Пред се, јас не претставувам ниту еден македонски спортист, исто како што не претставувам ниту еден македонски спортски клуб.
Истовремено, не сум обожавател на ниту еден македонски спортист, исто како што не сум обожавател на ниту еден македонски спортски клуб.
А сега мојот коментар на твоето лично мислење:
Е па, те молам прости им на македонските спортисти и на македонските спортски клубови кои се оставени сами на милост и немилост на околностите и на судбината, не можат сите да живеат и да работат во САД за да можат да си ги платат трошоците за учество на било кое и на било какво натпреварување.
Ретки се среќлиите како ФК Вардар кој денес не ќе постоеше ако градот Скопје не го спасеше од пропаѓање во 2011.
Секоја и чест на девојката, и посакувам уште повеќе среќа и уште повеќе успех, не само на нејзе, туку и на секој македонски спортист, како и на секој македонски спортски клуб.
Но те молам разбери, не можат сите да живеат и да работат во САД, Канада, Австралија, Германија и не знам уште каде, за да можат од свој џеб да си ги плаќаат трошоците за учество на било кое и на било какво натпреварување.
На тебе, но и на сите останати им предлагам да ја гледаат телевизија 24 Вести, на официјалниот веб сајт на телевизијата има Интернет врска за емитување на телевизиски сигнал во живо преку Интернет 24/7, одвреме навреме има по некоја интересна сторија за македонските атлетичари, за македонските пливачи и за ред други македонски спортисти кои сакаат да го дадат максимумот од себеси, но со држава која ги финансира доволно за да пристигнат и се сместат на само 1 до 2 дена пред натпреварувањето или пред квалификациите, колку и да сакаат, не можат да го дадат максимумот од себеси после долго патување и сеуште неприлагодено тело на непознат терен:
http://www.24vesti.com.mk/
Телевизијата може да се следи во живо на Интернет и преку WEB.MaxTV.mk:
http://www.web.maxtv.mk/
Во целост се согласувам со тебе.
Овој идиотизам од типот "Ајде да славиме, за прв пат сме стигнале до таму и таму, секоја чест" излегува од секаква контрола.
На крајот на краиштата, и невработеноста и цените на нафтата и на нафтените деривати рушат нови рекорди, па не гледам да го славиме тоа.