Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Тоа што Груевски го кажа е точно така, до последна запирка и точка. Е сега дали на таков начин да се каже вистината е политички мудро и тактички... неверувам. Мислам дека му пукна филмот мафтајќи со пресудата во рака, пукна човекот... Пропадна и последниот обид преку Кина како членка на советот за безбедност да се постави пресудата на дневен ред на советот и да се проба да се издејствува некоја резолуција која ќе ја оживее пресудата пред самитот на НАТО. На првата посета во кина сигурно кинезите нешто ветуваа ама изгледа се консултираа со Русија и на втората посета му кажаа на Груевски дека таа работа со советот нема да ја биде, Русија најнормално не е волна да се зачлениме во НАТО. Оттаму револтот и нетактичноста. Едноставно Груевски ја изгуби и последната трошка на верба во меѓународното право, свати дека таму владее интересот а не некое право, дека таму правото владее само кога е во прилог на помоќните. Крај на крај секако не не есапат за ништо, па ниту губиме ниту добиваме со оваа изјава на Груевски. Речникот одговара ако не за друго барем на народот да му стане јасно дека од НАТО и ЕУ интеграциите не бидува ништо.....
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Што се чудите толку?
100 пати ни е кажано дека нема во НАТО без договор со Грција, т.е. мењање на името.
Името не е сменето и затоа не сме поканети. Очекувавте НАТО да ги смени своите правила заради нас?

Ние сме сопственост на јаките (НАТО и Америка) и ке правиме што ке ни кажат или ке не натртат.

Зар некој од вас верува во правда во меѓународната политика? Или играш како ти свират или ти ги кршат нозете и нема веќе играње.

А за некаков договор со Русија, погледнете је мапата, од 3 страни НАТО членки од четврта земја која нема море исто така опкружена од НАТО членки. Значи пиши крај на таа идеја.

За оние кои спомнаа нешто со Турција, исто ги упатувам да ја погледнат мапата за да сватат дека Турција не граничи со нас а ние немаме море. Крај приче. Бугарија или Грција ке дозволат нивните ривали да дојдат тука?
Сопствениците на НАТО (Америте) ке дозволат?

Држави кои немаат излез на море, а не се Швајцарија наебале.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90

Премогу ти е едноставно мислењето. Симплистичко. Го гледаш надворешниот свет како единствен и здружен против Македонија, како да сме ние некој изрод или пак сосема непожелна светска појава.

”Јаките” во НАТО не поддржуваат со сите сили, никогаш немало толку многу позитивна енергија од членките кон Македонија. Ама не сакаат да се замерат со Грција, криејќи се под изговорот на солидарност. Едноставно не сакаат да отвараат Пандорини кутии. Сепак ќе им стане јасно дека вака само се губи време и се ослабнува внатрешната кохезија во НАТО. Не се и тие совршени.

Македонија и порано била камен на сопнување на големи интереси.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Очекувавте НАТО да ги смени своите правила заради нас?
Rabotava e sto vo nitu edno pravilo na NATO ne pisuva deka bilateralnite problemi se uslov za priem na zemja clenka vo Alijansata, uste poveke ako se znae deka ovoj spor dobi i sudska razvrska. Pravilata ne se pravila tuku se isklucoci i bukvalno pravenje na kejf na pederanata od jug.
Znaci nie voopsto ne barame da se menuvat pravilata , naprotiv nie barame pravilata na igra da vazat za site ednakvo. Vsusnost toa mu e i muabetot na premierot i jas vo toa 100% go podrzuvam. A kako sto citam ima podrska i od ostanatite neutralni drzavjani na Makedonija.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Изгледа влеговме во продолженија, уште малку ќе се шутираат и пеналите и ќе знаеме на што сме.

Штета што се работи за Македонија,инаку ептен ќе беше „луд-збуњен-нормалан„ ситуација за сеирење. Пази ова, тоа што сите го дрват со години по кафани и слави е точно, ама кога доаѓа од уста на Грујо е погрешно, па испаѓа дека било „плачипичкарски„ да се каже тоа што е кажано (па испаѓа дека е херојски да го примаш ама глас да не пуштиш. А у меџувреме Албанциве ја спасуваат Македонија од Македонците:D. Шоу.
 
?

..........

Гостин
Уште колку ке не возат такви како Груевски и останати еднооки ликови..........? со ваквите ваши ставови и размислувања се потврдува мојата теза за народот....премиерот се расплака затоа што никој не сака да си игра со него, призна јавно дека е неспособен........а народот дојде до заклучок дека имал големи јајца:facepalm:

свати дека таму владее интересот а не некое право, дека таму правото владее само кога е во прилог на помоќните.
Значи стварно многу глуп човек бил, па колку време му требаше да свати нешто што го знае секој што дрви политика на маса??

Кутриот тој сега сватил дека од секое дрво не бива шупелка, тој зема плата за својата работна фунција, ако е неспособен нека си поднесе оставка, цела негова кариера и подршка од народот се заснова на ветување за интеграција на државата токму во тие мегународни институции....сгега кој е глупавиот и изманипулираниот, народот или тој? или се наоколу е глупаво.....?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Уште колку ке не возат такви како Груевски и останати еднооки ликови..........? со ваквите ваши ставови и размислувања се потврдува мојата теза за народот....премиерот се расплака затоа што никој не сака да си игра со него, призна јавно дека е неспособен........а народот дојде до заклучок дека имал големи јајца:facepalm:

Значи стварно многу глуп човек бил, па колку време му требаше да свати нешто што го знае секој што дрви политика на маса??

Кутриот тој сега сватил дека од секое дрво не бива шупелка, тој зема плата за својата работна фунција, ако е неспособен нека си поднесе оставка, цела негова кариера и подршка од народот се заснова на ветување за интеграција на државата токму во тие мегународни институции....сгега кој е глупавиот и изманипулираниот, народот или тој? или се наоколу е глупаво.....?
А бе па кој машки полов орган сте запнале за некакви си евроинтеграции?Кај сме ние географски, на Антарктик?
Каква поддршка, за влез со промена на име?НЕ!И тие проЕУ/НАТО ориентирани поголем дел би одбиле влез со промена на име, бидете малку реални упм.И интересите се променливи, денес е бело, утре е црно!
И јас не ја поштовам политиката на Груевски, внатрешната, економската, ама за ова 102,5% е ок!За ова не се осеќам воопшто изманипулиран.
Секогаш ние да глумиме куртоазија и секогаш да го добиваме по тиква и уште задоволни да сме зошто ни дале ќотек?За се постојат граници.Зошто ние да немаме црвени линии како сите други?Дека сме биле мали по територија?Е ај еднаш да смениме, преку таквото веќе од нивните квази дипломатии.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
цела негова кариера и подршка од народот се заснова на ветување за интеграција на државата токму во тие мегународни институции...
Тоа може многу лесно да се провери. И е многу неточно. Јас на пример, никогаш не сум гласал за Грујо затоа што тој ветил дека ќе не внесе во ЕУ и НАТО. Ти доколку си гласал имаш право да се лутиш и да бараш нови избори во кои ќе си ја исправиш грешката.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Груевски (односно Протуѓер) како експерт за медиумска манипулација многу добро знае дека играњето на картата на жртва и Македонија како мета на неправди жари и пали кај народот.
Народот пак, очекувано, се сожалува на ваквиве цмиздрења на првиот човек во државава.
Тоа ти се вика обострана љубов - Груевски кон простиот, излажан и мизерен народ и народот кон премиерот- „жртва на историска неправда“.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Каде што има сила тука нема правда, и со си ова реченица предлагам да се затвори ова тема,стварно нема смисла веќе да се дебатира како е и што е и како ќе биде во иднина..
Кратко и јасно,нема влез во НАТО, а изјавата на Груевски ќе ги иритира Западните земји, и како контра на ова ќе не дестабилизираат преку Албанскиот фактор,заради тоа во иднина Господ да ни поможи,незнам што да коментирам веќе, стварно ова е разочарувачко за цела Македонска Нација..
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Груевски (односно Протуѓер) како експерт за медиумска манипулација многу добро знае дека играњето на картата на жртва и Македонија како мета на неправди жари и пали кај народот.
Народот пак, очекувано, се сожалува на ваквиве цмиздрења на првиот човек во државава.
Тоа ти се вика обострана љубов - Груевски кон простиот, излажан и мизерен народ и народот кон премиерот- „жртва на историска неправда“.
Можеш овде слободно да напишеш кој дел од ”прост, излажан и мизерен” се однесува на мене лично како дел од народот и на многу други овде кои се среќни со интервјуто на премиерот. Навредуваш без да знаеш.

Тие ”цмиздрења” се барем искрени ако ништо друго. Ако мислиш дека се популизам, повели напиши нешто позитивно како алтернатива наместо да ја тераш старата приказна дека сме пониски од тоалетска хартија.
 
?

..........

Гостин
А бе па кој машки полов орган сте запнале за некакви си евроинтеграции?Кај сме ние географски, на Антарктик?
Сега на форумов оваа е најполитичка тема, како никогаш досега во последниве години од кога не постои подфорум политика, се надевам одговорните се свесни за ова, и ја имат ситуацијата под контрола, или пак е пробен балон за да се види форумџиската реакција...како и да е, добро е, и потребно да се дискутира...

Сомнително лице, ниту јас, ниту ние, ниту вие сме запнале за евроинтеграциии, а и да сме го правеле тоа е ирелевантно, зотоа што ние вие и тие сме обични смртници, плаќачи на данок кон државата со која управува дотичниот господин господин Груевски, истиот господин кој ќе напоменам пак градеше кариера лажејки го народот дека ќе ја интегрира државата во евроатланските институции. Како политичар (нормално нели) до вчера собираше политички поени на она што го исплука во истата ден, тој треба да знае она што сите го знаеме, дека политиката е таква каква што е и треба способност за да се биде добар политичар, да ја интегрира државата во евроатланските институции, паралелно на тоа да изгради стабилна економија...она што го ветуваше.......не исполни ни едно од двете најголеми приоритети за кој ја доби довербата од народот, затоа сега излегува со такви изјави, добро познавајки си го гласачкото тело, знаејки дека одма ке се запалат сите како тој е голем патриот, со големи јајца, вистината ја кажал и бла бла.(што мора да признаеме дека му успеа)....е ќе беше така ама да отидеше во Чикаго и да им плесне на сите таму во лице....на најголемите сведски лидери, и пред највлијателните медиуми.....ако ја кажува вистината нема од што да се плаши.

Но бидејки е плашливко и неспособен за извршување на својата фунција....може слободно да си поднесе неотповиклива оставка..:)
--- надополнето: 21 мај 2012 во 19:08 ---
Тоа може многу лесно да се провери. И е многу неточно. Јас на пример, никогаш не сум гласал за Грујо затоа што тој ветил дека ќе не внесе во ЕУ и НАТО. Ти доколку си гласал имаш право да се лутиш и да бараш нови избори во кои ќе си ја исправиш грешката.
Што не е точно?

дека градел кариера со лажни ветувања?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom