Мене не ми е битно во случајов колку се екстремите, колку е највисоката плата, колку земаат информатичари. Збориме за грото население како живее. Јас не познавам луѓе кои земаат по 5000 евра. Дури и да земаат тоа се исклучоци. Постојано велиш дека во Македонија се живее добро...и покрај поразителните податоци.
Ако е добро, треба тоа да го потврдиш со податоци, (ако е за примери, прошетај низ северно Скопје) по региони, општини...ете ајде да одиме со податоци -колку се вложувања, невработени, отселување, сиромашни лица, ...или, иако Скопје не е Македонија -дали имаш податок во Скопје колку е просек плата, а колку трошоци за минимум функционирање од негде 500-600 евра (со новите цени и повеќе)? Кој економски или социјален параметар е добар или подобрен? Велам минимум оти тоа е само за храна, минимум облека и комуналии...каде се тука трошоците за школарина, здравје, одмори, викенди, ново возило, за вложување во ново живеалиште за децата...како сите нормални европски држави. Кога повеќето соседи се враќаат на греење на дрва и загревање (како во 50-тите) на само една соба, ете еден од реалните примери/показатели.