Друже, какви 50 милиони, кога тимот е дојден до тоа да се ценка за милинон евра?!
Ние како фанови треба да си се навикнеме на тоа што следи, фралење пари нема да име. Какво фрлање, не знам дали и пристојно вложување може да очекуваме. Галијани пратил понуда до Ливерпул да му го дадат Аквилани за џабе, немале да му плаќаат двете следни сезони плата и така демек сите задоволни.

Ибра има уште колку од договорот, не знам, но две години сигурно. Сега треба да ни дојде Сити, и по таа логика да бара 16 милиони помалку од тоа што вреди Ибра, затоа што тие пари Милан би требало за плата да му ги даде. Ако ги пресметаат и големите даноци што ги плаќа Милан во Италија, може и за џабе да го побараат. Добро, Аквилани нема кој да го купи, па може и да го добие Милан, но односот на клубот кажува се. Читам и Ибрахимовиќ изјавил дека клубот нема пари. Погоре пишува десен бек сме испуштиле. Ние лево не можеме да се закрпиме, а не па десно да инвестираат. Ги има Абате и Шиљо, и тоа не изгледа тоа лошо. Какви црни 6 милиона, за позоција каде веќе има два играча што не се дупки?!
А трансфери најверојатно ќе се околу 10 милиони, како Стротман и Сахин, такво нешто ако се договори. Поголем трансфер само доколку продаде клубот нешто или се деси некое чудо.
Ова со Робињо нека успее, да влетаат некаде околу 18 милиони пуна капа од него, тогаш може и ке има трансфер поголем од 20 милиони.
Криза е, посебно во фудбалот во Италија (не се инвестира), Кајмакчалан ги наведе решенијата, според нешто штуро што читаме по нет, тоа се сценаријата кои и клубот ги разгледува. Најбрз начин да се дојде до свежи пари е отварање на клубот за разни инвестициски групи, најчесто се од источните земји. Тоа не звучи лошо, но Берлускони клубот си го смета за негов и не сака да го дели, не знам што може да се очекува. Може на крај и тоа фер-плеј правило да ни се погоди, бар да се надеваме и ние на него како фановите на Интер.
Се посветија на работа со млади категории, но тоа не носи инстант успех, треба да се надеваме дека ќе се потрефи некој од тие за по 100 евра што ги земаат.
П.С. Изгледа донеле нов доктор во Миланело.