Најлесни начини за заработување на пари ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Epics™
  • Време на започнување Време на започнување
Right...

jMiYI.jpg
Објасни малку повеке што работиш, и како ги внесуваш парите во државава:)
 
Објасни малку повеке што работиш, и како ги внесуваш парите во државава:)
Ги нудам услугите *тииииит* со *тииит* за $5, а понекогаш клиентите нарачуваат бонус услуги во кои добиваат *тииит* за екстра 10 или 25 долари. Секако компанијата зема своја провизија, па на секои 5 долари јас добивам само 4, но битно се вади месечна плата без проблем.

Парите ми стигаат на трансакциска.

Сериозно, затоа ги цензурирав услугите.. Тоа е трговска тајна, не можам да ти кажам што конкретно продавам но поентата ми беше да нагласам дека од интернетот може да се живее и тоа удобно. Јас отворив фирма во СК и ја баталив само затоа што најдов многу поголем профит на нет. Ова е патем само едно место од каде што вадам пари, има уште 4. Ако си упорен и чесен, 500еу месечно се вадат со 3 саати работа дневно.

Едит:
Баш вчера гледав еден дечко од МК што работи на истиов сајт. Услугата која тој ја нудеше е:

Ќе направам салто држејќи лист хартија на кој ќе го пишува името на твојот сајт за 5 долари.

И разбиваше дечкото да ти кажам право. 10-тина нарачки мислам дека имаше во редица што чекаат.
 
Бре бре бре колку ли само има милионери во македонијава што знаат начин за лесна заработка, од шеми до шеми од продавање муда за бубрези до интернет сајтови и сето тоа само со неколку часа работа дневно.
Абе деца додека не си го испотите газот тешко дека ке дојдете до лесни пари,освен ако мама и тата бе ви даваат тие се најлесните пари заработени со едно мамо дај пари.
 
не го оспорувам тоа .. ама таму за 50евра дневница, газот си го даваат, и не ги е срам што копаат на лозје ..после кога си дојдат, со 50евра оди во кафич кафе плаќа.. демек богати се! :)

продадени душички :свиркам:

ама ако гледаш кафе во Италија е 20.30 евра во Милано и остали градови.. значи цела дневница за едно кафе.. а кај нас 900 денари ехее 9 кафиња :D

ги вади тоа што еврото многу повеќе се цени овдека неголи таму.. а животниот стандард и не им е баш нешто многу подобар од тука.. земаат плати големи ама изгор е се друго.. да не зборам пиците..
 
yup, али не зборам ја за еврото како девиза :) туку чал'мот (на Винички) кој го тупи цело време :)

900ден. 9 кафиња? да фак? кај нас (again Виница), со 900ден. 30 кафиња ќе испиеш :)
 
yup, али не зборам ја за еврото како девиза :) туку чал'мот (на Винички) кој го тупи цело време :)

900ден. 9 кафиња? да фак? кај нас (again Виница), со 900ден. 30 кафиња ќе испиеш :)

и тоа шо викаш :D
 
Aко се вадеа лесно пари со работа тогаш лопатите, мотиките, казмите, дикелите и токмаците ќе чинеа по цена од минимум 100 евра...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom