Шо е ова бе ова шо кажват дека 250 масони од цел свет ќе се сретнеле во Белград???
Прв пат по 82 години Србија ќе биде домаќин на европските масони. Околу 250 слободни ѕидари од 20 држави од Европа во петок и сабота ќе престојуваат во Белград каде што ќе се одржи конференција на Обединетите големи ложи на Европа.
Драгослав Павловиќ, голем мајстор од Големата национална ложа на Србија (ВНЛС), која е организатор на собирот, за “Блиц“ вели дека меѓу масоните ќе бидат и луѓе кои во нивните земји заземаат значајни функции, како политички, така и економски, но нивните имиња за луѓето во Србија не значат ништо. На прашањето дали некои од тие луѓе веќе доаѓале во Србија, како политичари или економисти, Павловиќ одговара дека повеќето од нив никогаш претходно не биле во земјата.
“Некои биле, но мислам дека повеќето не“, вели големиот мајстор на ВНЛС, инаку, сопственик на претпријатија во Ниш.
Тој навел дека особено е важно што доаѓаат големите мајстори од Бугарија, Романија и Шпанија, оти Србија ќе се збратими со нив.“Тоа значи дека со нив ќе потпишеме повелби за збратимување со кои ќе оствариме тесна соработка, на пример, во некои хуманитрани акции“, вели Павловиќ, кој веќе три години се наоѓа на чело на ВНЛС.
Во првиот, работен дел од собирот, ќе се сретнат меѓу 30 и 50 луѓе, додека вториот ден на вечерната прослава ќе учествуваат уште околу 200 гости.
Првиот ваков собир во Србија е одржан уште во времето кога мајстор на српската ложа бил Џорџе Вајферт. Овогодишната конференција во Србија се одржува по повод стогодишнината од основањето на Големата ложа на Кралството Србија и Високиот совет на Србија.
“Со тоа ни е укажана голема чест, особено ако се земе предвид дека нашата ложа, заедно со уште две француски, ја основаше Европската ложа.Претходно овие конференции се одржуваа претежно во Париз, но пред неколку години одлучивме секоја година да се менува локацијата на одржување на собирот“, вели Павловиќ за “Блиц“.
На собирот ќе присуствуваат големи мајстори од големите ложи на Франција, Италија, Романија, Бугарија, Русија, Унгарија, Шпанија, Чешка, Молдавија...
Оваа година е и изборна за Големата национална ложа на Србија. Драгослав Павловиќ за голем мајстор е избран на 13-ти јуни 2009 година на Годишното собрание на ВНЛС. Мандатот на големиот мајстор трае три години, па Павловиќ ќе му ја предаде должноста на својот наследник на 16-ти јуни.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 19:57 ---