Реина-квалитетен, посветен на клубот и нема да му се случи вакво нешто уште еднаш, сепак прв натпревар, сонцето му сметаше при скокот и едноставно се случува.Овој кикс треба само да ги направи посилни, пообединети, затоа што сега ке го тешат ке застанат на негова страна а тоа единство е потребно.Да победевме можеби и ке се летнеше малку во облаци(гледам сеа позитивна страна од исходот). Сепак мислам дека судијата можеше да свирне фаул врз Реина од неколку причини да не ги бројам сега.
Одбрамбената четворка делуваше доста стабилно дури и ме изненадија со пожртвуваноста и секако квалитетот.Буквално без грешка.Шкртел силен и стабилен, Карагер во целост го користеше искуството кое го има во нозе.Агер неприродна позиција али за таму го имаме Аурелио кој според мене е одличен (да се врати во ритам само) и не треба да размислуваме за друг таму.Нормално по потреба може да се прават разни формации. Џонсон како и секогаш незгоден за противниците во напад, имаше и добар удар во прво полувреме, на почеток делуваше доста заспано т.е. бавно во одбрано но во второ полувреме беше солиден. Се на се беше добро им се дозволи една 100% шанса само а и секако има простор за напредок.
Е сега за главниот дел од теренот.Не ме бендисаа воопшто како играа.Немаше никаква поврзаност, немаше течност во играта, немаше кратки сигурни додавања.Тоа е работа на тренерот, да го створи тој флуид во играта, не е дека се неквалитетни играчите.Цело време се одеше по некоја случајност по некој насила добиен дуел и да се створи шанса. Ах Чаби Алонсо.Таков играч ни треба а таков нема.А и да има неможе да биде подобар од него затоа што тој беше најдобар.Во Реал не го следам многу ама какви партии пружаше само во Ливерпул... Маскерано мислам дека го кажа последниот збор во Ливерпул.Достојно изигра и мислам дека ако замине ке има простор за подобрување. Поулсен и Аква ке бидат подобри, сигурно. Ако можеби не ја нагазивме топката, Џерард и Маскерано одлично ја завршија работата во фаза на одбрана.Џерард има предизпозиции какви што никој друг играч ги нема. Се плашам само за Аквилани дали го има капацитетот што го бара неговата позиција на теренот и Премиер лигата? Останува да видиме.Џо КОл дефинитивно ке биде подобар. Милан не ми е за во прва постава.Ако гледаме реално Риера според мене е далеку подобар( Бабел да кажеме дека не го сметаме за таа позиција бидејки е премногу офанзивен не би можел да покрие назад). Бабел треба да ни биде џокерот оваа сезона а на пример со некои послаби противници и стартер.Значи кога се брка резултат, прва опција да ни е тој.Ама за тоа пак треба многу работи да се поклопат.Кајт најсигурен и незаменлив.Само уште малку да беше побрз ама ете нека биде брзината кај Кол и Јовановиќ.
Нгог постигна гол, одличен удар браво.Другиот дел од играта...Снажен е и мислам дека е прилично брз.Мора да го користи тоа.Високите топки да ги прибира сите теба.Е сеа затоа што играме со еден напаѓач тој мора постојано да бара топка да трчи да се отвара да игра со топка да подава.Нгог мора да ја подобри играта со топка.Толку натпревари одигра јас го немам видено да соработува.Се што успеваше да направи е или аут или прекршок врз него.Секогаш кога е во негов посед топката тоа значи крај на нападот за ЛИверпул.Мора повеке да игра со неа и подобро да ја контролира.
Макси тотално непотребен и според мене нема што да му понуди на Ливерпул.Лукас ни е многу потребен и ке биде добар, а за Торес нема што да се зборува, го чекаме во полн сјај за некое коло и без повреди.Ова денеска не беше тој а и неможевме да очекуваме нешто повеке.
Можност за титула секако дека има. Некои екипи можеби имаат предност и повеке шанси. Мотивацијата и духот на тимот оваа година се на потребно ниво за титула.Со јаките екипи мислам дека добро ке минеме како пред две сезони.Ама пак затоа ја немаме потребната константност и тоа стварање на шанси за со средно квалитетните екипи да излегуваме на крај. За тоа ни се потребни играчи како Бабел Кол Торес Џерард Аквилани и уште еден шпиц а Лукас Кајт Маскерано се за друга намена. Се нешто ми вели дека наредната недела ке ги решиме Сити полесно од очекувањата.Ако сакаме титула мора да извојуваме победа и тоа сигурна.Нема ништо да реши тој натпревар ама ке даде насока.