Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.

Истражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени. На учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.

Истражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:
„Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“

- Темава незнам дали е за Философија и психологија, може да ја преместите.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Па фала богу :) дека е така. Не значи дека можам да бидам лош ако живеам во таква околина... :) све си е до гените и караткерот :D
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Што сакаат нека истражуваат, комбинација е од двете. Не можам да знам кој игра поголема улога но јас лично за мене знам дека откако се запишав во средно и запознав една личност, карактерот ми се смени 215.6 степени(амди итн).
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Затоа што статијава е голема глупост. Незнам од кај е преземена а и да навистина некои си самонаречени "научници" да си истражувале, нивниот заклучот е глупост.

Прво - социјални способности, ако гледам по себе и моите родители, дивтари не видени, воопшто не се дружељубливи ниту имаат некое друштво, ниту многу се замараат со луѓе.. А јас сум сосема спротивното.
Имам повеќе друштва и со сите стојам добро имам развиено почит и ги почитувам другите.

Способност за учење... моите одвај средно завршиле јас на електро сум.

ај ок тоа не се ни некои аргументи НО цитирам "воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме" o_O Ма немој да ме јебеш бре, треба ептен да немаш размислување за да ја прифатиш оваа констатација.

Ај пак ќе повторам .. воспитувањето скоро и нема никаква улога, воспитувањето скоро и нема никаква улога , воспитувањето скоро и нема никаква улога , воспитувањето скоро и нема никаква улога ... воспитувањето скоро и нема никаква улога... у здрав памет ме ебат овие така ? Или пази ова .. карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме. Цел живот го градам карактерот и тие ми велат дека ваков сум се родил. Сум бил порано срамежлив сега немам ни С од срамежливост, порано бев пичка за тепање, сега стојам доминантно и исправено пред непријателот. Зошто ? Затоа што се развивам со текот на времето, се менувам, сфаќам, а развивањето ми зависи од околината и воспитувањето.

немам потреба за да го објаснувам тоа доволно е само да размислите со главите.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Сите што не се согласувате:

Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста.
Прочитајте добро не избрзувајте. Ако живееш во гето ќе бидеш гангстер, ако си одгледан од примерна фамилија ќе бидеш воспитан и фин, али наведените работи во студијава не се мењаат и секогаш ќе бидат исти без разлика во каква околина си растен. Пример за тоа се деца кои се одгледани од иста фамилија од исти родители, под исти околности, а се дијаметрално различни во карактер.
 
B

Black Guard

Гостин

Agree.

Кој го негира општествениот фактор и тоа дека ќе се случува осамен ако нема другари,женсакаај немора женска ради ЕМО ризикот бар мувачица или факбади,не испаѓа,само така му мине животот како був на грани а е среќен-сигурно е од екстази-не од гените.

Има испитувања кои траеле над 3 декади и кај близнаци исто така каде истите биле разделени под различни услови растеле,околина,образование и биле различни иако делат ист ген.
 
Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Затоа што статијава е голема глупост. Незнам од кај е преземена а и да навистина некои си самонаречени "научници" да си истражувале, нивниот заклучот е глупост.

Прво - социјални способности, ако гледам по себе и моите родители, дивтари не видени, воопшто не се дружељубливи ниту имаат некое друштво, ниту многу се замараат со луѓе.. А јас сум сосема спротивното.
Имам повеќе друштва и со сите стојам добро имам развиено почит и ги почитувам другите.

Способност за учење... моите одвај средно завршиле јас на електро сум.

ај ок тоа не се ни некои аргументи НО цитирам "воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме" o_O Ма немој да ме јебеш бре, треба ептен да немаш размислување за да ја прифатиш оваа констатација.

Ај пак ќе повторам .. воспитувањето скоро и нема никаква улога, воспитувањето скоро и нема никаква улога , воспитувањето скоро и нема никаква улога , воспитувањето скоро и нема никаква улога ... воспитувањето скоро и нема никаква улога... у здрав памет ме ебат овие така ? Или пази ова .. карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме. Цел живот го градам карактерот и тие ми велат дека ваков сум се родил. Сум бил порано срамежлив сега немам ни С од срамежливост, порано бев пичка за тепање, сега стојам доминантно и исправено пред непријателот. Зошто ? Затоа што се развивам со текот на времето, се менувам, сфаќам, а развивањето ми зависи од околината и воспитувањето.

немам потреба за да го објаснувам тоа доволно е само да размислите со главите.

Mислиш дека твоите коишто одвај завршиле средно, одвај завршиле бидејќи немаат способност за учење?
Мислиш дека тоа што си на електро, е еквивалентно дека имаш способност за учење?

И јас сум на технички факултет, ама сум поприлично мрзлив човек којшто го тера факултетот со способност да се концентрира на книга во оние моменти коишто ги викаме 5 за 12, пред колоквиуми испити. И свесен сум дека сум поприлично потфрлам во одговорноста да ги извршувам обврските на време.

Така да, тие аргументи со незавршеното средно на твоите, и ти како запишен електраш немаат преголема врска со твојата способност за учење.

Инаку, ни јас не се сложувам со статијата. Веројатно од причина што ми е апсурдно да мојот карактер бил ист и предодреден на 5 годишна возраст, кога јас сум подлежал на големи измени во скоро секоја област и гледиште од животот. Или можеби тоа збори дека јас имам попустлив, лековерен карактер со лесно прилагодување кон промени уште од моја најрана возраст?

Сепак, не.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Што ке се случило со нас светот да бил без војни без страдања , нервози , стресови ...се тоа влијаело врз генетиката на луѓето затоа сне ние денес вакви никакви ..:вонзем:
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Пример: jaс и сестра ми сме одгледани од исти мајка и татко, во исти услови, во иста околина. Нејзиниот карактер е многу поразличен од мојот. Како го објаснувате ова? Како е можно да ги занемарувате гените, кога тие се единственото нешто што го одредува нашиот карактер!?
Па не ми е јасно што трошеле уопште време да праат студии за да докажат работи кои веќе ги знаеме :facepalm:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.

Истражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени. На учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.

Истражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:
„Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“
- Темава незнам дали е за Философија и психологија, може да ја преместите.
Свесен си дека уште 18/19 век оваа теорија е побиена ? Дека уствари имало луѓе кој што направиле и експеримент на ова поле,или тоа мање више ти се виде интерсна статијава, изгледаше ПАМЕТНО и ја закачи.
Често пати се прашувам зошто е потребата од пишување на вакви статии,некој новинар или некој што изиграва новинар. Прочитал нешто некаде,разбрал нешто повеќе не разбрал и оп пиши нешто вакво. Ама ај да напише за нешто што ете не е потврдено нешто за кое што може да се дебатира,ама за проверени работи и тоа научно докажани и со експерименти,неможам да сватам.
Со добивањето на пристап на интернет нема веќе кој не е научник и стручњак за се и сешто.
 
С

Само Човек

Гостин
Генетика, омилена тема. Гените се само напуњен пиштол ништо повеќе. Пример, татко ти е пијаница, ти и твојот разум одлучувате дали ќе бидеш пијаница.И за наклоност кон болести исто се напуњен пиштол. Карактер хел но. За карактерот гените се празен пиштол. ДОКАЗ дека карактерот не е во гените е тоа што карактерот се МЕЊА. А да и се гради карактер не се раѓаш со карактер.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Генетика, омилена тема. Гените се само напуњен пиштол ништо повеќе. Пример, татко ти е пијаница, ти и твојот разум одлучувате дали ќе бидеш пијаница.И за наклоност кон болести исто се напуњен пиштол. Карактер хел но. За карактерот гените се празен пиштол. ДОКАЗ дека карактерот не е во гените е тоа што карактерот се МЕЊА. А да и се гради карактер не се раѓаш со карактер.
Ти само мислиш дека се мења, а уствари клучните делови од карактерот кои се наведени во статијата се врежани и остануваат засекогаш исти, ама никој тоа овде не го сфаќа!!
 
кои делови, наведи 3
 
Kajgana Shop

На врв Bottom