А што би било „нешто озбилно“? Брак, деца, заедничка фирма? Сериозно, на 16 години да бараш „нешто озбилно“ е незрело, зашто и ти самата си незрела и не ни знаеш што е „озбилно“. Оној момент кога ќе знаеш што е тоа, ќе може да го прашаш и да дискутирате за „озбилноста“ на вашата врска.
До тогаш, уживај. Ако со тебе тепа досада, и ти исто тепаш досада со него, т.е. миговите поминати со него ти се најубави на свет, наместо да си кубеш коси зошто сите имат дечковци/врски/муватори, а ти не. Со други зборови, взаемно си го разубавувате времето.
Мој совет: уживај дури трае. Додека не падне секс, ништо не е „озбилно“. А кога ќе падне, тоа е веќе друго ниво и тогаш ќе може да дискутираме за „озбилности“.
Поздрав и со лесно (бидејќи е лесно)
.