РИСТО ЧОКРЕВ:“ЌЕ ВРАТИМЕ НА СЕКОЈА ПРОВОКАЦИЈА“
Во пресрет на утрешното последно коло од македонскиот ракометен плеј-оф и натпреварот кој ќе го даде името на новиот шампион на Македонија, изјава за најновиот број на “Македонски Спорт“ даде претседателот на РК Металург, Ристо Чокрев.
Изјавата ја пренесуваме во целост.
“Ние ја разбираме желбата на Вардар, оваа година, во која Металург направи најдобри резултати во Лигата на шампиони и тие некако да се покажат, да докажат дека се добар тим, односно подобар од Металург. Во ред е тоа, поддржуваме секакво спортско ривалство. Пруживме рака во Загреб и во финалето на Купот. Имавме ние наши грешки кои ги анализираме и се подготвуваме за в недела. Сакам една работа да нагласам.
Ние во финалето на Купот излеговме максимално коректни на теренот и сакавме да покажеме дека дербито не мора да се игра под тензии. Видовте што се случи, како цела екипа отиде под команда да реагира кај судиите, какви трикови и притисоци користеа и сл. “Во ред е“, нема да се жалиме, ќе си ги бараме грешките кај нас.
Сега максимално сме подготвени да му се спротиставиме на Вардар в недела. Ова го велам во буквален смисол. Ние ќе излеземе одново како во Купот, подготвени спортски да се надигруваме. Но, ако Вардар не не почитува, нема ниту ние него. Ќе вратиме на секоја провокација, нема да се повлечеме ниту милиметар и нема да толерираме повеќе никакви притисоци и циркузи на терен. Ако прават притисоци врз судииите, ќе правиме и ние, се што ќе прават тие и ние ќе правиме. Не сакам ова да биде сфатено како закана. Ние одиме без однапред направени планови како цела екипа треба да реагира ако не им се допаѓа судиска одлука, како да реагираме кон записничката маса и сл. Одиме да се надигруваме, но ако противникот почне да игра поинаку, така ќе играме и ние“, изјави претседателот на Металург, Ристо Чокрев.
http://www.rkmetalurg.mk/storija/2289
хахаха што убаво ќе биде Металург да изгуби 10 разлика па да видиме што ќе мислат