Денес Бундестренерот Јоахим Лев го објави првичниот список со 27 играчи во потесниот круг за ЕП2012. Од тие 27 играчи ќе бидат 23 номинирани. Јоахим Лев како предходно донесе и по некоје изненадувајне но поред мене 90% од играчите се очекувани, посебно првиот состав е скоро јасен.
Еве го составот (години на играчот). Играчите со * биле и во составот во СП2010:
Manuel Neuer (Bayern München) * (26)
Marc-Andre ter Stegen (Borussia Mönchengladbach) (20)
Tim Wiese (Werder Bremen) * (30)
Ron-Robert Zieler (Hannover 96) (23)
Jerome Boateng(Bayern Munich) * (23)
Holger Badstuber(Bayern Munich) * (23)
Philipp Lahm (Bayern München) * (28)
Per Mertesacker (FC Arsenal) * (27)
Mats Hummels (Borussia Dortmund) (23)
Benedikt Höwedes (Schalke 04) (24)
Marcel Schmelzer (Borussia Dortmund) (24)
Mesut Özil(Real Madrid) * (23)
Sami Khedira(Real Madrid) * (25)
Toni Kroos(Bayern Munich) * (22)
Thomas Müller(Bayern Munich) * (22)
Bastian Schweinsteiger(Bayern Munich) * (27)
Marco Reus(Borussia Mönchengladbach) (22)
Mario Götze, (Borussia Dortmund) (19)
Ilkay Gündogan ( Borussia Dortmund) (21)
Sven Bender (Borussia Dortmund) (23)
Lars Bender (Bayer Leverkusen) (23)
Andre Schürrle (Bayer Leverkusen) (21)
Julian Draxler (Schalke 04) (18)
Lukas Podolski (FC Arsenal) * (26)
Cacau (VfB Stuttgart) * (31)
Mario Gomez (Bayern München) * (26)
Miroslav Klose (Lazio Rom) * (33)
Просек е 24,18 години на составот.
Значи од горе спомнатите играчи веќе 15 биле дел од предходното првенство и со тоа костурот на тимот е многу сличен. Тоа е голема предност за тимот пошто е уигран. Замислете дека дополнително тимот е засилен со играчи како Хумелс, Геце, Ројс и со тоа станува јасно сошто Германија со Шпанија е топ-фаворитот на ЕП2012.
Имаме и неколку изненадувајна во составот ама и играчи кој иако предходно биле дел од Националтимот , нема да бидат номинирани. Меѓу тие спаѓаат Симон Ролфес и Денис Аого. Двајцата имаа лоша година со својте клубови и поради тоа испаднаа. Исто така Хелмес кој е во одлична форма не е земен. На негово место Лев сигурно го зема Какау, кој иако не е во најдобро форма беше редовно дел од тимот. Самиот Лев објасни дека Какау во Штутгарт влагаше од клупа и имаше солидни настапи, и баш за оваа намена е земен за ЕП. Дракслер од Шалке кој имаше добра сезона е земен засега. Ова можеби е најголемото изненадувајне на Лев. Но поред мене не е уште сигурно дека Дракслер ќе биде дел од крајниот состав, истото важи и за Гундоган од Дортмунд кој имаше добра форма во вториот дел на сезоната со Дортмунд. Ама и да не бидат дел од крајниот состав јасно е, дека во иднина и Дракслер кој има 18 години, ама и Гундоган, кој има 21 година, ќе бидат редовни играчи во ДФБ-тимот.
Германскиот сотав има огромен потенцијал на ЕП2012. Најголем дел од играчите се во составот на Баерн Минхен кој е во финалето на ЛШ. Играчи како Нојер, Лам, Бадштубер, Швајнштајгер, Крос и Гомез се не само костурот на Баерн, туку и костурот на ДФБ-тимот. Покрај ними Германскиот шампион Борусија Дортмунд има 5 играчи во кадерот. Хумелс највероватно со Мертесакер ќе се бори за место покрај Бадштубер и исто така можеме да очекуваме позначајни улоги за Ројс и Геце. Шмелцер ќе биде замена за ЛБ а за Бендер треба да видиме дали ќе биде дел од крајниот кадер. Мертесакер и Подолски идат од Арсенал Лондон. Подолски имаше одлична година во Келн иако одпадна, Мертесакер беше подолго време повреден. Ќе видиме дали ќе се снајде до првенството да се врати во форма. Играчите Озил и Кедира од Реал Мадрид исто така се клучни за тимот и поред мене првотимци. Во нападот гледам мала предност за Гомез иако Клосе како тип на играч можеби повеќе пасуват во играта на Лев. Но Клосе сега се врати од подолга повреда иако предходно беше во фантастична форма во Лацио. Ако може да ја врати формата го гледам пред Гомез.
Поред мене Лев има доста можности за составот. Мое мислејне е дека ќе игра со следниов состав:
--------------------Нојер-------------------- Визе
--Боатенг---Хумелс—Бади---Лам--- Мертесакер, Шмелцер, Хеведес
-----Швајни----------Кедира----------- Крос, Бендер
----Геце-------Озил------Подолски--- Ројс, Милер, Ширле
------------------Клосе--------------------- Гомез
Поред мене најидеален состав би бил:
--------------------Нојер--------------------
--Лам----Хумелс--Бади---Шмелцер--
-------Швајни---------Кедира-----------
----Ројс--------Озил-------Геце---------
------------------Гомез---------------------
Зошто го преферирам овој состав?
За Нојер мислам јасно е. За одбраната мислам дека Лам треба да игра десно пошто во Баерн годинава баш десно дава добри резултати. Ако игра лево, ќе мора или Боатенг или Хеведес да играат десно кој се средишни дефанзивци. Шмелцер е во одлична форма и има предности во дефанзивата. Досега Лев го играше Боатенг десно, ќе видиме дали ќе го става пак тука, посебно што последнава пола година Боатенг игра средишен бек во Баерн.
За Хумелс и Бадштубер мислам е јасна, двајцата се најдобрите Германски бекови. Мертесакер пред да се повреди не беше најстабилен и исто така сега се враќа од повреда.
За Швајни и Кедира мислам исто е јасно, двајцата се повеќе чистачи иако Швајни може и за напред да даде импулси но со оглед на офанзивниот среден ред тоа и не е потребно. Геце и Озил ги гледам како сигурни иако Геце беше повреден но ќе ја најде формата брзо. За Германија досега имаше одлични настапи. За третото место се борат Ројс и Подолски, на Подолски му давам предност дека е многу искусен и за Германија досега има големи заслуги. Можеби и Милер е алтернатива но моментално во нестабилна форма.
Напред би го ставил Гомез како голгетер иако заслугите од Клосе се неспорни. Треба да видиме како и дали ќе се врати во форма после повредата. Какау е чист џокер за по потреба.
Јасно е дека Германскиот состав има огромен квалитет и исто така вториот состав може да влезе без голема загуба на квалитет. Има можности за вариирајне. Лев важи за селектор кој им верува на тие играчи кој досега дадоа све за ДФБ-тимот. Клосе и Подолски се најдобар пример кој иако во својте клубој често пати не беа дел од првиот тим, за Германија дадоа добри резултати. Затоа Клосе, Подолски и дургите играчи кој подолго се веќе дел на репрезентацијата имаат мала предност за да бидат дел од првиот тим.
Сега да кажам кој можеби нема да биде дел од крајниот тим:
Тер Штеген и Цилер се борат за третото место во голот, иако од Визе не сум 100% убеден. Кој и да одпадне мислам дека на оваа позоција сите голамни кој се земени се одлични, секако Нојер е неспорен.
Од бекојте мислам дека сите ќе бидат земени. Можеби не е секој убеден од Шмелцер но тој ја добри предноста пред Аого како лев бек и еден покрај Лам мора да биде земен.
Во средниот ред мислам тројца ќе морат да си одат. Нападот со тројца играчи е мислам сигурен. Дракслер, Ширле, Гундоган, Свен и Ларс Бендер за мене не се сигурни. Дракслер дојде изненадувачки. Имаше добра година, да, но не беше секојпат првотимец во Шалке. Мислам дека Лев сака да му даде шанса да се запознае со тимот и да добие искуство. Гундоган еднаш е земен ама потоа не пошто првиот дел на сезоната му беше слаб со Дортмунд. Иако сега е во добра форма големи се шансите да не биде земен. Ширле исто така имаше слаба година со Леверкузен но негова предност е дека предходно повеќе пати беше дел од тимот со добри настапи. Браќата Бендер од Дортмунд о Леверкузен се слични, дефанзивни играчи. Еден од ними ќе биде земен и му давам предност на Свен Бендер од Дортмунд кој малку падна во форма после повредата но во глобала имаше добра сезона со Дортмунд. Од овие пет кој и да биде земен секако ќе нема позначајна улога затоа и не е толку важно поред мене.
И крајно нешто за проблемите на Лев. Се жалеше дека Баерн има финале во ЛШ кое е релативно касно и исто така во финалето на Германскиот куп помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе игра голем дел од Германската репрезентација. Со тоа малку се одложува почетокот на заедничките тренинзи но тоа не би требало да е толку штрасшно пошто играчи се доста добро соиграни. Како и да е, многу години уназад Германската репрезентација немала олку јак состав и очекувам пласман во финалето.