Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Ма не бе неверувам овде до прашање да е Алфа статусот,да го има моето куче алфа статусот не би ме слушало кога ќе му речам седни стани донеси дојди т.е не би се потчинувало.Кога му речам нешто веднаш прави кога му се скарам веднаш наведнува опаш и уши и се повлекува и после се мази знае дека сум му надреден а тоа е подредено.Ама храната човече .....
Нешто како ова само недај боже да му се приближиш толку,знам дкеа несака да ме касне ама многу е изреволтирано кога се работи за храна ...
 
Јеп,ампула после 2 месеца,така ми кажаа кога купував за мојата во автокоманда.Ако имате мало кутре,а сакате да го исчистите од надворешни паразитит:крлежи,вошки,болви...лекот е Neostomosan ампула.200 денари е се раствара во литро вода,се бања цело куче само се пази да не се лиже и да се пази на очите,и после крлежите се сушат и паѓаат.
Убаво е што има идни ветеринари на форумов(y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Цезар, 5 месеци :)
352fy10.jpg
 
Цезар, 5 месеци :)
352fy10.jpg
Немој да ти текнало да му ги сечеш ушите... прекрасен е вака, преубаво си ги држи...
Едноставно им ја обожавам оваа хепи фејс насмевка на лепотаниве...
 
Цезар, 5 месеци :)
352fy10.jpg
Многу пораснал, последен пат кога го видов беше бебче :) многу е убав, а и увцињата убаво ги држи ... нема потреба од купирање.

Го купуваш со сечен опаш, а ушите на твој рачун. Ти можеш да го купиш и со сечени уши, ама ќе те чини многу поскапо.
Ретко кој купува куче со купирани уши, бидејќи ушите се купираат околу 2,5 / 3 месечна возраст, а кутрињата обично се земаат од 1,5 до 2 месечна возраст ... такада во 90% од случаите сопствениците си ги плаќаат трошоците за купирање на уши, а не одгледувачите :)

Lu со сечени опавчиња и уши се продаваат или ти на свој рачун треба да го правиш ова?
Со купирани опавчиња се продаваат, опавчињата се купираат на 1 неделна возраст.
А увцињата се купираат на околу 3 месечна возраст, јас ќе ги купирам и јас си го плаќам купирањето.

Доберман си е Доберман. Куче кое зрачи со енергија, позитивност и харизма, а воедно и стравопочит кон расата, воедно куче на кое ќе гледаш со восхит!

Потпишувам (y)
 
Купирањето е веќе забрането со закон, ветеринарите кои прават хирушки зафати за естетски изглед по правило им се одзема лиценцата за работа.
Колку и да не функционираат закониве за 3-4 години, сите кучиња ќе се какви што ќе се родат, зошто и така се поубави! ;)
 
Купирањето е веќе забрането со закон, ветеринарите кои прават хирушки зафати за естетски изглед по правило им се одзема лиценцата за работа.
Колку и да не функционираат закониве за 3-4 години, сите кучиња ќе се какви што ќе се родат, зошто и така се поубави! ;)
Што знам,мене би ми било чудно да видам доберман со не купирани уши или ротвајлер без купиран опаш.
 
сите кучиња ќе се какви што ќе се родат, зошто и така се поубави!;)

Па не би рекла ...

dex.17.04.05-.k.jpg


European_Dobermann.jpg


А колку отприлика чини купирање и на опаш (освен ако не си го купиш купирано) и на уши?

Купирање на уши кај Доберман кошта 50 евра.

Што знам,мене би ми било чудно да видам доберман со не купирани уши или ротвајлер без купиран опаш.

Ротвајлерот е ОК и без купиран опаш.
Али Доберман без купирани уши, не е веќе Доберман ... едноставно го нема тој елегантен и опасен изглед...
 
Lu Абе во ред си е,ама мене некако би ми било,онака чудно бидејќи сум навикнат да ги гледам без опаш.
Инаку,ме интересира дали смее да се изнесува куче на изложба со купирани уши/опаш?
 
Луѓе ајде еден совет...
Овде у маало во еден запустен подрум родила една пекинејзерка мислам сега не е пекинејзерка туку мешавинка од пекинејзер ама многу мала и влакнеста дури и по убава скитник е кучката и е многу подивена.Родила 2 прекрасни кученца едното е кафеавко со сплескано муце како персиска мачка а другото е црно али мнооогу влакнесто како персиска мачка и сега на план сум да си земам едно од нив.Јас ги проверив машки се и двете едното го зедов за да го сликам и го вратив и плус ми треба за у двор да си го чувам и тие изгледа се 3 недели прогледнати се се поткреваат на нозе и квичат ама уште не се целосно така да уште 10 тина дена ќе почекам.на кучката секој ден и оставам јадење од ручек што останува и од моето што не јаде оти ако аромата од Ројал Канин му истуфенее не ги јаде...
Е сега сакам да знам кога го земам може ли веднаш да го избањам?? затоа што во песок се тие и се многу валкани или мало е за бањање сеуште ?? И дали смеам да му купам апмула протектор или фронтлајн и да му ја ставам иако е толку младо??
И секако ќе почекам уште еден месец или можам веднаш да го вакцинирам за да го лишам од вируси иако мсилам дека бидејќи е скитник има стекнато имунитет но сепак ќе си го вакцинирам! ете гo на слика :
Прегледај го приврзокот 43633
Луѓе шо да праам со кученцево,веќе се разбижукаа навака натака може и кола да ги згази и да ги изедат други кучиња ...ќе го земам па шо биде нека биде!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom