Една работа ме чуди. До сега очигледно е дека сме заинтересирани и за Хазард и за Гаитан, тоа не се само шпекулации. Зарем до толку Сити го потресе Ферги, бек ап трансфери да има. Претежно сме биле заинтересирани за еден конкретен играч, се преговара уште од Јануари и готово. А ова излегува дека кој било да дојде од двајцава ќе бидеме задоволни. Уште па и двата се крило, што мислите да им правите на Валенсиа, Нани и Јанг ? Некои немаат едно асално крило, а вие сакате по 2 светски класи на двете страни (плус Парк). И тоа сите млади, сите со желба за играње. Како Ферги да осеќа дека на циганчето ќе му пркне да бега за брзо време, па си се покрива навреме. Лично, не ме занимаат многу овие двајца, само што побрзо да го украдеме Кагава. Сколс нема да е главен наредна сезона, и да игра тоа ќе биде многу поназад. Ни треба нова енергија што ќе може да истрча до противнички шеснаесетник и веднаш да има сила да се врати и да мава. Сето тоа го имаме во Кагава. Па во комбинација со Клеверли, и искуството на Сколс и Керик...и можен Флетчер.. бонбона.
Сето ова ми има логика, единствено ако менуваме формација. Нешто налик 4-2-3-1, со Руни напаѓач, а Јанг(Кагава) полушпиц.