Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Муабетот што го правев со jamajka во врска со националното единство по ова прашање
Опозициските пратеници длабоко загрижени за Анти-НАТО ставовите на Груевски

Писмо му пишале...ова биле Анти-НАТО ставови, изолација, бла бла...
http://sky.mk/makedonija/22536-Пратениците-длабоко-загрижени-за-анти-НАТО-ставовите-на-Груевски.html
Само си го играат нивната улога. Ништо страшно. Небитни се.
Grcija ke se vrati na drahmata ke izlezeod evozonata taka da nema koj da ne sopira poveke
Што има еврозоната врска со блокирањето?
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Еве ги петтоколонашите:

Пратеници: Кој му го даде правото на Груевски да ги расипува односите со меѓународната заедница?

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=103511&kategorija=3

......

Многу ме радува што реакцијата им е слаба и задржана. Аргументите им се веќе видени и многу добро обработени во самото интервју што го коментираат. Многу јасно вели дека нема отстапување од интегративниот пат но и дека времето на дипломатијата со наведнат грб помина.

Премиерот јавно ги предизвикува сите, и внатре во Македонија и надвор, да се изјаснат дали неправдата и лицемерието со поддршката на Грција се уште премолчено ќе ја одобруваат. Работите станаа сериозни и нема веќе место за празно дрндање и матење води. Сите имаа можност да го решат проблемот досега но не успеаа зошто Грција едноставно не нуди никакво приближување туку само покажува еклатантно насилие.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Само си го играат нивната улога. Ништо страшно. Небитни се.

Што има еврозоната врска со блокирањето?
Се согласувам, ама сепак пратеници се и после еден денодма извадиле отрцано соопштение. Како и да е рано е да збориме за ставот на опозицијата по прашањево а тој е и тоа како битен.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Се согласувам, ама сепак пратеници се и после еден денодма извадиле отрцано соопштение. Како и да е рано е да збориме за ставот на опозицијата по прашањево а тој е и тоа како битен.
Ставот на опозицијата ќе го имаме само ако лично Црвенковски излезе на прес и го каже. Само тогаш би размислувал за тоа. Ама убеден сум дека тоа нема да го направи. Ќе имаме вакви соопштенија од пратеници, по некое интервју на некој небитен таму (од тие новите или Петров) и толку. Со ова си наштетуваат самите на себеси. Како свесно да го прават тоа. :D
 
M

Muranyi

Гостин
Grcija ke se vrati na drahmata ke izlezeod evozonata taka da nema koj da ne sopira poveke, taka da koga ke se vrati na drahmata nie ke bideme bogovi za niv ,,so 100 evra 20 dena na odmor
Сепак со тоа не се намалува политичката моќ на Грција,сеуште ќе имаат право на вето и во ЕУ и во НАТО.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Па добро ако сме асална држава после соопштението дека не ни даваат покана за ебаното нато што не ги повлечат војските од Авганистан! И онака ние немаме никаков бенефит што ни стои таму армијата и плус трошиме големи пари за војна што не е наша!
 
D

D_NazGUL

Гостин
ДПА БАРА ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Ете знаев! Сега и по неки протест ќе има и по странските медиуми ќе има слики од протести со транспаренти „НАТО и ЕУ спасете не“ овие македонциве ќе не отераат у црна. Но, да не ги заборавиме нашиве продадени душички кои тоа ќе го искористат за да бутнат влада и да се доџапаат до фотељица оти пустите пара скршена немаат здрвено под маса веќе скоро деценија - па греота се.

Веќе пред очи ми се колумните на познатите ни душебрижници истите тие кои по масакрот врз децава, бог да ги прости, нигде ги немаше али сеа ко печурки на планина после првиот дожд.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Повеќе слушам збор Славо-македонци на форумов него во грчки весници. Го отековте исто како и со зборот Каури, нешто си правите автосугестија или така ми се чини?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
ДУИ: Нема потреба од силни емоции поради Самитот на НАТО

Да се намалат емоциите и очајот, да не се верува дека одлуките на Самитот на НАТО се непотребни и контрапродуктивни, порачува владејачката ДУИ, реагирајќи на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски.

- Да се стивнат емоциите и очајот, да не се создава уверување дека одлуките на Самитот се непотребни и контрапродуктивни, оти прашањето на членството на Македонија во НАТО е затворено на Самитот во Букурешт. Неговата извршна одлука вели дека Македонија ќе биде примена во НАТО дента кога спорот со името ќе биде решен, и ова прашање нема да биде дискутирано на следните самити – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Зошто мислиш дека избори сега и одговараат на опозицијата?
Јас мислам дека не и одговараа ни последните два пати а камо ли сега, но исто така мислам дека сфативме дека од пустата желба за власт веќе не бираат дали идат у самоубоство или не, едноставно да се проба на секој можен начин
--- надополнето: 21 мај 2012 во 16:43 ---
Повеќе слушам збор Славо-македонци на форумов него во грчки весници. Го отековте исто како и со зборот Каури, нешто си правите автосугестија или така ми се чини?
друга ми беше намерата, али во право си се слагам со констатацијата и веднаш го променив исказот
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Јас мислам дека не и одговараа ни последните два пати а камо ли сега, но исто така мислам дека сфативме дека од пустата желба за власт веќе не бираат дали идат у самоубоство или не, едноставно да се проба на секој можен начин
Малку глупо им е пробувањето. Еве на пример, денес му наместија уште еден пенал на Грујо. И тој го погоди, нормално. http://vlada.mk/node/3216
Овие дефинитивно треба да смислат некој слоган како посветено работиме во корист на сопствената штета. :D
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Џабе беа отровните стрели. Да пушташе барокни ќе успееше.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
на ДУИ

Да, се работи за емоции јасни и едноставни како бистра вода зацрпена со шака. Од емоциите произлегуваат сите дипломатски процеси, таму почнуваат. Суптилноста и интелегентното дејствување се изведени од јасни ставови и линии кои изгледа досега некако ги затскривавме од страв дека ќе не сузбијат. Не се шовинистички емоции барањата за Голема Албанија? Не се базира врз национални емоции и интерес смисленото дејствување на федеративците за да се отцепат од Македонија? Зошто тогаш да се бара од македонците да мижат пред силувањето од Грција и комплицитностна на некои земји во тоа? Нема аир од таквото поставување, треба и Грците да почувствуваат некаква последица од тоа што го прават.

Нано Ружин пак вели дека Груевски е бесен оти не му успеала стратегијата со Хашката пресуда. Дека дава изјави за внатреполитички цели и шири популизам. Со самото тоа имплицира дека тој и неговите имаат некаква алернатива со која ќе се задржело името а сепак ќе сме се интегрирале. Ама тоа е најобична лага, и на врапчињата им е јасно. Она што го направи Груевски е кревање на влоговите на повисоко ниво и барање од народот еднашка да ја понесе одговорноста самиот тој.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Муабетот што го правев со jamajka во врска со националното единство по ова прашање
Опозициските пратеници длабоко загрижени за Анти-НАТО ставовите на Груевски

Писмо му пишале...ова биле Анти-НАТО ставови, изолација, бла бла...
http://sky.mk/makedonija/22536-Пратениците-длабоко-загрижени-за-анти-НАТО-ставовите-на-Груевски.html
Ау жити све Грујо игра на популизам.... а они играат на одговорност. :pos:
--- надополнето: 21 мај 2012 во 17:35 ---
Малку глупо им е пробувањето. Еве на пример, денес му наместија уште еден пенал на Грујо. И тој го погоди, нормално. http://vlada.mk/node/3216
Овие дефинитивно треба да смислат некој слоган како посветено работиме во корист на сопствената штета. :D
Ау ау ау. Нокаут. Абе не за џабе рекле, брза кучка, слепи кучиња раѓа.

Alea iacta est „Секако доколку некој ја спори мојата легитимност и дали ова што го говорам има поддршка кај граѓаните има механизми како тоа може да се провери.“.

Избори?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom