Македонски екипен ракомет

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Отсекогаш сме имале квалитетни екипи во екипен ракомет, порано повеќе во женска категорија, денес повеќе во машка... Порано беше Кометал ЃП, денес се Металург и ЖРК Вардар (оној од идната сезона), а се најавува и враќање на Трифке во женскиот ракомет. Кај мажите порано беа Пелистер, Вардар, Преспа, денес главно се Вардар и Металург. Со оглед на тоа што сега се „тепаме“ на темите на нивните фан клубови, мислам дека е подобро да имаме една единствена тема, ако модераторите не се сложуваат слободно нека иде во канта.

Сега, да почнам со дискусија... На темата за Вардар Про некој ме праша зошто мислам дека Металург е поквалитетен од Вардар... Ајде да почнам од стартната постава, позиција по позиција...
Голман: Дарко Станиќ е подобар од сите голмани на Вардар, заедно. Истото важи и за резервните голмани, посебно Митревски кој треба да биде иднината на нашата репрезентација. Не е баш млад, ама сигурно ќе може да брани најмалце уште 7-8 години.
Левo крило: И на оваа возраст Алушовски е подобар од помладите Манасков и Ојлески кои се приближно исти по квалитет.
Лев бек: Наумче Мојсоски, знам дека е среден... ама ете го играат на лев. И таков е подобар од Филип Лазаров, за кој мислам дека е најпотценетиот играч што некогаш сме го имале, со правилни тренинзи, посветена работа од него и неговите тренери сигурно ќе беше одличен ракометар, и вака на моменти има блескави игри. Исто така и Козлина е горе-доле на нивото на Филип во напад, за одбрана да не коментираме.
Среден бек: Наумче Мојсовски и Миркуловски се многу подобри од Додер... И да, сега следува прашањето, зошто тогаш го купуваат од Металург. Оти Додер е исто подобар од Стојчевски и би бил одлична замена за првите двајца.
Десен бек: Исто така и на оваа позиција Металург се многу посилни, Марковиќ е бомбардер, а и Левов е одличен играч, иако е доста паднат во формата. Се надевам дека наредната сезона ќе заврши во Вардар, играчите кои Вардар ги има на оваа позиција се смешни.
Десно крило: Георгиевски можеби е далеку од врвна класа, ама дефинитивно е најдоброто десно крило кое во моментов игра во Македонија. Далеку поквалитетен од Златко Мојсоски и Јовчевски. Собол е далеку и зад овие вториве.
Пикер: Единствената позиција на која им давам предност на Вардар, посебно поради македонските пикери. Стоилов е еден од најдобрите пикери на Балканов, Маркоски има уште голем простор за напредување, се надевам дека ќе се работи правилно со него и нема да биде ист случај како Филип Лазаров, сепак има среќа што брат му и не е некој добар напаѓач. Кај Металург, Ракчевиќ е одличен пикер, ама моментално мислам дека е послаб од Столе, Димовски годините го стигнуваат, а стомакот веќе му се влечка по паркетот.
Одбраната: Металург имаат фантастична одбрана, ако се биде како што треба, противниците тешко постигнуваат над 25 голови. И Вардар играат добра одбрана, благодарение на големата ротација која ја практикува Вујовиќ.
Тренерите: Червар на хартија е далеку подобар од Вујо, верувам дека сите играчи и од двата тима би напредувале многу повеќе доколку тренер им биде Червар и ако ги имаат условите кои ги нуди Металург. На терен Червар знае целосно да се изгуби, посебно во моменти кога Металург го губи водството, губи чувство кога да повика тајм-аут, некогаш прави непотребни ротации и не ги остава играчите да влезат во ритам. Голема ароганција, не сака да отстапи од некои негови глупи потези, посебно играњето со играч со маркер. Прво, нападот на Металург и не е баш најсаен, лесно знаат избрзано да шутнат и да изгубат топка, а второ, Стојчевски и не е којзнае колку квалитетен. Вујо, доста солидно ги комбинира играчите со кои располага, и немам замерки за него оваа сезона. Околу притисокот врз судиите, и двајцата тренери се горе-доле тука.
Навивачи: Комитите се подобри навивачи од Пиратите, побројни се фала богу, Вардар има поголема историја, бил поуспешен клуб и нормално дека ќе има повеќе навивачи. Но за жал, Комитите одлучија да не бидат редовни на средбите на Вардар, така да тука се губи тој ефект. За навивачите на Металург, нормално дека се помалкубројни, оти главно доаѓаат од Автокоманда. Кога би ги споредил навивањата на Комитите во последната сезона на ЛШ, со навивањата на Пиратите оваа сезона во ЛШ, Комитите се неколку класи подобри и нема што тука да се дискутира.
И за крај, и Вардар изгуби во ЕХФ од Извиѓач што не значи дека се послаби од нив.
Мора да се напомене дека Металург изигра +12 мечеви во Европа, а и повеќето нивни играчи се главни играчи и во репрезентацијата. Знам дека не сум некој стручњак, ниту имам совршени споредби, но добро е да се отпочне ваква тема.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
И сегде се многу посилни а од 4 меча скорот е 2 победи за вардар 1 нерешена и 1 пораз, и бтв ниту еден меч не се играл на наш терен досега :D

Се согласувам со некои точки, со некои не.

Али битно мислам дека нема потреба за нова тема, си можел да го напишеш во било кои од двата фан клуба, пошто и онака има многу теми во подфорумов а само две-три се активни.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во екипниот ракомет отсекогаш имало конкуренција и нормално од таму произлегувале најдобрите наши играчи. Бидејќи почна со Кометал, доволно е да се потсетиме кои се имиња поминаа низ нашиве простори од голмани како Дину и бекови како Будимир до објективно најдобриот голман во свет Станич и тренер Лино Червар. Произлегоа и наши играчи кои се сега во главна улога во репрезентација но и кои биле во минатото. И моментално се води најголема битка во Македонскиот екипен ракомет. Мислам дека и СЕХА многу го помогна ова бидејќи со нејзе се подигна нивото во регионот со тенденција и во иднина да се зголемува. И точно условите сега се далеку подобри од порано па и од оние во кои Кометал тренираше и работеше.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
До негде се согласувам околу некои твои ставови, ама изгледа не е се до индивидуалноста. Втор пат сезонава победува колективот, а и тренерот. Червар е врвно ракометно име, ама Вујо му одржи лекција на 2 пати како се води екипа. И не само тоа, на последнава утакмица приметив како играчите на Вардар се бодреа меѓу себе по нивни грешки, ниеден не глумеше шериф за разлика од оние на Металург, Мојсо при едно грешно додавање за малце фалеше да го затепа Жарко Марковиќ. Многу пати сме биле сведоци на неговото шерифување на утакмици. Да не збориме за гестикулациите на одредени играчи од кај нив кон фановите на Вардар....
На почеток на сезона ги откорнав од пцуење моменталниве играчи на Вардар, тогаш изгледаа како најслабите што заиграле тука у последниве неколку години. Многу ми е мило што ме демантираа.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
за муабетот околу тренерите
не дека сум некој голем познавач на ракометот ама искрено овај Червар многу греши со тој бавен ракомет и сигурен сум дека ако играше Вујо со истиот тим ќе имаше поголем успех
плус се на се лошо е шо истото то се пренесе и во репрезентацијата
пак ќе речам сигурен сум дека со друг тренер и металург и репрезентацијата..со различно сваќање(акомодација на тој брз модерен ракомет) ќе имаја поголем успех
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вардар може да практикува побрза игра бидејќи Вујо има и користи повеќе играчи во ротација кај Лино тоа не е случај и за да се задржат снаги за цел меч со тие негови 6-7 играчи се форисра поспора игра. И затоа Вардар има поголема свежина така беше и во СЕХА финалето и сега во купот ги искористија падовите на Металург. Од друга страна кај Лино клучот на успехот е во одбраната и многу малку примени голови што се покажа во статистиката во ЛШ... Според мене се во прашање две различни филозофии, Вардар има повеќе играчи што можат да бидат носители на игра ама со просечен квалитет, кај Металург испливаат неколку играчи што се класа над другите и со тоа и целите на двете екипи беа различни. Нема да навлегувам кој е поголем успех дали да играш за четвртфинале во ЛШ или да освоиш СЕХА и Македонсиот куп... Со Додер Металург ќе има поширока ротација ама пак за ЛШ за поголем успех е хендикеп немањето на уште еден класичен бек шутер што генерално е рана и во репрезентација.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.792
Отсекогаш сме имале квалитетни екипи во екипен ракомет, порано повеќе во женска категорија, денес повеќе во машка... Порано беше Кометал ЃП, денес се Металург и ЖРК Вардар (оној од идната сезона), а се најавува и враќање на Трифке во женскиот ракомет. Кај мажите порано беа Пелистер, Вардар, Преспа, денес главно се Вардар и Металург. Со оглед на тоа што сега се „тепаме“ на темите на нивните фан клубови, мислам дека е подобро да имаме една единствена тема, ако модераторите не се сложуваат слободно нека иде во канта.

Сега, да почнам со дискусија... На темата за Вардар Про некој ме праша зошто мислам дека Металург е поквалитетен од Вардар... Ајде да почнам од стартната постава, позиција по позиција...
Голман: Дарко Станиќ е подобар од сите голмани на Вардар, заедно. Истото важи и за резервните голмани, посебно Митревски кој треба да биде иднината на нашата репрезентација. Не е баш млад, ама сигурно ќе може да брани најмалце уште 7-8 години.
Левo крило: И на оваа возраст Алушовски е подобар од помладите Манасков и Ојлески кои се приближно исти по квалитет.
Лев бек: Наумче Мојсоски, знам дека е среден... ама ете го играат на лев. И таков е подобар од Филип Лазаров, за кој мислам дека е најпотценетиот играч што некогаш сме го имале, со правилни тренинзи, посветена работа од него и неговите тренери сигурно ќе беше одличен ракометар, и вака на моменти има блескави игри. Исто така и Козлина е горе-доле на нивото на Филип во напад, за одбрана да не коментираме.
Среден бек: Наумче Мојсовски и Миркуловски се многу подобри од Додер... И да, сега следува прашањето, зошто тогаш го купуваат од Металург. Оти Додер е исто подобар од Стојчевски и би бил одлична замена за првите двајца.
Десен бек: Исто така и на оваа позиција Металург се многу посилни, Марковиќ е бомбардер, а и Левов е одличен играч, иако е доста паднат во формата. Се надевам дека наредната сезона ќе заврши во Вардар, играчите кои Вардар ги има на оваа позиција се смешни.
Десно крило: Георгиевски можеби е далеку од врвна класа, ама дефинитивно е најдоброто десно крило кое во моментов игра во Македонија. Далеку поквалитетен од Златко Мојсоски и Јовчевски. Собол е далеку и зад овие вториве.
Пикер: Единствената позиција на која им давам предност на Вардар, посебно поради македонските пикери. Стоилов е еден од најдобрите пикери на Балканов, Маркоски има уште голем простор за напредување, се надевам дека ќе се работи правилно со него и нема да биде ист случај како Филип Лазаров, сепак има среќа што брат му и не е некој добар напаѓач. Кај Металург, Ракчевиќ е одличен пикер, ама моментално мислам дека е послаб од Столе, Димовски годините го стигнуваат, а стомакот веќе му се влечка по паркетот.
Одбраната: Металург имаат фантастична одбрана, ако се биде како што треба, противниците тешко постигнуваат над 25 голови. И Вардар играат добра одбрана, благодарение на големата ротација која ја практикува Вујовиќ.
Тренерите: Червар на хартија е далеку подобар од Вујо, верувам дека сите играчи и од двата тима би напредувале многу повеќе доколку тренер им биде Червар и ако ги имаат условите кои ги нуди Металург. На терен Червар знае целосно да се изгуби, посебно во моменти кога Металург го губи водството, губи чувство кога да повика тајм-аут, некогаш прави непотребни ротации и не ги остава играчите да влезат во ритам. Голема ароганција, не сака да отстапи од некои негови глупи потези, посебно играњето со играч со маркер. Прво, нападот на Металург и не е баш најсаен, лесно знаат избрзано да шутнат и да изгубат топка, а второ, Стојчевски и не е којзнае колку квалитетен. Вујо, доста солидно ги комбинира играчите со кои располага, и немам замерки за него оваа сезона. Околу притисокот врз судиите, и двајцата тренери се горе-доле тука.
Навивачи: Комитите се подобри навивачи од Пиратите, побројни се фала богу, Вардар има поголема историја, бил поуспешен клуб и нормално дека ќе има повеќе навивачи. Но за жал, Комитите одлучија да не бидат редовни на средбите на Вардар, така да тука се губи тој ефект. За навивачите на Металург, нормално дека се помалкубројни, оти главно доаѓаат од Автокоманда. Кога би ги споредил навивањата на Комитите во последната сезона на ЛШ, со навивањата на Пиратите оваа сезона во ЛШ, Комитите се неколку класи подобри и нема што тука да се дискутира.
И за крај, и Вардар изгуби во ЕХФ од Извиѓач што не значи дека се послаби од нив.
Мора да се напомене дека Металург изигра +12 мечеви во Европа, а и повеќето нивни играчи се главни играчи и во репрезентацијата. Знам дека не сум некој стручњак, ниту имам совршени споредби, но добро е да се отпочне ваква тема.
Ti znaes li sto naprai sea?? Mi napravi edna individualna sporedba, a prasanjeto bese dali Metalurg ovaa godina vo duelite so Vardar dokaza deka e podobar tim?? Citaj TIM... Ako e za toa aj idi sporeduvaj go Majami hit individualno so nekoja druga ekipa... Normalno deka nemozes da gi sporeduvas poso individualno se najaki.. Ama bea shampioni? Go nadigraa Dalas? Za toa praime muabet;) Pozdrav
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Ti znaes li sto naprai sea?? Mi napravi edna individualna sporedba, a prasanjeto bese dali Metalurg ovaa godina vo duelite so Vardar dokaza deka e podobar tim?? Citaj TIM... Ako e za toa aj idi sporeduvaj go Majami hit individualno so nekoja druga ekipa... Normalno deka nemozes da gi sporeduvas poso individualno se najaki.. Ama bea shampioni? Go nadigraa Dalas? Za toa praime muabet;) Pozdrav
Oк, според тебе како тим Извиѓач е подобар, така? (зборам за Европа, не за СЕХА)
И како тим Металург е подобар, никој не му е крив на Червар што не знае да го искористи тоа.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
На Боби хејт анализите се поинтересни од темава... која споредба човече... ако некој играл ракомет во најмала рака споредбава ќе му биде смешна , барем вака како што е напишана. Споредување на 14 играчи и 6 од металург биле класа над тие на Вардар ? Ако си играл ракомет ќе осетиш што значи да бидеш доминантен на 6 позиции. Споредбава ти е безмалку како да правиме муабет за Куманово....
Таа ротација што ја споменуваш како предност на Вардар не е измислување на топла вода, Металург не е за жалење има играчи во најмала рака колку Вардар што има но ќоравиот изгледа не ги гледа... Дали некој му е крив што незнае да го искористи Алушот? Секоја чест за она што го игра Манасков, иако има 20 години почна да се жали на грчеви во ногата кој е крив Вујович што слепецот незнае да ги распредели силите рамномерно? Стојчевски освен во играта со маркер јас не го видов да влезе во комбинација... Наумовски може далеку подобро да се искористи Козлина исто ... ама никој не ги коментира нивните мани туку сите го правиме Вијович тепачиште. Т.е не сите Сител :tapp:
Вардар годинава има далеку потечна игра од Металург. Нивната игра се базира на расположливоста на бековите да ги кршат головите...Ама Џамбо прави чуда и што е најбитно 2 пати годинава го погоди вистинскиот момент да почне да прави чуда на гол... кај ќе бегаат догодина тоа не ми е јасно! Вардар игра преку сите позиции Марковиќ/Ојлевски Столе/Николиќ Додер разигрува Филип знае да шутне, Петрич колку знае да го погоди моментот кога да даде гол... а еве сега и Јовчевски мислам дека има простор да испадне крило што може со добра ротација да допринесе доста за тимот....

Посекако ставот ми е дека нетреба да остане темава....без врска е се сведува муабетов на Вардар Металург а овие вториве не заслужуваат да бидат спомнати за клупски ракомет во Македонија не е фер ова спрема Пелистер...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Доста различни екипи се и двете.Мене многу повеќе ми се свиѓа како е скоцкан Вардар во моментот.
Металург е многу неурамнотежена екипа.Реално,освен на пикер ги имаат најдобрите поединци на секоја позиција,арно ама после нив потоп.Додека кај Вардар нема симнување од коњ на магаре,сите се горе-доле солидни играчи,без некоја голема ѕвезда кои на добар ден можат да спопикаат по 6-7 гола од игра.

На левото крило Марковиќ и Ојлески ми се исти со Алушевски и Манасков.Само што Алушот има 40 години,Манасков 19-20,а овие во најдобри години.
Десно ни Георгиевски е е некоја класа,Козла уште помалку.......Јовчевски е тука некаде со него,Собол со Георгиевски.Крилата според мене се исти.

На пикер нема дискусија,добар е тука Металург,но Вардар е дупло подобар.И Николиќ и Маркоски,а посебно СТОЛЕ се ѕверови.На Металург Ракчевиќ и Димовски се сокапани од повреди.
Одбрамбени играчи......... најдобар е Мите Стоилов,но тој е сокапан од повреди.После него следуваат Велко и Кукоски,под нив по квалитет иде Јоноски и на крај Абутовиќ.Тука е Металург посилен,но реално на било која екипа и треба само 1 ваков прав играч.

Лев бек - Лазаров вс. Козлина.Едниот е подобар во напад,другиот во одбрана.Други играчи тука баш и немаат,сите други се спрецијалисти за во одбрана.
Десен бек - Симовиќ/Петриќ вс. Марковиќ/Левов. Предност на Металург,пред се поради Марковиќ.Уште една позиција каде што Металург го има најдобриот од двете екипи.Петриќ е стар,но секогаш кога е тесно тој повлекува и се решава на шут.Да беше бар 3 години помлад......
Среден бек - Миркуловски/Мојсоски/Стојчевски вс. Додер/Карачиќ//ВујовиќАнѓеловски.Последниве не се ни вредни за спомнување,додуше Стојчевски е нешто подобар.
Тука Металург е најјак,ги има најјаките двајца.Нешто послаб од нив е Додер кој е исто квалитетен ракометар.Вујовиќ и Карачиќ се класа под овие тројца (додуше Карачиќ бар во финалево прв пат покажа дека може да биде добар,ај има алиби тешка повреда). Како и да е,Вардар има поголеми можности за ротирање и на оваа кај Металург екстра јака позиција.

Металург го јаде Вардар во голманите,тоа е единствената позиција каде што Металург го има и најдбриот играч и поголем избор на играчи.Сепак не се ни тие на Вардар за фрлање,особено не Милиќ.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.243
Посекако ставот ми е дека нетреба да остане темава....без врска е се сведува муабетов на Вардар Металург а овие вториве не заслужуваат да бидат спомнати за клупски ракомет во Македонија не е фер ова спрема Пелистер...
lol ...џабе тоа погоре си го навел, кога на крај со ова се усра, и тоа бааѓи.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
lol ...џабе тоа погоре си го навел, кога на крај со ова се усра, и тоа бааѓи.
Па така е кога си опинок и не разбра што кажав :D Темава никогаш неможе да го добие значењето на насловот зошто ќе се претвори во мерење ташаци Вардар Металург кои досега ги водевме по фан клубовите или на темите Регионална лига и таа за првенството... Исто така и да помине темава ќе помине ради дискусии Пелистер Вардар пошто мислењата на телетабисиве што мислат дека сонцето изгрева од кај газот на Минчо за мене се исто како репортажи на Бекстејџ
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.243
Па така е кога си опинок и не разбра што кажав :D Темава никогаш неможе да го добие значењето на насловот зошто ќе се претвори во мерење ташаци Вардар Металург кои досега ги водевме по фан клубовите или на темите Регионална лига и таа за првенството... Исто така и да помине темава ќе помине ради дискусии Пелистер Вардар пошто мислењата на телетабисиве што мислат дека сонцето изгрева од кај газот на Минчо за мене се исто како репортажи на Бекстејџ
Па што кажа, ти го негираш успехот на Металург во овие неколку години што го прај и го спушташ на некое си ниво на тим кој е во долен дел на табела во Македонско првенство. Тоа што тебе не ти одговара е друга работа.
Темата незнам што и фали, вие секако си ги мерите на темата на Металург...
И тоа што Металург речиси и да нема прави навивачи моментално, не го менува фактот дека во моментот (а моментот бааѓи време трае) дека во секој поглед се по организиран тим од твојот Вардар.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.792
Oк, според тебе како тим Извиѓач е подобар, така? (зборам за Европа, не за СЕХА)
И како тим Металург е подобар, никој не му е крив на Червар што не знае да го искористи тоа.
Taka da.... Metalurg e top 4 tima u evropa;)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па така е кога си опинок и не разбра што кажав :D Темава никогаш неможе да го добие значењето на насловот зошто ќе се претвори во мерење ташаци Вардар Металург кои досега ги водевме по фан клубовите или на темите Регионална лига и таа за првенството... Исто така и да помине темава ќе помине ради дискусии Пелистер Вардар пошто мислењата на телетабисиве што мислат дека сонцето изгрева од кај газот на Минчо за мене се исто како репортажи на Бекстејџ
Работава е смешна и испаѓа Вардар е име и готово не смее да постојат други екипи во Македонија или сите што постојат се вештачки. Па сега треба да се збори дека Металург не е екипа од вчера, била и конкурентна во минатото си има своја историја и свои играчи што биле во врвот на македонскиот ракомет уште поодамна.
Ако се гледа реално на работите и едните и другите газеле врз конкурентите на секој можен начин дали сега дали порано и преку судии и преку разно разни препирања смешно е да се оправдува и купувањето на Додер од страна на Металург али дека и Вардар не бил во тој круг со судии преку Михајловски кој долго време се држи високо е чиста вистина... настрана тие муабети ако пак сме објективни моментално Металург е далеку поорганизирана екипа од Вардар на секое поле само пак двете титули на Вардар оваа сезона не може ништо да ги избрише, туку обично квалитетот на една екипа се гледа по една цела сезона а не по еден дуел во кој се е отворено. Вардар многу лесно беше отфлрен од 17годишните од Извиѓач и после тоа ја освои СЕХА :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom