Трето полувреме

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Трето полувреме му покажа среден прст на фашизмот!

После трејлерот за филмот "Трето полувреме" на Дарко Митревски, кој веднаш го видоа десетици илјади луѓе на Јутјуб, сега се појави и фантастичниот постер. А пораката од постерот е едноставно прекрасна и ефективна - му покажуваме среден прст на фашизмот! И тоа среден прст свртен надолу, веројатно како алузија на Цезаровиот палец кој го дигал нагоре или надолу за време на древните Олимписки игри.
Постерот е заедничко решение на режисерот Дарко Митревски и на агенцијата "Идеа Плус".
Ивица Спасовски, генерален директор на агенцијата, за ВЕЧЕР вели дека уште на првото читање на сценариото бил воодушевен од мајсторлакот со кој е напишано.
"Помислив, конечно, имаме македонски филм кој ја слави победата, полн со гордост, и со многу карактер. Напишан и сега веќе снимен, по сите холивудски и филмски стандарди, најмалку што можевме во "Идеа Плус" да направиме, е да го поддржиме со одличен постер", вели Спасовски.
Тој објаснува дека естетиката на постерот се наметнала во разговор со режисерот Дарко Митревски, и дека требало да е во дух на тие години кога се случува филмот.
"Дарко и јас сме вљубеници во стрипот, илустрацијата, така што јасно беше дека треба да имаме графичко решение, кое ќе има многу јасна порака и многу став", вели Спасовски.
Инаку, "Трето полувреме" наскоро треба да го види и селектор од Канскиот филмски фестивал, Жуел Шапрон, чие доаѓање во Скопје е најавено за 22 март. Тој ќе го погледне и "Балканот не е мртов" од Александар Поповски. Шапрон е претселектор, кој ги гледа филмовите и ги предлага на селекторите од Кан, кои потоа се произнесуваат дали ќе ги стават во програмите или не. Средбата со Шапрон била договорена на Берлинскиот филмски фестивал, а претселекторот во Скопје, како што е најавено, ќе гледа и други филмови од регионот.

http://skopjeinfo.mk/treto-poluvreme-mu-pokazha-sreden-prst-na-fashizmot-614.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Трето полувреме“ и „Балканот...“ готови во јуни
Играните филмови „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, што ги продуцира „Kино око“, ќе бидат готови до крајот на јуни, најавуваат од продукцијата. Во тек се завршните работи околу постпродукцијата на двата филма.
Според продуцентот Роберт Насков, во контакт се со американски агенти за продажба за „Трето полувреме“, со кои треба да се сретнат во текот на Kанскиот филмски фестивал, што се одржува од 16 до 23 мај.

Насков е наш претставник во програмата „Продуценти во движење“ на организацијата „Европска филмска промоција“, што се одржува во текот на фестивалот.

- Македонските премиери сигурно ќе бидат наесен. Допрва ќе разговараме дали можеби ќе биде во рамките на „Браќа Манаки“ во Битола. Јас сум застапник на тоа дека нашите филмови треба да имаат премиери на тој фестивал – рече Насков.

„Трето полувреме“ почна да се снима кон крајот на август и траеше 40 дена. Главните улоги ги толкуваат: Сашко Kоцев, Kатарина Ивановска, Раде Шербеџија. Во „Балканот не е мртов“ играат: Никола Ристановски, Драгана Kостадиновска, Наташа Тапушковиќ-Шолак, Ертан Шабан.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A8BD2E26091BAC40ADE13A63A679B045
 
P

PewDiePie

Гостин
„Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ промотивно на Канскиот фестивал


На 65. Филмски фестивал во Кан Македонија денеска и утре промотивно ќе ги претстави филмовите „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

Тие ќе бидат прикажани во павилјонот на Југоисточна Европа во Кан, каде што се презентираат и најновите филмски остварувања од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Србија и Црна Гора.
- Македонскиот штанд е во павилјонот на Југоисточна Европа, покрај брегот, со внатрешен простор и тераса од по 100 метри квадратни, каде ќе се презентираат филмовите од регионот и ќе биде место за средби на македонските продуценти со продуцентите, фестивалите и дистрибутерите од другите земји, информира Фолмскиот фонд на Македонија.
Покрај овие два филма, Македонија во Кан го промовира и најновиот филм на Теона Стругар-Митевска „Жената што си ги избриша солзите“, кој светската премиера ја имаше на Берлинале во февруари, а македонската на Скопскиот филмски фестивал минатиот месец.
Роберт Насков како продуцент на филмовите „Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ ќе учествува на Producers on the move 2012, во организација на European Film Promotion како претставник од Македонија со уште 24 продуценти од другите земји-членки на мрежата.
- И оваа година Филмскиот фонд, покрај промоцијата на филмовите, ќе посвети посебно внимание на промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови и како држава во која се плаќаат најниски персонални даноци, со посебни поволности за авторските професии, соопшти Филмскиот фонд на РМ.
 
P

PewDiePie

Гостин
Американци ќе го дистрибуираат „Трето полувреме“

Купени меѓународните права за диструбиуција на македонскиот филм „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски.


Договорот со познатата американска продажна и продукциска компанија „Литл филм“ го потпишал продуцентот Роберт Насков од „Kино око“ по проекцијата на маркетот на Kанскиот филмски фестивал.
Компанијата „Литл филм“ беше дистрибутер на јужноафриканскиот филм „Цоци“, кој пред шест години освои „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Информацијата за продажбата на правата за „Трето полувреме“ вчера ја објави и „Скрин интернешнал“, еден од најпознатите и највлијателните филмски магазини во светот.
http://kurir.mk/makedonija/kultura/72061-Amerikanci-ke-go-distribuiraat-Treto-poluvreme
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Американци ќе го дистрибуираат „Трето полувреме“

Купени меѓународните права за диструбиуција на македонскиот филм „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски.


Договорот со познатата американска продажна и продукциска компанија „Литл филм“ го потпишал продуцентот Роберт Насков од „Kино око“ по проекцијата на маркетот на Kанскиот филмски фестивал.
Компанијата „Литл филм“ беше дистрибутер на јужноафриканскиот филм „Цоци“, кој пред шест години освои „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Информацијата за продажбата на правата за „Трето полувреме“ вчера ја објави и „Скрин интернешнал“, еден од најпознатите и највлијателните филмски магазини во светот.
http://kurir.mk/makedonija/kultura/72061-Amerikanci-ke-go-distribuiraat-Treto-poluvreme
Одамна реков дека зема оскар нашиов филм, ама сега ќе повторам, зема оскар нашиов филм. :)
 
Член од
22 октомври 2010
Мислења
256
Поени од реакции
144
Дарко Митревски: „Трето полувреме“ е најубавиот споменик што сум го изделкал
На снимањето на „Трето полувреме“ Дарко ѝ диригира на публиката, која скандира „МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА“

Катарина Ивановска, која го глуми главниот женски лик Ребека

Фудбалскиот клуб „Македонија“

Раде Шербеџија, како таткото на Ребека

Интересно интервју со Дарко Митревски. Мора да се прочита. Човеков е легенда, а од филмот очекувам многу па зошто да не и оскар. Ама осеќам дека ''браќава'' блгари и јужниве пак ќе почнат да плачат што вистината излегува на виделина. Пак ќе пробаат да заташкаат нешто...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Добро кога ќе излезе? Веќе се напињам... Рекоа Април - Мај месец а уште абер нема...
 
P

PewDiePie

Гостин
Епа тоа е бе,сигурно нема да го пуштат на Лето кога сите се по одмори.
 
H

HoT IcE

Гостин
Едвај чекам да излезе, не помнам во скоро време некој филм со толку нетрпение да сум чекал. ЕПИК.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И ние имаме наши коњи за трка.
Само што никој ги немаше разбудено.
Одвај чекам да излезе. Одвај!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.740
Поени од реакции
8.167
Како се снимал филмот

ме наежи видеово осеќам ќе биде гледан филм кој долго ќе се раскажува.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
На 15 септември ќе биде прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“. Кон кајот на септември ќе има премиера во Скопје, а во другите градови на почеток на октомври. Едвај чекам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom