плеер како DicePlayer - 5MB).
Камера: Сликите и видеото изгледаат супер на телефонот, но не баш толку добро на компјутер. Верувам дека има телефони со подобра камера. Сепак далеку од тоа да е разочарување, пред се поради тоа што јас лично не користам многу камера на телефон.
За сега во неколку дена толку можам да кажам, би надополнал на темава ако имам уште нешто интересно. Слободно прашајте за некој детал, ако знам ќе ви кажам.