Интересна тема за читање, само поради факот што некој маж прво ќе напише дека преферира паметни женски, а одма потоа ќе се јави некој друг што ќе го демантира овој првиов и ќе каже дека нормално дека сака глупави женски, што ќе му е паметна, не ќе игра шах со неа.
Смешки.
Ајде реално, кој би сакал покрај него партнер кој не знае 2+2? или па кој кога ќе го однесеш во друштво не може да се вклучи во муабет затоа што појма немам за што се дискутира, или половина од зборовите не ги разбира? Завршеното школо/факс/докторат нормално дека не е мерило за тоа кој колку е паметен, па има паметни кои не можеле да си дозволат (од икс причини) да се школуваат, па кога ќе застанат да ти прават муабет да не знаеш што те снашло (ова важи и за мажи и за жени). Исто така не значи дека ако завршила високо образование не ја бива за секс или пак е грда и неубава па се посветина на образованието само затоа што немала попаметна работа во живото. Мислам овие се глупи генерализации, што по мое мислење не држат вода.
Лично јас сметам дека мажите реално сакаат некоја која не ги замара многу, која можат да ја легнат со 2 збора, па уште ако најдат некоја која не прашува премногу...идеално. Но ова кога станува збор за кратки авантури, не верувам дека некој би избрал ваков животен партнер.
Не дека сум интелектуалка со IQ како Ајнштајн, но сигурно покрај мене нема да сакам партнер кој не може да ме разбере што всушност сакам да му кажам. Сакам човек кој знае и во друштво на интелектуалци и во друштво на скитници да се снајде, да најде заедничка тема, да се вклучи во муабет, не мора да има докторат или некоја висока функција на работа, доволно е да се разбираме меѓусебно и да не ме обрука некаде кога ќе отвори уста