T
Tetro
Гостин
Градот има подготвено повеќе идејни решенија за изградба на кружни крстосници, но се чека изработката на новиот ГУП, во кој ќе бидат вклучени сите издржани нови решенија
Кружните текови се побрзи, поеколошки и побезбедни
За намалување на сообраќајниот метеж
Два нови кружни тека ќе добие годинава градот, во општината Ѓорче Петров и во Бутел, а за наредниот период е планирано да се доизградат уште три. Целта е секаде каде што е можно да се изградат кружни текови. Градските власти веќе имаат подготвено повеќе идејни решенија за изградба на кружни крстосници, но се чека изработката на новиот ГУП, во кој ќе бидат вклучени и сите издржани нови решенија, по предлог од стручната јавност.
Кружните текови се практика во сите држави, а и кај нас се покажаа како доста ефикасни. Тие се добро решение за поголем проток на возила од класичните крстосници, што го потврдува и досегашната практика.
Зголемена безбедност
Наскоро треба да почне изградбата на кружниот тек во Бутел на улицата Боца Иванова и Александар Урдаревски, по што останува да се доизградат вакви сообраќајни решенија кај Втора македонска бригада со улиците Лазо Трповски, на Кемал Сејфула и 16. Бригада со улицата 808 и на булеварот Никола Карев со булеварот Трета македонска бригада.
- Во моментов нема податоци и не може да се направи анализа од која ќе може да се види дали е намален или зголемен бројот на сообраќајни незгоди на тие места. Но, според секојдневните реакции на граѓаните и стручната јавност, може да се констатира дека основните цели се постигнати и дека битно се зголемени безбедноста и проодноста на сообраќајот, а истото тоа може да се констатира и за намалувањето на штетните емисии на гасови поради намалувањето на метежите на крстосниците - соопшти Неделчо Крстевски, портпарол на градот.
Граѓаните задоволни
И од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот велат дека нема спроведено анализа дали е растоварен сообраќајот благодарение на кружните текови, но најверојатно како и во другите земји така и кај нас има позитивни резултати од нив.
- Кружните текови не го задржуваат сообраќајот, тој е во постојано движење, па за еден час може да поминат многу повеќе возила отколку на крстосниците со семафори. Граѓаните добро се снаоѓаат, а за тоа говорат намалените сообраќајни незгоди. Предноста на кружните текови е што возачите ја намалуваат брзината, даваат предност, што ја намалува веројатноста за сообраќајни незгоди - велат од Републичкиот совет.
Граѓаните исто така се задоволни од кружните текови. Тие набројуваат повеќе предности како поголема безбедност, зголемен капацитет, намалување на времето на чекање, заштита на околината, естетика и заштеда на енергија бидејќи нема семафори што трошат струја.
- Кружните текови се покажаа како доста добри решенија. Кружниот кај Католичката црква одлично функционира, речиси никогаш нема застој, дури и во најголемиот метеж во денот - вели Виктор Спасовски, кој секојдневно поминува низ Гологанов.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=522121558482&id=14&prilog=0&setIzdanie=
И пак прашање од мене: Дали ќе биде ова идеалното решение? Знаејќи какви сме кога ќе седнеме позади воланот, во однос на пешаците.