НАШ Е
Највредниот европски трофеј на клупски план, “трофејот со големи уши“ како што обожаваат да го наречат коментаторите и спортските журналисти.
После 107 години, за нас богата, но за пошироката јавност, сиромашна историја, со безброј подвизи и падови, солзи и радост, конечно е во Лондон. Но оваа колумна не ја пишувам со цел да потсетам на жешкиот пат по кој требаше да поминат “Пензионерите“(овој прекар се врати зад името на Челси после многу години, овој пат во подбивна флоскула за нашите легенди), како што многумина сакаат да го прават тоа. Оваа колумна е со цел да се обидам да ги искажам емоциите и тоа колку овој трофеј ни значи. Иако далеку од местото на настанот, дури ниту ние, македонските фанови неможевме да останеме рамнодушни на самиот факт дека конечно сме на врвот на Европа. Но за тоа подоцна. Сега, дали некој од вас се запраша што ни значи овој трофеј?
Секако дека нашиот клуб одигра безброј натпревари во потрага по сребреното богатство што деновиве сјае во музејот под “Метју Хардинг“ на Стемфорд Бриџ. Но не премногу за вашиот новопечен колумнист да ги запомни. Колку е само тешко кога твојот тим за кој навиваш од дете ке мора да го положи оружјето толку блиску до трофејот. Така беше со Монако пред 9 години, така беше и со Ливерпул година потоа, изгубивме со гол којшто ниту самиот не беше свесен Луиз Гарсија дека го постигнал. Блиску бевме и во 2007 година, уште еднаш против црвените од север но уште еднаш бевме сопрени во полуфиналето, трет пат во четирите први сезони по преземањето на нашиот клуб од страна на Абрамович. Но, колку треба да е тоа проклетство големо, за да, тогаш веќе официјално, најдобриот капитен во историјата на Челси ја погоди стативата, да се лизне и да промаши за стоти дел од метарот и таа топка да заврши во надворешната страна на стативата. Потоа дојде уште еден човек(не сум баш сигурен дали може тој судија да се нарече така) кој што ги сруши нашите и соништата на нашите миленици. F*cking Disgrace, изусти Дрогба по тој пораз со израз на лицето којшто веројатно ке остане врежан во мислите на сите што го следеа тој дуел , но најмногу на Том Хенинг Овербо. Тогаш почувствував дека тоа проклетство мора да помине. Тогаш сфатив дека топката е округла и среќата се врти, и дека кога-тогаш тој клемпав трофеј ке падне во нашите раце. Иако направив неред во мојата соба, останав горд. Горд и со длабока верба во моето срце која што ме водеше низ годините потоа. Длабока верба дека ке дојдат нашите пет минути, дека ке се одмаздиме , и уште поважно, дека ке ја освоиме таа Лига на Шампиони. Денес, три години потоа, седиме на тронот на Европа. Нема веќе каде да бега тој сребрен предмет тежок 7.5 килограми. Тери, Лампард, Дрогба, Чех и дружината цврсто го зграпчија во своите раце. Зарем има некој од вас драги читатели којшто не затрепери кога Чех ги правеше тие епски одбрани таа ноќ на Алијанц Арената. Којшто не се почувствува задоволно, и не ја вкуси победата на правдата уште пред таа да дојде на теренот. Кога Чех ги бранеше тие удари на Баварците, ми поминуваа мислите како куршуми низ главата, од одбраните на Реина преку недосудените пенали, до последниот пенал на лизгавиот терен во Москва. Имав чувство дека ни се врати секоја неправда како бумеранг, и конечно е НАШ.
Со овој трофеј, имаме можност да го браниме наредната година, имаме можност да играме во уште две натпреварувања и речиси е сигурно дека ќе освоиме уште два пехари, но најважното е тоа што правдата е задоволена, што конечно го добивме тоа што го заслуживме. Го заслуживме бидејќи го чекавме толку долго, бидејќи имаше толку пролеани солзи од наша страна, но го заслуживме ЗАТОА ШТО СМЕ НАЈДОБРИ. И можеби ќе го одбраниме на нашиот втор дом, Вембли, кој знае, но секој навивач треба да знае една фраза и да ја користи колку и да играат лошо нашите миленици, и е тешко да се изговори тоа. KEEP THE FAITH! Само така, со вербата во Сините ќе успееме сите заедно да го носиме нашиот клуб до нови успеси.
http://www.chelseafc.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3282:2012-05-22-12-03-15&catid=52:2010-08-25-04-28-11&Itemid=264