- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
Драхмата ќе ги направи Македонците „Американци“ на Халкидики?! Извозот ќе страда!
Ова се добрата и лошата вест за Македонија од сe поизвесното сценарио за враќање на драхмата како национална валута во Грција, односно од излегувањето на оваа земја од еврозоната. Драхмата ќе го зајакне само грчкиот извоз во Македонија, затоа што за исти евра грчките фирми ќе добиваат повеќе драхми од македонските увозници
Драхмата ќе ја направи Грција евтина шопинг-зона за Македонците, но ќе му зададе силен удар на македонскиот извоз на грчкиот пазар, затоа што ќе го направи многу поскап. Ова се добрата и лошата вест за Македонија од сe поизвесното сценарио за враќање на драхмата како национална валута во Грција, односно од излегувањето на оваа земја од еврозоната.
Драхмата ќе го зајакне само грчкиот извоз во Македонија, затоа што за исти евра грчките фирми ќе добиваат повеќе драхми од македонските увозници. Тоа нема да им оди во прилог на фирмите од Македонија кои извезуваат во Грција, а особено на фирмите со грчки капитал во земјава, кои главно, ги пласираат своите производи во Грција. Нивните производи ќе поскапат, така што може да се случи значителен дел од нив да ги затворат фабриките во Македонија и да се преселат во Грција. Тоа што Грците за повеќе драхми ќе добиваат помалку евра значи и дека нема да им биде многу исплатливо да пазаруваат во Македонија, па така, ќе секнат приходите за трговците и за услужните дејности во пограничните градови, пред сe во Гевгелија и во Битола
Извор