Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно ми го пуштија новиот пакет, со лимит од 300 гига и веќе сега е вратена брзината :D

Штета што немам оптик, да имав оптик одма ќе си земав 3 Max Optic Start... пакетот е 1800 денари на 2 години договор.

50 mbps - download
50 mbps - upload
600 GB limit

Плус 2-3 HD канали што ги нема во основниот 3 Max Start пакет :)
 
како да активирам титл за каналите каде што има ?!
 
А2 има на 3 МАХ ?
--- надополнето: 25 мај 2012 во 02:20 ---
Оди кај Теlephony devices и стисни printscreen, пастирај ја сликата на: http://snag.gy, и дај ни линк.
Фала многу,работи телефонот.
 
А2 има на 3 МАХ ?

Да, под реден број 6.

2wom0ed.jpg
 
Вака сеа телефонот ми беше приклучен преку сплитер ( И се си работеше едно 3 години така и од пред 1 недела не сакасе да работи) дојдоа тие и викаат дека требало преку рутер да оди телефонот и од таму си работи се нормално. И сеа прашањето ми е како до сеа работел преку сплитер телефонот а сеа не може ако имал некој друг ваковпроблем нека каже? Фала многу
 
Доколку си бил на старите линксус модеми за интернет да .. ама доколку си на speedport нема шанса да ти работел телефонот преку сплитер !!!
 
Доколку си бил на старите линксус модеми за интернет да .. ама доколку си на speedport нема шанса да ти работел телефонот преку сплитер !!!

ти пишува дека му работел, ти тврдиш спротивното,
еве и јас да кажам кога бев на адсл и спеедпорт исто и мене телефонот ми работеше преку сплитерот, незнам што тука е нејасно ?
--- надополнето: 25 мај 2012 во 21:23 ---
Вака сеа телефонот ми беше приклучен преку сплитер ( И се си работеше едно 3 години така и од пред 1 недела не сакасе да работи) дојдоа тие и викаат дека требало преку рутер да оди телефонот и од таму си работи се нормално. И сеа прашањето ми е како до сеа работел преку сплитер телефонот а сеа не може ако имал некој друг ваковпроблем нека каже? Фала многу

тоа е сега сигурно по мене заради новата дигитална централа или што било, пошто и мене на телефонот му наместија спеедпорт, и сеа ако снема струја стапот телефонот нема да работи, како што работеше предтоа.
 
ти пишува дека му работел, ти тврдиш спротивното
Реков доколку бил на линксус да му реаботел , а доколку се префрлил на speedport нека не очекува да му работи зашто е невозможно да работи !!!
 
Реков доколку бил на линксус да му реаботел , а доколку се префрлил на speedport нека не очекува да му работи зашто е невозможно да работи !!!

еве јас ти пишав погоре, додека бев на адсл и спеедпорт, мене ми работеше телефонот преку сплитер, без никаков проблем.
 
телеком ги менува „старите“ дигитални централи со интернет телефонија. затоа кај некои престанува да работи телефонот преку сплитер па мора во рутер да се уклучи. они одат по некој ред, плус ако ти рикне старата оперема ти даваат спидпорт и те шалтаат на internet telephony. план им е цела мкд да има само интернет телефонија и сите да имаат вакви рутери. и оние што не сакаат интернет.
да, кога нема струја нема ни телефон. од друга страна кај мене скоро никогаш не снемува струја, а ионака немам обичен жичан телефон. ја 20 години немам телефон кога немам струја...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom