Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Генетиката е основен матрикс - лепеза, како ќе се искористи зависи од околностите на одгледувањето и воспитувањето....Ако ги немаш основните бои во лепезата, прави што сакаш композитор нема да направиш и обратно може да имаш виножито на располагање и пак да направиш трол...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Па тоа е јасно самоубицата се раѓа како таков... се раѓаат карактери темпераменти - околината може да помогне и одмогне зависно да ли била благонаклонета кон нас, но како што рекол Хераклит - Карактерот е судбина на човекот... и човек се раѓа како ваков или таков, има потенцијал да се промени но дур дојде моментот на актуализација. Гените се пресудни и за траењето на животот, за склоноста кон оваа или онаа болест.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Па нормално дека е така, не за џабе се рекло крушката секогаш под крушка си паѓа ............... многу работи се наследни, како што е наследен изгледот на пр. висина, дебелина, тен, коса, очи, здравјето(одредени болести) и.т.н. исто така е наследен и карактерот, точно е тоа дека и средината во која поединецот живее, работи, се движи... игра огромна улога во изградувањето на карактерот, но сепак гените се пресудни !
Точно е тоа дека постојат и исклучоци ............ катастрофа родители, а децата се ОК или пак ОК родители, а децата се катастрофа ............ ама сепак во повеќето случаи какви се родителите, такви се и децата, точно е тоа дека и воспитанието домашно игра голема улога, но сепак и генетскиот фактор е доста битен !
Имам чуено дека вредноќата, трудољубивоста, интелектот и.т.н. како и домаќинлукот/штедливоста биле наследни особени(пред се генетски) колку е тоа вистина ?!
Имам чуено дека и мрзливоста, агресивноста, расипништвото/прекумерното трошење, желбата за фалење и покажување, како и склоноста кон некои пороци и девијации: алкохол, коцка, дрога, швалерај/ку*вање, проституција, криминали и.т.н. биле исто така донекаде и наследни(генетски фактор) колку е вистина ?!
Дури и осетот и способноста за водење на бизнис бил наследен ?!
 
A

AnFem

Гостин
Не се согласувам! Не мора да одам подалеку, ќе тргнам од мене, мојот карактер нема ништо општо со карактерите на моите роднини... Освен ако не е инаетот наследен... Околностите во кои што сум живеела, ме направиле она што сум и ми влијаеле во оформувањето на карактерот.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Не сум стручњак за оваа тема,но гледајќи примерите околу мене ми дават за право да кажам дека генот е клучен,но но и генот е виновен колку човек може да биде променлив спрема околината.
 
С

Само Човек

Гостин
Да ама ќе беше попаметен од неговите соплеменици со таа негова основна карактерна црта, што и оваа статија уствари сака да го каже
хах, КОЕФ. НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА не е наследен пријателе. Се раѓаш со онаа човечка интелегенција или апстракно размислување, е потоа колку ќе ти се развие мозок зависи од, поднебјето, исхраната на мајката додека е бремена, раното детсто.
--- надополнето: 26 мај 2012 во 12:46 ---
Па нормално дека е така, не за џабе се рекло крушката секогаш под крушка си паѓа ............... многу работи се наследни, како што е наследен изгледот на пр. висина, дебелина, тен, коса, очи, здравјето(одредени болести) и.т.н. исто така е наследен и карактерот, точно е тоа дека и средината во која поединецот живее, работи, се движи... игра огромна улога во изградувањето на карактерот, но сепак гените се пресудни !
Точно е тоа дека постојат и исклучоци ............ катастрофа родители, а децата се ОК или пак ОК родители, а децата се катастрофа ............ ама сепак во повеќето случаи какви се родителите, такви се и децата, точно е тоа дека и воспитанието домашно игра голема улога, но сепак и генетскиот фактор е доста битен !
Имам чуено дека вредноќата, трудољубивоста, интелектот и.т.н. како и домаќинлукот/штедливоста биле наследни особени(пред се генетски) колку е тоа вистина ?!
Имам чуено дека и мрзливоста, агресивноста, расипништвото/прекумерното трошење, желбата за фалење и покажување, како и склоноста кон некои пороци и девијации: алкохол, коцка, дрога, швалерај/ку*вање, проституција, криминали и.т.н. биле исто така донекаде и наследни(генетски фактор) колку е вистина ?!
Дури и осетот и способноста за водење на бизнис бил наследен ?!
нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција се наследува, значи наследно е да ,но Разумот не е наследен, така што џабе таткото дал наклонетост кон алкохол кога ти со разум и воспитување го правиш неактивен тој ген, т.е. не се лачи тој и тој хормон
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
хах, КОЕФ. НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА не е наследен пријателе. Се раѓаш со онаа човечка интелегенција или апстракно размислување, е потоа колку ќе ти се развие мозок зависи од, поднебјето, исхраната на мајката додека е бремена, раното детсто.
--- надополнето: 26 мај 2012 во 12:46 ---

нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција се наследува, значи наследно е да ,но Разумот не е наследен, така што џабе таткото дал наклонетост кон алкохол кога ти со разум и воспитување го правиш неактивен тој ген, т.е. не се лачи тој и тој хормон
Всушност, истражувања на оваа тема (http://cdp.sagepub.com/content/13/4/148) имаат покажано дека многу е веројатно да на основа на генотип луѓето се вметнуваат во општества со фактори слични на карактеристиките на нивниот генотип.
Постојат генетски предиспозиции кои наведуваат да се посегне кон алкохолизам но тоа тешко дека може да се превентира целосно само со воспитување.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
хах, КОЕФ. НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА не е наследен пријателе. Се раѓаш со онаа човечка интелегенција или апстракно размислување, е потоа колку ќе ти се развие мозок зависи од, поднебјето, исхраната на мајката додека е бремена, раното детсто.
--- надополнето: 26 мај 2012 во 12:46 ---

нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција се наследува, значи наследно е да ,но Разумот не е наследен, така што џабе таткото дал наклонетост кон алкохол кога ти со разум и воспитување го правиш неактивен тој ген, т.е. не се лачи тој и тој хормон
ОК ќе одам со цитати за да разбереш.

Ти прво кажа, цитирам:

при поволни услови интелегенцијата расте и се развива до одредена граница. .
Значи он како наследна особина, наследен ген, ќе има подобра способност за учење од останатите, а со тоа и неговата интелегенција ќе се развие на повисоко ниво (граница) од останатите кои го немаат тој ген, без разлика за каква околина и опкружување станува збор. Значи со самото тоа основата на неговиот карактер е детерминирана од генот.

Потоа:

нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција се наследува, значи наследно е да ,но Разумот не е наследен, така што џабе таткото дал наклонетост кон алкохол кога ти со разум и воспитување го правиш неактивен тој ген, т.е. не се лачи тој и тој хормон
Не постои таков ген како наклонетост кон алкохол, но постои ген кој влијае на способноста за самоконтрола, што, и по стоти пат ќе кажам, е наведен во статијата. Значи ако го наследиш тој ген, и ќе имаш проблеми со самоконтролата и нормално ќе можеш да го потиснеш или прикриеш, меѓутоа тој ген ќе биде секогаш во тебе и во даден момент во животот ќе исплива на површина. Затоа некои луѓе кога ќе се соочат со проблеми во животот се пропиваат, се дебелеат, паѓаат во депресии итн., без разлика како се одраснати, едноставно се склони на тоа. НАСЛЕДНО!
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Факт е дека многу работи се наследни, не зборам само за надв.физички изглед(конституција, дебелина, висина, тен, очи, коса и.т.н.) туку и за внатрешната градба на ткивата и органите, како што кажа еден член претходно: нервен систем, ендокрин систем и.т.н. потоа исто така и многу болести се наследни(дијабетес, притисок, канцер, многу психички растројства и.т.н.) А што се однесува до карактерот, тука улога игра и наследниот фактор(склоностите кон одредени позитивни или негативни работи), но и средината во која поединецот живее, работи, се движи, семејното/домашното воспитување, лицата со кои комуницира...не за џабе се рекло с’ким си такав си, значи и околината ите-како има свое влијание во изградувањето на карактерот кај една индивидуа, не е исто на пр. човек порастен во цивилизиран свет со телевизија, компјутер, образование... да биде ист со исти сфаќања и начин на живот како некој што на пр. е порастен далеку од цивилизацијата и не видел во животот ниту книга, ниту писмо, ниту пак ТВ и ПЦ ........... значи сепак средината ите-како игра голема улога, а и од самото семејство т.е. од домашната атмосфера и воспитување зависат многу работи во оформувањето на карактерот кај една личност(детето) .............. ама сепак и од самиот човек(детето) си зависи, зависи што ќе прифати, а што не ..... на пр. јас и сестра ми немаме ама баш ништо заедничко, тотално сме различни, не толку физички, туку пред се психички/карактерно сме ептен различни, а па ако се споредам пак со братучедите(први) со нив па имам уште поголеми разлики во карактерот отколку со сестра ми и.т.н. !
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Па гените секако дека се пресудни, но неможе да се каже дека општествената средина не игра важна улога во градењето на карактерот. Искуството во животот игра (според мене) најважна улога во креирањето на карактерот. Тоа дека на пример сестра или брат функционира многу различно од вас е заради тоа што нејзиниото / неговото искуство не е исто со вашето, се разбира креирањето на карактерот е малце покомплексна работа од тоа да се каже „само гените се важни“ или „само искуството и средината се важни“ многу мали случки низ животот можат да влијаат врз креирањето на карактер на единката. Јас лично сум многу различен карактерно од сите во семејството, (и од комшијата за шегаџиите:):))
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Мислам дека од овој документарец може лесно да се
сфати дека гените не се пресуден фактор и во најголем процент се безначајни.
Без разлика дали сте доктор професор или чистач ќе
ви се расчисти илузијата за генетско однесувае или генетски болести, која ни се сервисира и со која се перат нашите умови.

http://www.youtube.com/watch?v=5smnJoGXl_k
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
За жал не, гените секако на оваа вага се потешки но за жал без "социјалиниот" момент немаме една комплетна индивидуа бе разлика каква е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom