Евровизија 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Ај сега кога горе доле спласна еуфоријата, знае ли некој што бара оваа тука?

20120429-kaliopi-m.jpg
Кафе и носи не гледаш?
 
Следната година ќе им ја пуштиме Весна Веселинова :D
 
да сте живи и здрави кајганџии.. вечерва се пресмеав :) .. а за тоа е заслужна Евровизија. Кажете како ќе се смејме ако немат Евровизија :pos:
 
господе прости ми ама оваа гркинката не знае што и мислам.
во очи да ме гледа да стенка и да има конфликт на интереси дали да ме мрази или да ме сака.
ради името де.

Покрај своите “Машки“ Гејци,да знае она што ти и другите овде на форумов и мислат.Одма би се преселила во соседството...
Не за друго,нема кој да ја “кара“ таму....
 
Леле не знам више со таа дијаспора ко само они да гласаат,факт е дека сега има и жири кое видно ги менува резултатите на телевоутингот,а и која дијаспора ја има Шведска за да гласа за неа.Прво правило е мораш да имаш добра песна и оригинална,самата песна го прави целиот маркетинг,еве Лорен не беше на никаква турнеја пред евровизија,исто и Жељко и Бабучкиве(кои беа оригинал нешто ново и смешно и интересно за публиката),е сега кога имаш добра песна после мораш да имаш и добар настап,зашто песнава со лош настап може у вода да ти падне.Добрата песна ги руши бариерите и сама по себе си прави маркетинг.Типичен пример е Лорен и Жељко(овде пред се мислам на Лане моје).
 
Мислам дека горе долу ги добивме истиве поени кои ги добивавме од претходните финалиња кога учествувавме.Генерално,Калиопи беше супер,но факт е дека и фалеше подобра песна,ми е жал за нејзе што имаше можност таа многу повеќе да направи,али и фалеше помоќна песна со јака емоција,имаше и време и простор да го стори,но тоа е тоа.. Велите дијаспора,овојпат се гледа дека негде и жирито пресудило,не само публиката. Јас се надевам дека и следнава година ќе се иде по овој модел со избор на пејач ,зашто вака е многу подобро,само треба уште сега да го изберат пејачот,да не биде у 5 до 12.

Жити се` најмило не го пишувај ова пак.
--- надополнето: 27 мај 2012 во 01:29 ---
Не бе срц какво разочарување, јас сум горда кога вака не претставуваат. И не е ова важно да се учествува, туку како се претставува својата земја. Калиопи беше беспрекорна! Од Македонија (без Фиром) до глас и појава. Не сме ние некоја голема земја да се надеваме на победа, може само да ни го испушат комшиите. И зелката што секоја година ја праќаат, гледам победи!
Поарно вака да се пласираме одколку Вучич и компанија да ме претставуваат.


Јас сум повеќе од горда од нашето покажано лице вечерва. Но ме боли, искрено чудно многу ме боли оваа неправда. Не можам поинаку да си ја протолкувам и крај. Не дека не беше очекувана, но сепак, разумот и срцето никогаш не се сложуваат, а мене срцето секогаш ми преовладува.:place:
 
значи баш се што сакав да пишам го има во постот на Дивајн.
си предпоставував дека нема да бидеме меѓу првите 3 ама за до 5-6то место искрено очекував. а 100% бев убеден дека ќе бидеме во топ 10.
разочаран сум в крај. секој година едно исто, дури и водителкава на крај почна со иронија да коментира.
ако се разбираат овие од песна и глас јас Дарко да не се викам. си бев подготвен дека пак едно исто ќе биде ама кога бугариве ни дадоа 2 скапани поени готово, тоа беше финишот.
ако соседите не ти дадат повеќе од 8 бода кој друг????
најмногу ми е жал за Калиопи. како се надеваше и колку труд вложи, а за што???? за бабине од некое село што сега прв пат слушаат за евровизија да се 100 места над неа??
кога последно ни дадоа 12 поени и кога ја прикажаа Калиопи, сепак се поднасмевна, а Ромео зад неа со главата обесена стоеше.
разочарани се и двајцата 1000%.
ако оние од бекстејџ појадат што не треба, ако понеделник ја спомнат Калиопи....со се студио, со се латас во воздух ќе ги кренам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom