Господ не е насилник, несака робови.
Што мислиш зошто се вознесе на Спасовден? Тука е одговорот.
А се разбира дека имаш природно откровение, ако така сакаш да се запознаеш со Него.
Господ не е насилник? Во тој случај ти не си верник. Барем не христијански, бидејќи колку што јас знам, да бидеш верник на една религија значи да ја следиш нејзината доктрина.
Тој твој ненасилен бог беше извор на уништувањето на два града, Содома и Гомора. Да, таму биле силеџии и криминалци ќе ми речеш сега. Навистина? Децата и бебињата од тие градови беа исто така силеџии и криминалци?
Твојот ненасилен бог ги уби сите новородени во Египет.
Тој мирољубив бог беше причина за крстоносните војни, за палењето на вештерките а денес е извор на омраза и меѓурелигиски војни. Како што гледам во домот на тој твој пацифистички бог (Израел) не растат баш ружи.
Затоа те молам, ако веќе сакаш некого да нахраниш со такви лајненици, барем направи ги да изгледаат малку веродостојно.
Претпоставувам дека мене ми се обраќаш со постов.
Јас не се сметам себе си за ничиј претставник, ниту пак верник каков што ти го замислуваш, ниту пак атеист во строга дефиниција на тој поим.
Едноставно се стремам да бидем разумен, и кон се да оставам простор за резерва.
Прво ти велиш дека си атеист, и јас би те прашал ВО ШТО ТИ НЕ ВЕРУВАШ?ВО каков Господ ти не веруваш?
Остај тие глупости и паралели со банка. Смешни се, веруј ми.
Згора на тоа имаш еден куп математички методи да го докажеш НЕПОСТОЕЊЕТО на нешто.Си бегал од часови, изгледа и ти.
Нема везе, не ми беше тоа поентата., туку следново: Истиве твои прашања се многу пати наназад расправани, дискутирани и никогаш не се дошло до приближување на ставовите.
Ме интересира како го здоби тој цврст став дека не постои Господ, или било каков ентитет ако и самиот не знаеш за што станува збор.
Дали твојот став е само втемелен на аргументирани контрадикции на црковниот став?
Ај тебе ќе ти пишувам пополека оти гледам дека не знаеш брзо да читаш...
1. Разумот и религијата се поврзани колку што е поврзано магарето и музиката. Знаев дека слабо стоиш со логика ама брат, изненадуваш сега...
2. Дискутираш со атеист а не знаеш ни што е атеизмот па еве да ти објаснам. Атеистите не веруваат во натприродни сили и суштества, што значи ние немаме богови.
3. Ако се вратиш наназад неколку страни ќе видиш листа на 3 сценарија кои ги користат верниците кога ќе се најдат во небрано. Пронајди се себеси, нема да те етикетирам. Аналогијата со банката е совршено валидна но бидејќи немаш излез, ќе ја дискредитираш. Класика.
4. Математички господ и не постои, се дур не се докаже спротивното. Ах пак таа логика, проклета да е...
5. Истиве прашања се расправани и ниту еднаш религијата не успеала да достави доказ. Ти кажува тоа нешто околу факторот на веродостојност?
6. Не видов доказ за да верувам во неговото постоење. Пример, кога идам накај ѕид ќе се мавнам во него и знам дека е тука. Кога ќе затнам нос и уста, не можам да дишам и знам дека воздухот постои.
7. Мојот став е таков поради многу фактори, но да - контрадикциите е еден од факторите. Кога некој вика едно а подоцна ќе се открие дека не е така, тоа обично се вика ЛАГА. А кога некој ќе ме излаже 2-3 пати, обично според логиката (оф мајко!) веќе нема баш да му верувам многу.