Најстрашната дрога на светот

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Видеото трае 35 минути ама ептен го препорачувам.
Супстанцата се вика скополамин, а потекнува од растението Бурунданга. Ефектот што го има е ја елиминира слободната волја кај корисникот и предизвикува амнезија за целото време кога сте под ефект, но корисникот е сеуште свесен и не изгледа како да е дрогиран. За сето ова време, корисникот или подобро да кажам, жртвата е екстремно подложна на сугестија. Ќе правиш како што ќе ти кажат и ќе бидеш пресреќен.
Дрогата се зема преку вдишување, или ставање во пијалак. Често се случува да се дувне право во лицето на жртвата и веднаш имаш потполна контрола врз тој човек.
Растението е толку распространето, што буквално расте на улиците на Богота. Да се произведат огромни количини не е никаков проблем. Единствен проблем е што не се знае колкава количина е потребна за да се добие посакуваниот ефект, зошто ако се даде преголема доза жртвата умира.

Сега застани за момент и размисли какви последици може да има оваа дрога ако стане распорстранета и лесно достапна низ светот.
Многу лесно може да се создадат цели армии што ќе убиваат под нечија команда иако не се воопшто свесни за тоа (слично нешто како третата светска војна во Star Trek универзумот). Може да се натераат луѓе да убиваат политичари. Тука се нормално сите оние работи за кои веќе се користи: да се натера некој да има секс со некого, да се ограби некого... итн.

Како е можно сите на светот да не знаат за дрогава и колку е опасна, со оглед на тоа што колумбијците знаеле за неа со векови? Ја се кладам дека тајни служби ја имаат користено за разно разни цели, на пример, се кладам дека убиствата во САД во шеесетите, ЏФК и други политичари ги имаат извршени личности под ефект на скополамин.
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Секогаш сум верувал дека постои некоја супстанца што је даваат на војската, сигурен сум дека цела американска војска ја крка.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Крокодил со сигурност убива... Ова постепено :) Некако како подобра врста ... :)
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Секогаш сум верувал дека постои некоја супстанца што је даваат на војската, сигурен сум дека цела американска војска ја крка.
Да бе така да беше тоа.. Го глеаше видеото? Мора ептен мала доза да се даде на жртвата иначе умира од срцев удар.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Крокодил со сигурност убива... Ова постепено :) Некако како подобра врста ... :)
Не е прашањето која ќе те убие побрзо.
Оваа е поопасна зашто можеш се на направиш со неа: да ограбиш, да силуваш, да убиеш. Замисли да издрогираш некој богаташ човек и да му украдеш непроценливо богатство или да изгдрогираш политички моќник и да влијаеш на политичките одлуки...
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
У пм се наежив кога почнаа да се фиксаат кај крокодилов. УЖАС!!!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Тоа не е дрога туку пхихотропна супстанција.Со конзумација на дрога се доживува екстаза...а со ова....
....Можеби затоа во Јапонија сите се шетаат со маски на лицата :):):)
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Не е прашањето која ќе те убие побрзо.
Оваа е поопасна зашто можеш се на направиш со неа: да ограбиш, да силуваш, да убиеш. Замисли да издрогираш некој богаташ човек и да му украдеш непроценливо богатство или да изгдрогираш политички моќник и да влијаеш на политичките одлуки...
Еееј стварно. Му одиш го дрогираш, те носи дома и ти го кажува пинот од сефот. И другиот ден не се сеќава на ништо што направил :D
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Уште едно откривање на топла вода.
Скополамин ниту е нова супстанца, ниту ја има само во споменатото растение.
Во одредени количини и во комбинација со сродни алкалоиди ја има и во растенија коои растат на нашево поднебје (буника, лудо билје, татула итн.).

Ефектите се страшни, ако не и смртоносни (во зависност од дозата) !!!!
 
V

Vollstandig

Гостин
Секогаш сум верувал дека постои некоја супстанца што је даваат на војската, сигурен сум дека цела американска војска ја крка.
Ретко кој би идел толку сигурен да гини за идеалите на политичарите. Порано гинеле затоа што ги напаѓале, сега оти му текнало на некој политичар. Секогаш имаат по некоја супстанца во крвта,што успеваат да се будни 24/7, болка ниту пак емоции осеќаат. Жива машина што ја следи секоја команда.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Па и не е баш најстрашна, Крокодил е 10 пати пострашна. :confused:
Да крокодилот е 90 % бензин и прогуглајте да видите како паѓа кожата и се гледаат коските и мускулите...дури и почнува се да гори и топи..
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Крокодилот не е дрога туку се отрови за брза но многу мачна елиминација пуштена од русите да ги збришат хорсајлите и крекерите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom