Победничката песна не ме воодушеви воопшто, обична диско песна. Освен Калиопи немав други фаворити и не ми се допадна скоро ништо. Лошо од Италија што има прекрасен јазик, а пееше на англиски, Кипарката одвратна, Јужната соседка(исто така од Кипар) права дро*а! Жељко прекрасно испеа, немам коментар, убава песна, мали примеси од Парадајз(веќе знаете), песната на Британија чист плагијат на Меланхолик мен од Моди Блуз(освен рефренот), Албанката страшно се дереше(видов една слика погоре со чајот баш ме насмеа), ништо не испеа освен тоа дерење. Па и Лорен не испеа кој знае што, само покажа кунг фу вештини. Само да додадам дека ми се допадна како изгледа Лорен, убава е и скромно делува. Бабушките ко бабушки, атракција беа и имаа баш добар акцент “Камон ан данс!!!“
И ако добро избројав само 4-5 држави пееа на својот јазик: Македонија, Србија, Босна, Франција и не знам дали имаше уште некоја, а да - Британија!
Не дека наша ама Калиопи ми се чини беше најмоќна со својот глас. Не се ни сомневав дека ќе настапи најдобро што може. Е сега, ми се чини дека делот без гитара подобро го испеа во полуфиналето, а затоа пак многу помоќна беше вчера баш во тој дел. Во секој случај, совршено до нота.