Дали сте задоволни од животот во туѓина?

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Ите како се! Грчката дијаспора и пропаганда е најака на светов!
Грците не го политизираа општеството во МК до последна пора и не ги поделија луѓето на сдсм(овци), вмро(овци)....никој во МК не тргна кон граѓанска партија, зашто...затоа што најлесно се манипулира со својот клан ако им ги дефинираш „карактеристиките„ кои ќе ги делат од другите. Ако некој сака да направи „преродба„ во правата смисла на зборот овие два кланови ќе го скинат...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203

За тоа си во право, него јас алудирав на фактот како нас Македонците не гледаат и не/прифаќаат надвор од границите!
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
За тоа си во право, него јас алудирав на фактот како нас Македонците не гледаат и не/прифаќаат надвор од границите!
тука си во право....нашите што сум ги запознал по светов се зафатени со себе и со своите „пријатели„ дали во клубовите или помеѓу фамилиите. Се се работи на види го онај од овај е а онаа му е него сега ваму работел а онаму пиел....од нив не барај промотори. тие го веат македонското знаме во својата дневна и на прославите организирани за некој празник на кој некој голем ВИПовец од МК пее.

Не се занимаваат со тоа како нас не гледа светот и што тие можат да пружат за да се промени...презафатени се со тоа: кога ќе одам долу ова ќе си купам она ќе платам итн итн
 
Од моето искуство надвор од Македонија, едно научив ПОДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНЕЦ кога си во странство!
А таквите кои што ги спомна се најгадни, се замислуваат Рокфелери се кога доаѓаат дома..... КИЧ!
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Не знам како да ти го доловам моментот за да ме сфатиш.
Дај пробај ова објасни го, жити мајка маседоунија.
Тој мерцедес на старо кога ќе го видиш во македонија ти се чини како нешто свето. Но ако си во Германија и одиш на разговор за работа за сериозна позиција е тогаш бато ќе речат види го овој австралопитекусот/кромањонецот како дошол.
Ти брат со мерцедес ли одиш на интервју за работа? Ако е така, што работа имаш ќарено со мерцедесот?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Да, чекам да ми се укаже некоја шанса за некоја работа или бизнис и да се вратам назад. Ама по се изгледа ќе се изначекам.
а каде да се вратиш?
--- надополнето: 24 мај 2012 во 09:16 ---
Епа вистинското прашање не е дали они возат луксузен Мерцедес. Вистинското прашање кое треба да им го поставиш е колку луѓе возат полуксузен Мерцедес од нивниот и колку луѓе возат полоша кола од нивната. Со други зборови дали се во ниска, средна или висока класа таму.
Џабе ти е Мерцедесот ако буквално сите останати во твојата околина имаат трипати поскап автомобил.
а ако останеа овде, зар не возат луѓе три пати поскап автомобил од Рено 4?
 
В

Вештерот

Гостин
Дај пробај ова објасни го, жити мајка маседоунија.

Ти брат со мерцедес ли одиш на интервју за работа? Ако е така, што работа имаш ќарено со мерцедесот?
Знам дека постов ти е трол ама пошо гледам дека не си ме сфатил ќе ти одговорам.
Некој во едно мислење погоре напиша дека луѓето во Германија можеле да си приуштат мерцедес дури и на старо.
Сакав да му објаснам дека се што лета не се јаде и мојот одговор беше: Ако ти одиш на интервју со некој застарен модел на мерцедес они те гледаат како најголем сељак. А кога ќе дојдеш во мк со тој мерцедес си фраер. Тоа сакав да го кажам. Во Германија да одиш во некоја институција како сељак со стар мерцедес и слични производи и акцесорис никој нема да те гледа озбилно туку со потсмев. Мерцедесот стар во герм.=опинци во мк.
И така кога ти се селиш од човек кој не бил сељак доаѓаш во околина каде стануваш обичен сиромашен сељак (барем на почетокот).
п.с. На никакви интервјуа веќе долго не сум бил, но ако одам би отишол така како што доликува во една околина и во дадената ситуација.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 23:45 ---
а каде да се вратиш?
--- надополнето: 24 мај 2012 во 09:16 ---

а ако останеа овде, зар не возат луѓе три пати поскап автомобил од Рено 4?
Првото прашање ти е одлично и немам одговор. Едноставно немам каде да се вратам. Причините мислам дека ни се на сите познати.
Второто не ти го разбирам па ако сакаш дообјасни го.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
п.с. На никакви интервјуа веќе долго не сум бил, но ако одам би отишол така како што доликува во една околина и во дадената ситуација.
Ова ме интересираше да објасниш. Има тука надежни деца што сакаат да се пробаат во туѓина па мислев ќе можеш барем малку совет да дадеш. На пример, тие интервјуата за работа кои се ги имал, независно кога, какви производи и аксесорис имаше на себе и, нормално, каква позиција ќари со твојот беспрекорен изглед?
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Знам дека постов ти е трол ама пошо гледам дека не си ме сфатил ќе ти одговорам.
Некој во едно мислење погоре напиша дека луѓето во Германија можеле да си приуштат мерцедес дури и на старо.
Сакав да му објаснам дека се што лета не се јаде и мојот одговор беше: Ако ти одиш на интервју со некој застарен модел на мерцедес они те гледаат како најголем сељак. А кога ќе дојдеш во мк со тој мерцедес си фраер. Тоа сакав да го кажам. Во Германија да одиш во некоја институција како сељак со стар мерцедес и слични производи и акцесорис никој нема да те гледа озбилно туку со потсмев. Мерцедесот стар во герм.=опинци во мк.
И така кога ти се селиш од човек кој не бил сељак доаѓаш во околина каде стануваш обичен сиромашен сељак (барем на почетокот).
п.с. На никакви интервјуа веќе долго не сум бил, но ако одам би отишол така како што доликува во една околина и во дадената ситуација.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 23:45 ---

Првото прашање ти е одлично и немам одговор. Едноставно немам каде да се вратам. Причините мислам дека ни се на сите познати.
Второто не ти го разбирам па ако сакаш дообјасни го.

Па тебе друже очигледно ти е побитно како те гледаат другите, отколку како ти живееш. Тоа е веќе искомплексираност. Инаку еден од поважните параметри за квалитетен живот е куповната моќ, односно колку може да купиш во земјата со твојата плата. И секако дека е подобро да возиш половен мерцедес во Германија, отколку југо и да работиш за 15 000 со факултет тука. Мерцедесот е за 10 класи побезбедно возило од југото.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Лондончанец стана супертутунар

Примамливата државна помош од едно евро за килограм тутун, од Лондон во Прилеп го врати 32-годишниот Даниел Мирчески. За разлика од многумина млади што го сонуваат белиот свет, Даниел ја напуштил британската магла за да се фати за колчето, иако вели дека не знаел ниту што е леа ниту ја почувствувал утринската роса на листовите или, пак, лепливоста на тутунот кога се бере на пладневно сонце.

Иако пред две-три децении неговото семејство одгледувало тутун, овој бизнис за Даниел бил непознат. Но по три години откако почна да сади тутун, младиот тутунар годинава со десетина хектари стана најголем производител во Прилепско.

Со неколку десетици илјади евра за скелиња, простории за складирање, машини за расадување, за нижење, превозни средства и друга техника, тој успеа да прави профит од тутунот.

- Англија не е ветената земја. Дома си е дома, а туѓина е туѓина. Добро заработував со мојата градежна фирма со десетина работници. Ме измами мирисот на профитот од тутунот. Дојдов во родниот крај, каде што припаѓам, поради привлечниот амбиент за тутунопроизводство со субвенционирањето - објаснува Даниел.

Веќе три години е тутунар. Почнал со седум, лани посадил пет, а годинава ќе засади десет хектари на ниви под кирија. Површините ги зголемува со порастот на откупните цени на тутунот.

- Kопам, прскам, учествувам во полевањето, а сам подготвувам и расад во леи. Ангажирам работнички за плевење, за корнење расад и за засадување - вели Мирчески.

Тој претендира постепено да ги зголемува површините оти располага со механизација. Сака да го осовремени процесот, па преку интернет бара машина за берење за да ја одбегне и таа мануелна фаза.

- Сакам да инсталирам и систем капка по капка за наводнување и да ги зголемам приносите за 30 отсто. Годинава ќе набавам квалитетен и економичен систем за наводнување. Се интересирам за американска машина за берење тутун, за која велат дека ќе ја демонстрирале во Прилеп. Со тоа целиот процес ќе се следи машински и ќе се отстрани тесното грло, берењето на родот, кое е најслабата алка поради недоразбирањата со берачките. Ако дојде машина за берење, веднаш ја купувам и ги зголемувам површините - вели Мирчески.

Освен државната субвенција од евро за килограм тутун, смета дека би било добро државата да помага за нафта. Во меѓувреме го користи субвенционираното осигурување на тутунските насади од невреме, град и од дожд.

Во бизнисот лете му помага сопруга Добрина. Нејзините корени се лозарски, но успеала да ја научи и душата на тутунот.
Љупчо Мургоски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3139DED418A2D64A9C5ED9A51F9AD1A6
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Кликнете тука за да видите интересна паралела за трошоците за живот и просечните плати помеѓу Скопје и Берлин ....
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Генерално сите се задоволни,затоа и не се враќаат.Имам тетка живее во Шведска повеќе од 30 години.Се доквалификува таму,и сега си работи во државна институција.Братучедка ми(ќерка на тетка ми),си живее одделно во стан во близина на центар на Гетеборг,за викенди си ака по Лондон,Барселона и сето тоа со една нормална плата(работи во аптека).Да и беше лошо до сега сигурно ќе се вратеше.

Кога бев кај неа,мене ми се виде прилично убаво,стандардно работно време,солидна плата,прекувремено се плаќа секогаш,слободни денови...Не видов таму беда никаква.Зградата е со сауна,теретана,убава прилично нова зграда,е сега мене што највеќе ме чудеше е тоа дека таа плаќа кирија иако станот е нејзин :D

Проблемот е тоа што нема дружба како тука,за пример ќе дадам дека со комшиката од втори(босанка) прават муабет преку телефон,доаѓање на кафе нема,што кај нас е незамисливо.Не си ги знае комшиите,само едно културно здраво имаат кога ќе се видат во лифт.

Кога бев таму,мене швеѓаните НЕ МИ ПРАВЕА МУАБЕТ!Се здружив со една црнкиња,еден од Јордан и двајца Италијани.Кога ќе кажев од кај сум,само ќе ми кажеа Гетото на Европа и бегаат.

Ама и покрај ова јас би отишол и би живеел во Шведска.

А чичко ми во Германија е скроз различна приказна.Не се доквалификува,работеше тешки работи,по погони,фабрики,стан никогаш не успеа да си купи,секогаш се жалеше ја сакаше Македонија,сакаше да се врати,и еве сега конечно уште некоја година за до пензија и ќе доаѓа наваму.

Некој ќе ја фали туѓината,некој ќе ја плука.Секој со своја снаодливост,судбина и среќа далеку од дома.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Јас живеам во Енсхеде, Холандија (FC Twente за оне што играат спортска) > 10 години.

Провинција, селска идила, uber-чисто и мирно, убај плати, можности за сопствена иницијатива, све може ако има мотивација и талент. На 150 километри различни европски метрополи. Малце подалеку уште поголеми метрополи.

Ептем лошо време, скапотија за коли и недвижнини. Премногу рамно. Малку пријатели ама тоа е можда до нас. Понекогаш малограѓанштина на работа (сепак е провинција) ама малку. Здравството трте-мрте.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Јас живеам во Енсхеде, Холандија (FC Twente за оне што играат спортска) > 10 години.

Провинција, селска идила, uber-чисто и мирно, убај плати, можности за сопствена иницијатива, све може ако има мотивација и талент. На 150 километри различни европски метрополи. Малце подалеку уште поголеми метрополи.

Ептем лошо време, скапотија за коли и недвижнини. Премногу рамно. Малку пријатели ама тоа е можда до нас. Понекогаш малограѓанштина на работа (сепак е провинција) ама малку. Здравството трте-мрте.
Какви се со странците ?
Какви се трошоците за храна,комуналии,облека и сл...?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom