За потсетување на фашистичките ослободители за време окупацијата 1941 пишувано со букви за вистината на нивниот пречек.
Доста не ослободуваа со нивните монтирани сликички ѓоа македонците ги пречекувале.
Со окупацијата при влегувањето во Македонија домашните предавници бугарофили, врховисти В.Михајловисти и други, најдат 100-тина и сликаат додека не го исполнат филмот со 36 пози.
Кога на 18 април се пренел гласот за доаѓањето на
бугарската војска, пред Клубот на есперантистите се
собрало маса граѓани, предимно младинци и работници,
и во поворка тргнале по улиците на Струмица, носејќи ја
картата на Македонија и испишаните пароли, пеејќи
револуционерни песни. Кога стигнале во центарот на
градот, месните колаборационистички елементи се
обиделе со сила да ја растурат поворката и да ги скинат
транспарентите. Младинците и работниците не го
дозволите тоа, пресметнувајќи се физички со нив. А
поворката, приближувајќи се кон крајот на градот, сè
повеќе се зголемувала, кон неа се приклучувале
новопридојдени граѓани. Во таквата ситуација
пробугарските елементи биле принудени да одделат
група од пет до шест „благонадежни" струмичани кои да
излезат надвор од градот и таму да ги одржат своите
поздравни говори, но и тоа многу не помогнало. Кога
бугарскиот 14-ти пешадиски полк, предводен од
полковникот Димов влегол во градот, народот ги дочекал
со извикување на антибугарски пароли, со работнички
револуционерни песни и носејќи ги транспарентите на
кои беа испишани паролите „Македонија на
Македонците" и други, како и картата на Македонија. Со
тоа на бугарските окупатори им беше ставено до знаење
дека Струмица ги дочекува како непријатели. Исто така
тоа значеше дека на македонците не им е до бугарските „национални идеали" и до „велика Бугарија", туку до
обединувањето на распокинатата Македонија и до
слобода и социјална правда.
Партиската организација во Струмица, истапувајќи
со пароли со политичка содржина и со картата на
Македонија, следени од поголемиот дел на граѓанството,
ја искажаа својата политичка и национална зрелост. И
покрај постоењето на колебливост и страв кај одделни
членови на Есперантскиот клуб, иницијативата на
партиската организација за изведување на
демонстрации против бугарите беше прифатена од
широките слоеви на граѓанството.
По пристигањето на бугарската окупаторска војска,
на неколку дена пристигна и бугарската полиција, како
и административниот апарат. Сите чиновнички места во
општините, во банките, поштите и другите установи
биле пополнети со чиновници доведени од Бугарија.
Бугарската окупаторска власт и војската, уште од
самото доаѓање, настојуваа да се прикажат како
ослободители, а не окупатори на македонскиот народ.
Тие започнаа да ја негираат македонската нација,
настојувајќи да го искоренуваат македонскиот и да го
заменуваат со бугарскиот јазик, и воопшто останаа
верни на својата политика што ја водеше бугарската
буржоазија уште пред ослободувањето на Бугарија,
подвлекувајќи дека го „ослободиле" македонскиот народ
после дваесетгодишно ропство под Србите.
--- надополнето: 27 мај 2012 во 21:31 ---
1. Преводот е лош
2. Зошто не кажеш следната реченица што е?
Следната реченица што е:
Анегдота раскажана од Иван Венедиков, познат бугарски археолог, за неговите односи со Германците во Македонија
„Во тој момент Стамен Михаилов донесе еден германски војник, археолог. Тој беше типичен Германец, русокос, висок, во униформа; во Скопје беше со својата единица. Имаше околу35 години и специјалност му беше предисторискиот период...
Последниот пат кога го видов, Ланге ми раскажа еден виц за нас, Бугарите:‘Велат дека ве има дванаесет милиони,’ мирече.
‘Не, само шест.
’‘Не, дванаесет . .. . Шест милиони се со нас , а другите шест – со
Советскиот Сојуз,’ ми рече.
Ова ме натажи, но не реков ништо. Можно лие да е во право?
Венедиков, стр. 238-239.