Кружни текови ќе никнуваат низ градовите

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Градот има подготвено повеќе идејни решенија за изградба на кружни крстосници, но се чека изработката на новиот ГУП, во кој ќе бидат вклучени сите издржани нови решенија

kruzen-tek-gologanov%5B1%5D.jpg

transparent.gif

Кружните текови се побрзи, поеколошки и побезбедни
За намалување на сообраќајниот метеж
Два нови кружни тека ќе добие годинава градот, во општината Ѓорче Петров и во Бутел, а за наредниот период е планирано да се доизградат уште три. Целта е секаде каде што е можно да се изградат кружни текови. Градските власти веќе имаат подготвено повеќе идејни решенија за изградба на кружни крстосници, но се чека изработката на новиот ГУП, во кој ќе бидат вклучени и сите издржани нови решенија, по предлог од стручната јавност.
Кружните текови се практика во сите држави, а и кај нас се покажаа како доста ефикасни. Тие се добро решение за поголем проток на возила од класичните крстосници, што го потврдува и досегашната практика.

Зголемена безбедност

Наскоро треба да почне изградбата на кружниот тек во Бутел на улицата Боца Иванова и Александар Урдаревски, по што останува да се доизградат вакви сообраќајни решенија кај Втора македонска бригада со улиците Лазо Трповски, на Кемал Сејфула и 16. Бригада со улицата 808 и на булеварот Никола Карев со булеварот Трета македонска бригада.

- Во моментов нема податоци и не може да се направи анализа од која ќе може да се види дали е намален или зголемен бројот на сообраќајни незгоди на тие места. Но, според секојдневните реакции на граѓаните и стручната јавност, може да се констатира дека основните цели се постигнати и дека битно се зголемени безбедноста и проодноста на сообраќајот, а истото тоа може да се констатира и за намалувањето на штетните емисии на гасови поради намалувањето на метежите на крстосниците - соопшти Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

Граѓаните задоволни

И од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот велат дека нема спроведено анализа дали е растоварен сообраќајот благодарение на кружните текови, но најверојатно како и во другите земји така и кај нас има позитивни резултати од нив.

- Кружните текови не го задржуваат сообраќајот, тој е во постојано движење, па за еден час може да поминат многу повеќе возила отколку на крстосниците со семафори. Граѓаните добро се снаоѓаат, а за тоа говорат намалените сообраќајни незгоди. Предноста на кружните текови е што возачите ја намалуваат брзината, даваат предност, што ја намалува веројатноста за сообраќајни незгоди - велат од Републичкиот совет.

Граѓаните исто така се задоволни од кружните текови. Тие набројуваат повеќе предности како поголема безбедност, зголемен капацитет, намалување на времето на чекање, заштита на околината, естетика и заштеда на енергија бидејќи нема семафори што трошат струја.

- Кружните текови се покажаа како доста добри решенија. Кружниот кај Католичката црква одлично функционира, речиси никогаш нема застој, дури и во најголемиот метеж во денот - вели Виктор Спасовски, кој секојдневно поминува низ Гологанов.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=522121558482&id=14&prilog=0&setIzdanie=

И пак прашање од мене: Дали ќе биде ова идеалното решение? Знаејќи какви сме кога ќе седнеме позади воланот, во однос на пешаците.
 
Кружните крстосници не се целосно решение туку привремено. За целосно решение мора да се растерети сообраќаjот со изградба на нови булевари оти како што е сега, возилата се концентрираат на одреден булевар и настанува хаос. Доколку би имало повеќе булевари масата од возила ќе се распредели и ќе се растерети и сообраќаjот. Мора да се наjде алтернатива за Партизанска и сите оние булевари што минуваат низ Центар. Моментално кружен тек е наjпотребен каj што се сече Македонско-косовска бригада со булеварот Никола Карев. Состоjбата е ужас а коj чекал на семафорите - знае :)
 
Кружните крстосници не се целосно решение туку привремено. За целосно решение мора да се растерети сообраќаjот со изградба на нови булевари оти како што е сега, возилата се концентрираат на одреден булевар и настанува хаос. Доколку би имало повеќе булевари масата од возила ќе се распредели и ќе се растерети и сообраќаjот. Мора да се наjде алтернатива за Партизанска и сите оние булевари што минуваат низ Центар. Моментално кружен тек е наjпотребен каj што се сече Македонско-косовска бригада со булеварот Никола Карев. Состоjбата е ужас а коj чекал на семафорите - знае :)

па за партизанска, илинденска е алтернатива не залудно ја направија со повеќе ленти.

највеќе треба во чаир(јајапаша) накај бутел што минува улицата таму е вистински крш за време на rush hour. тргни застани пола саат додека стигнеш до битпазар
 
Подобро е кружни токови него семафори...ни токовите не се решение,ама сепак се подобро него чекање на семафори..вистинското решение е проширување на булеварите (каде што е можно) и изграда на подземни сообраќајници.
 
Куш бе,иди таму на билд па плачи заедно со лиглињата што се таму.:rolleyes:
Реално го претераа со спомениците и со расфрлаљње на пари, можеа барем помали да ги направат, понормални, за да заштедат некој динар за патишта и паркови, малку да го модернизираат градот, не само стари стилови да применуваат. Убаво е што се гради, не е убаво што се претерува со трошење народни пари, трошат како да сме Швајцарија, за нетолку битни работи, не викам небитни, туку на нетолку приоритетни работи, пред се мислам на премногу големите споменици, Воинот на коњ, и Воинот со додатни елементи. Крај краева ако се толку патриоти нека им ги пишат имињата на овие незнани јунаци-воини, барем тие тоа заслужиле ние да го испочитуваме.
Ми се допаѓа идејата да се направат неколку кружни текови низ Скопје и мислам дека редно време е и чаир и бутел да заличат на средени населби, како аеродром на пример, таму кога идам како во џунгла да влегувам.
 
молба:
дај кој може нека стави слика од Плоштад „ Слобода“ - Скопје
Ја има и во темите - фотографии од старо Скопје,а тоа беше пред 50 години
а не да збори некоја „новородена“новинарка дека касни Скопје 100 години,
која и самата изгледа мисли дека Скопје е создадено со нејзиното раѓање.
 
Кога ке се изгради подземната улица од кај поштата во центар кај мостот Гоце делчев до комплексот банки за многу ке ги растерету централното градско подрачје една од најдобрите идеи кои ке требаат да се реализираат. А со проширувањето на Илиденска за 50% ми го скрати времето, отколку да идам по партизанска така прошитувањето на Илинденска е чиста 10 ка.А и ова кај кружниот тек кај католичка што е главната улица Митрополит голаганов нели ја проширија до поранешна треска ако ја прошират до студентскиот гоце делчев ке биде исто толку добра како илинденска. Кој сака што сака може да збори но Коце е најуспешниот градоначалник што Скопје го имала. Само јас ен знам зошто 20 години речиси ништо не се градело во Скопје, без разлика дали сдсм или вмро е на власт како извршители од локална власт нивна обврска е да го унапредуваат собракајот во скопје и да обезбедат повеке паркинг простор.
 
Само јас ен знам зошто 20 години речиси ништо не се градело во Скопје, без разлика дали сдсм или вмро е на власт како извршители од локална власт нивна обврска е да го унапредуваат собракајот во скопје и да обезбедат повеке паркинг простор.
Очигледно немале ни намери ни идеи,зално е кога вака од ретроспектива ќе погледнеш колку НИШТО буквално ништо не се правело.
Затоа и никогаш нема да се вратат на власт,и да добијат на избори(што е научна фантастика)тие нема да знаат како да допринесат за градот и Македонија воопшто. Програмирани се само за крадење.
 
Одлично, само што возачите ќе треба да земат дополнителни часови за да научат како се минува на кружен тек, бидејќи повеќето врска си немаат и покрај тоа што на рекламниот спот кога се отвори тој кај католичка пишуваше како се минува на кружен.
 
Па и треба да се прават кружни текови. Пред некој месец бев во странство, и насекаде на поголемиот дел на крстосниците наместо семафори имаат направено кружен тек.

Треба и на повеќе места да се направат кружни текови кај нас, ете во Ѓорче кај пазарчето прават кружен тек (али до кога ќе биде готов не знам), а таму највеќе е потребен, како и на многу други места.

Само ќе треба да стават на сите кружни текови од оние гумите како што ги има кај Католичка црква кружниот тек, зошто народов не знае да вози на кружен тек.
--- надополнето: 23 мај 2012 во 23:49 ---
Кружните крстосници не се целосно решение туку привремено. За целосно решение мора да се растерети сообраќаjот со изградба на нови булевари оти како што е сега, возилата се концентрираат на одреден булевар и настанува хаос. Доколку би имало повеќе булевари масата од возила ќе се распредели и ќе се растерети и сообраќаjот. Мора да се наjде алтернатива за Партизанска и сите оние булевари што минуваат низ Центар. Моментално кружен тек е наjпотребен каj што се сече Македонско-косовска бригада со булеварот Никола Карев. Состоjбата е ужас а коj чекал на семафорите - знае :)

А за Водњанска (таа кај државна, мислам дека така се викаше).....боље и да не збориме....
 
Да направеа кружен тек немаше да можат да прават фонтани и црквички :tapp:
За фонатаните и црквичките не е проблем можеа да ги направат во средина на кружниот тек, но тоа е македонското цело време да се хејта...
Кружен тек не се направи бидејќи споредната улица Фрањо Клуз која се спојува со булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу не е многу фрекфентна и семафорите се подесени минимално на зелено бидејќи нема многу коли... Другата причина е што многу клучки би се споиле во кружниот тек и би имало уште помала прегледност затоа што на секој 10 метри би имало по еден испуст и уште толку би се створила гужва бидејќи целиот сообраќај е од булеварот...
 
Незнам кому му текна за овие кружни текови.
Тоа е техничко решение од 19 век. Нивна особини се да го успоруваат сообраќајот и зафаќаат огромен простор. Колите кружат околу, а пешаците уште по околу. Биле добри во 19 век кога се возело со коњи и пајтони.
Одамна се измислени семафори, надвозници, подвозници, па денес не мораме да кружиме наоколу. Можебо се добри на некои локаци, но ако се погледне кружниот тек во Тафталиџе кај гимназијата „ Ѓорѓи Димитров “, можете да ја видите бесцелоноста на вакви решенија.
Мислам дека ова е помодарство
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom