QE3 ke ima koga EURUSD ke bide okolu 1.15 i S&P pod 1000 . zlatoto od 250 dolari oz stigna do 2000 za rok od 10 godini PARABOLA .a sekoja parabola zavrshuva neslavno isto kako sho zavrshi parabolata od 1980 godina koga zlatoto od 100 dolari se kaci na 900 i padna na 300 u rok od dve godini . Kakva industriska namena ima zlatoto i sho go pravi po dobar bet od Fiatot? 90 posto od zlatoto e za investiciska namena sho gi pravi i dvete bezverdni , i se dodeka se backed by governments nie ke mislime deka imat nekoja vrednost .
Jas licno u nikoj slucaj ne bi kupil zlato na ovaa cena . Ni fizicki ni ETF . Moze ke stigne i do 5000 ama ne mi se kocka.
Dolgorocen trejd na slednata dekada e shortanje na YEN vs dolar i vs EURO ( ako prezivee ako ne Deutch Mark)
Кога ќе има КјуИ не се знае ама не ми се верува да дозволи Бернанке во изборна година да има крах на берза. Златото нема индустирска намена 3000 години. Златото е валута која не е бекд бај ени гавермент. Во основа се движи поради страв од инфлација и а се додека има шанси САД да влезат во хиперинфлација тоа ќе расте. Значи во основа е шпекулација дека САД ќе реши да со обезведнување на доларот излезе од кашата. Се додека има шанси за тоа златото ќе расте.
Ако убаво го видиш графикот на златото од 1970-80 ќе видиш дека најголемиот раст е во последните 1-2 години и тогаш е вистинска парабола. Растот на златото од 2000 до денес е многу поблаг и далеку од параболичен. Може да стане парабола кога САД ќе банкротираат сега за сега не е. Најверојатно златото ќе падѓа во следната година макс 2 време му е за корекција исто како за време на кризата од 2008 поради страв од дефлација и кредитно-монетарен кранч. После тоа може да оди и параболично ако САД притиснат на печатење и ниски камати се додека не мораат да ги дигнат каматните стапки поради инфлација. Е само тоа виски каматни стапки во САД може да го уништат златото се до тогаш ќе оди само нагоре во период на економски раст. Нешто што го уби златото е камата од 20% во САД во 1980 т.е. камата над нивото на инфлација. Додека тоа не се случи злато ти е најсигурна инвестиција. Сега нема меур во златото ама е можно во иднина да има голем сличен на 1980.
Во право си Јенот е преценет и мора да паѓа но да го шорташ во однос на Долар или Евро е безсмислено бидејќи и двете економии се задолжени до гуша. А и на крајот на краиштата тоа е кладење дека Бенк оф Џапан ќе оди на девалција. Јапонија е веќе 20 години во дефлација и има смешни каматни стапки. А знаејќи ги Јапонците може никогаш памет да не им дојде.
Инаку најсигурна инвестиција во моментов не е злато туку кинески јуан најпотцентета валута вештачки се држи на ова ниско ниво од страна на кинеската влада. Ама кога тогаш ќе мораат да се отворат.
А инвестиција не на следнава декада туку следниве 2 декади (2020-2040) ќе бидат Американски Акции.
1. П/Е им паѓа од 2000 од 50 на 15 и ќе оди и под 10 а, 3 пати се случило во историјата тоа и секогаш следел силен секулар бул маркет после тоа. П/Д истото тоа го кажува.
2. Веќе 12 години од 2000 се во секулар беар маркет а имаат редовни цикулус од 1890 на окулу 10-20 години на наизменични беар/бул маркет (види го графикот од 1890-денес на Дао Џоунс.
3. САД ќе банкротира и акциите ќе бидат тотално обезведени од инфлација.
П.С. Најдобар доказ дека златото ќе оди горе кога ќе се подсреди Европа и САД ќе влезе во кризата е лани во кога и го намалија кредитниот рејтинг на САД веднаш имаше спајк во златото а дури после падна кога се загусти Грчката каша и сите почнаа да бегаат во УСД. Следниот удар ќе биде уште поголем кога ќе има уште едно намалување на крединтиот рејтинг на САД.