The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Упаднав несакајќи во темава. Последните две епизоди не сум ги гледал, немам време. А и кога станува збор за серии си имам други приоритети. Ама ова кое го прочитав не ми се допаѓа:
Добри се добри.
Уште малку епизоди има од сезонава, а како тргнала работава ќе оди и во 3та сезона разрешувањево на убиствово........me gusta :)
:eek:
Можно е да почекам да заврши сезонава, па потоа одеднаш да ги изгледам сите. Во случај да не го откријат убиецот и во ОВАА сезона, нема ни да се мачам.
 
decki aj preku pp dajte mi torent za 1 sezona 720p,barav ,ne mozev da najdam ,najdov nesto ama mnogu malku sideri imase,fala vi odnapred
 
Знам дека од форумот само 4-5 луѓе ја гледаме серијата, ама пак до толку никој да не коментира. Енивеј, денеска ги изгледав трите последни епизоди и не знам дали ми се чини, ама се подобрија. Ме потсеќа на почетокот на прва сезона, кога изгледав осум епизоди едноподруго.

Што се однесува до дејството, се надевам дека КОНЕЧНО го стеснија изборот на осомничени. Дали е Градоначалникот? Дали е Поглаварицата? Дали е Ејмс? Дали се сите тројца?

Друга работа која денес ептен ми падна во очи е што продолжуваат да ја следат фамилијата Ларсон. Ептен е ретко во серија од ваков тип подеднакво фокусот да падне на семејството на жртвата. Се подразбира дека нивните животи се уништени, дека целата таа хармонија и поврзаност е распадната, но овде овие луѓе не се споредни ликови. Напротив, понекогаш избиваат и во прв план. Мислам дека токму ова серијата ја прави толку добра.
 
Искрено минатата епизода умрев од досада додека ја гледав, многу ми беше тапа.
Во 9тава се средија, се ратија таму каде што требаа, го најдоа кругот на осомничени, сега уште да видиме кој ќе биде.....и некој има ли информација дали е продолжена серијава за 3та сезона или ќе завршува тука?
 
Се' уште не е продолжена, ама рејтинзите се катастрофални, особено во споредба со прва сезона. Очигледно финалето не ме изнервира само мене.
 
Искрено минатата епизода умрев од досада додека ја гледав, многу ми беше тапа.
Во 9тава се средија, се ратија таму каде што требаа, го најдоа кругот на осомничени, сега уште да видиме кој ќе биде.....и некој има ли информација дали е продолжена серијава за 3та сезона или ќе завршува тука?
Во оваа сезона го разрешуваат убиството на Рози, иначе сезонава ќе има 13 епизоди.

пс. каснам 2 епизоди, ама еве се јавувам колку да бидете 5-6 што ја глеате :)
 
Еее и да заборавив да кажам. Незнам што е со мене, ама во последно време сите серии што ги гледам децата што глумат во нив ми се така гадно, многу напорни. Овде Томи и брат му....Томи посебно, во Touch тоа малиот кога ќе го видам цревата ми се превртуваат, да не зборувам дома кога ќе пуштат Сител и тоа малиот Осман кога ќе почне да зборува......
До мене ли е, до улогиве што им ги даваат ли е стварно незнам, ама се плашам само уште малку Бран и Рикон да не почнат да ме напињаат.
 
За некое чудо овде децата воопшто не се напорни, туку баш таман се однесуваат како вистински ликови погодени од страшна трагедија. Особено ми се допадна сцената во собата и она "I miss Rosie". А не сакам ни да знам кој е Осман, ама ќе дознаам, за жал, здравје кога ќе ја посетам баба ми.
 
Мене ужасно ме нервираат продуценти-сценаристи без фантазија, па добро бе мајка му стара, мораше ли помалато дете, незнам како се вика кога на крај Стен ќе седи со Томи, да се избаци и да каже, "who will take care of us if you leave dad" мислам, по очигледно нешто (клише) за кажување во тој момент, немаше....е вакви работи како ме нервираат не сте свесни, ваков момент може цела епизода да ми ја заебе, или пак начинот на кој одреден иден пар во филмови/серии се запознава: или колата ќе и се расипе, или ќе се сретнат во продавница, (ова најчесто) или во кафич-дискотека, друго нема, мислам стварно!

Иначе other then that, доста добра епизода, многу тензична и морам да кажам дека Joel Kinnaman, (Холдер) прераснува во добар актер! само уште малце континуираност му фали и мислам дека имаме ѕвезда :)

П.С. Пред малце, барајќи му го вистинското име, чисто ради радозналост ги ѕирнав темите кои ги отварале на IMDB за него, и веднаш на првата страна, забележав дека и другите исто како мене почнале да го познават неговиот талент....мислам очигледно е дека типов е над нивото на сите во серијава....

(y)

2drul9i.png
 
Се' уште не е продолжена, ама рејтинзите се катастрофални, особено во споредба со прва сезона. Очигледно финалето не ме изнервира само мене.
Не е до финалето, втората сезона едноставно е многу послаба. Мистеријата ја снема, се изнаредија интересни осомничени, имаше пресврти... сега одамна веќе никој не е осомничен, ги нема мафијашите Ковалски или како се викаа, во центарот на вниманието е оваа Индијанката, подосаден лик здравје, нема интересни откритија, нема ништо значајно... премногу епизоди потрошени за купување време. Една епизода Холдер јаде ќотек, следната Линден, и тоа е тоа. И да, Томи имал проблеми во школо, пак.
 
^До мене ли е? Кога ми беше прекуглава од The Killing, на темава оптимизам невиден. Кога сите ја отераа последната епизода од GoT у пм, јас ја утепав од бранење. Што е следно? Да почнам да го оправдувам финалето на Lost и да тражам некаква логика во into the light сегментот? :)

Не сериозно, мое мислење е дека втората сезона се подобрија овие. Пред се' бидејќи повеќе не наидуваат на ќорсокаци како во прва (Ковалски, наставникот, политика, бело робје...), туку баш напротив, дејството сосе кругот на осомничени се стеснува. А и делот со нативните Американци ми е ептен интересен, има некаква мистерија на целиот тој остров. Тоа и криптичниот линк на Поглаварката прават еден нов свет во Сиетл и добро е што се фокусираат на неговото разоткривање.

Мислам дека ми е сеедно дали ќе завршат или не. Од една страна, темата на серијата е убиство - еднина. Но, од друга пак, читав дека данската верзија успешно се справила со нови случаи секоја нова сезона.
 
Не зезај, во што се подобриле? Во прва сезона имаше мистерија околу Дарен, епизодите со професорот на Рози беа одлични, која тензија беше само Стен кога го пушти првиот пат... Според мене единствена слаба епизода во првиот дел беше 11 ако го памтам добро бројот, тоа е онаа кога Линден си го бараше синот, ништо не се случи во таа епизода, се купуваше време.

Сега ништо нема буквално, има нов шеф во полиција кој го прават да изгледа најкорумпиран тип а на крајот ќе излезе дека е чист, само бил претерано принципиелен... има една залутана мајка која ако се собере и одземе се што направи во втора сезона е еднакво на чиста нула... сестра и исто така се изгуби комплетно. Дарен и тимот прават беззначајни муабети околу кампањата... лошо е што очекував да се подобрува како оди кон крајот, ама ништо од тоа. Најлошо е што изгледав две лоши епизоди на GoT и The Killing едно по друго.
 
Се подобрија во однос на тоа што ја фокусираа истрагата кон една цел - Островот. Не се повеќе расштракани на сите страни, со траги кои не водат никаде, осомничени for the sake of it, нелогични потези на карактерите. Односно, барем се надевам дека ќе испадне вака како што мислам. Ако во последен момент испадне нешто сосема шесто, некој глуп „пресврт“, ќе си ги изедам зборовите еве јавно овде :)
 
Имаме различна дефиниција за подобрување на оваа серија, тоа е проблемот :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Најлошо е што изгледав две лоши епизоди на GoT и The Killing едно по друго.
Еееј баш последнава се подобрија. Претходната беше убер-досадна, мислев дека цела вечност трае. Оваа епизода колку-толку ги средија работите, се качија на 10тиот спрат, е сега Линден малку главата ќе ја боли, ама за тоа ќе видиме во понеделник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom