Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Абе ај на шо личе тва, го отпуштија Далглиш за да го донесат Мартинез, да донесат позвучно име ќе го преболев заминувањето на Кени ама сега со тва дрво црно ни се пише :mad:.
 
Ова ми е 7-ма година како активно навивам за Ливерпул ! :)
Еден убав ден за одбележување .... :) 25 мај 2005 почнав да навивам за Ливерпул уште се сеќавам на тоа неверојатно финале !! :)
 
Кога веќе спомнавме, јас за Ливерпул навивам од 4 Март 2000 година. Гледав еден натпревар помеѓу гејчестер и Ливерпул. Не знам колку беше резултатот во моментот кога одлучив дека ќе го бодрам овој тим, само знам дека заврши 1-1. По тој натпревар се повеќе почнав да го гледам Ливерпул и едноставно се вклопив со него :) Подоцна на нет најдов информации за натпреварот:

http://www.aboutmanutd.com/man-u-matches/04-03-2000-liverpool.html

:)
 
Јас сум помеѓу вас двајца како шо пишав пред месец ипол :P.
 
Чисто информативно и јас да си кажам дека јас не навивам за Ливерпул. Јас сум роден со Ливерпул, мене ми е како дел од семејството. 2005 бев длабоко навлезен во Ливерпул, на полувреме плачев, на крајот за малце срцето ќе ме удреше, едвај преживеав :D
Зато ме боли шо американците ди играт со клубот како сакат, сменавме 100 тренери, уште малце Џерард ќе се пензионира без титула во Премиер Лигата. Греота е за таков играч.
 
За оние кои имаат желба да го гледаат Суарез како му ги крши кичмите, а успат и да го ѕирнат можниот нов играч....

Русија - Уругвај 18:45 часот на Спорт Клуб +
Мислиш на Рамирез? :D
--- надополнето: 25 мај 2012 во 14:35 ---
розо незнаеш да сликаш :P
Толку можев :P
 
Уште се сеќавам , 3-0 губеа Ливерпул и си викам : "па кој к*р , немора да освојат за да ми бидат омилени " ... љубов на прв поглед :love:
 
Јас уште се ежам кога го гледам финалево :)
Инаку Мартинез е блиску до клупата на Ливерпул,одржале вчера состанок со Хенри, а треба да одржат уште 1 состанок до вторник така да не очекувајте назначување на нов менаџер барем до тогаш, а изгледа АВБ ја зафркнал работата на состанокот..иако Мартинез ми беше последна желба сепак нема одма да го критикувам ако биде назначен за менаџер и кој да го назначат за менаџер мене ќе ми биде драго, иако незнам колку е Мартинез човекот за оваа работа, сепак и тој има свои квалитети и ја заслужува подршката од секој навивач на Ливерпул
 
Епа момци со среќа нека ни е Мартинез. Изгледа печен е веќе за кај нас. Останува да се договорат уште околу деталите за како ќе се раководат трансферите во клубот, па ако све помине во најдобар ред, ќе си го добиеме новиот менаџер. А за тоа што е, каков е и дали заслужува да биде менаџер на Ливерпул ќе дискутираме откако официјално ќе биде потврдено и од клубот.
 
АВБ ја има усерено и те како работата. Наводно со агентот отишол на состанок :facepalm: Со агентот бе еј со агентот :facepalm::facepalm: А и го има фатено страв дека ван Гал ќе биди ДОФ. Уште стојам на тоа дека проблеми ќе имаме со промашениов. Сепак има некаква ебачка фаца па ако правилно го насочиме ќе го биди. Мартинез е печен и те како само прво ќе разговарале со уште двајца други. Еве сега Гвардиола има некаква изјава дека можел уште ова лето да прземи клуб но прво да се одмори месец или два. Ние тоа време го немаме така да...........велкам дон Роберто
 
Место да одиме напред како шо е целта ние се враќаме неколку чекори назад. Стигнавме до ниво менаџерот да ни биде бивш менаџер на Виган и неговио најголем успех е опстанок у ПЛ :facepalm:. Не можам да се помирам со тва.
 
^^^ Ич да не се секираш. В година ќе ни биди исто како титула да сме освојле, цел стадион ќе слези на терен во последното коло ко ќе избориме опстанок.
 
Не ми изгледа како многу тачна слика. Не верувам дека наместо да седнат на убав разговор и интервју во нечија канцеларија или можеби луксузна јахта, тие лабаво со кафица би се шетале по улички во Мајами. Може е вистинска, а може е само напраена со фотошоп за да ги исфорсира гласините.
А можи досега го имале завршено интервјуто па Хенри му рекол да те честам едно кафе, ама да знајш парите од кафево ќе ти ги одбијам во трансфер-буџетот за на лето :D :D
 
А можи досега го имале завршено интервјуто па Хенри му рекол да те честам едно кафе, ама да знајш парите од кафево ќе ти ги одбијам во трансфер-буџетот за на лето :D :D

:pos:
Абе оти да не можи да прошетаат? Имаат одржано состанок едно 3 саати. Ова веројатно е кога се релаксирале по состанокот. Мислам дека дон Роберто отишол во Мајами со жена му. А на сликата се сами газда Хенри и донов. Да можат на раат да си муабетат - " еј газда, абе види ја онаа рибата каков газ има моуу " и слични муабети.
Туку дајте бе слика од жена му да видиме каква е. Да знајме шо да пцуеме :D
Очекувам да е некоја ваква

images
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom