ДУИ: Нема потреба од силни емоции поради Самитот на НАТО
Да се намалат емоциите и очајот, да не се верува дека одлуките на Самитот на НАТО се непотребни и контрапродуктивни, порачува владејачката ДУИ, реагирајќи на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски.
- Да се стивнат емоциите и очајот, да не се создава уверување дека одлуките на Самитот се непотребни и контрапродуктивни, оти прашањето на членството на Македонија во НАТО е затворено на Самитот во Букурешт. Неговата извршна одлука вели дека Македонија ќе биде примена во НАТО дента кога спорот со името ќе биде решен, и ова прашање нема да биде дискутирано на следните самити – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.