Драч е катастрофа. Двапати бев таму, првиот пат беше океј, пошто сеуште немаа почнато со градење на хотели и немаше гужва, ама вториот пат...
Пред некоја година бев во Валона и Саранда, и попат посетив и некои мали местенца во тој регион. Останав без зборови. Преубави места, и плажи какви што до тогаш имав само на слики видено. Сретнав еден тон македонци по продавници, од Скопје, Велес, итн. На доста од нив и им помогнав за да се разберат по продавници, ова она, оти народот таму освен италијански и грчки, слабо стојат со странски јазици. Ама ќе научат и англиски, а богами и македонски, ако видат дека тоа леб им носи, а може да им носи.
Инфраструктурата не беше на завидно ниво, ама има потенцијал целиот тој регион.