420 лица се самовработиле преку Програмата „Од идеја до бизнис“

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Над 420 успешно реализирани бизниси е резултат од досегашната реализација на првиот циклус од владината Програма за самовработување „Од идеја до бизнис“. Во тек е вториот циклус на кој е предвидена можност за над 500 лица да си обезбедат работа преку отворање сопствен бизнис.

Ова го изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски по денешната посета на стоматолошката ординација „Драган Дентал“, отворена 2009 година со помош на оваа Програмата за самовработување како пример за нејзината успешност.
- За првиот циклус имаше три пати повеќе апликанти од она што беше планирано, што значи дека мотивот и интересот кај граѓаните е значително голем и верувам дека и во вториот циклус ќе се следи истиот пример, рече Ристовски повикувајќи ги сите заинтересирани да аплицираат.

Според др. Драган Јовановски од ординацијата „Драган Дентал“ овој грант му овозможил да обезбеди хируршка опрема за поставување импланти, со што успешно го спроведува бизнис планот со кој аплицирал.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски појасни дека во првиот циклус имало над 2.900 апликации од кои 1.900 пополниле прашалници, а од нив потоа селектирани се 471 бизнис план кои во понеделник ќе бидат објавени од Агенцијата.
- Грантот се добива во неповратна форма, односно во репроматеријали и опрема која што му треба на младото самовработено лице да го оформи својот бизис. После ова следуваат кредити кои се повратни, рече Поповски.

Со Програмата за самовработување „Од идеја до бизнис“ се предвидува можност за самовработување со добивање грант од 3.000 евра за основање и реализација на сопствен бизнис. Овие средства може да се наменат и за набавка на опрема. Анализите покажале дека досега овој износ на средства кој се дава во форма на грант е сосема доволен, а постои и можност за кредитирање со дополнителни 3.000 евра за дооформување на бизнисот.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Од една страна грант ти даваат од 3000 евра ама кога ќе ти речат ајде сега пријателе за ДООЕЛ-от 5000 евра како гаранција да вложиш :icon_lol:.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
зошто да не бе.......на некој мака да не му е шо си искористил пари некој умен.......еве и мој другар си купи стан преку купи кука купи стан.............деновиве ке одам да го распрашам како се условите подетално па да аплицирам и јас за 6250 евра
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.842
На мој познаник, животот му се опраи откако почна ова и сум доста среќна поради истото.
Мислам, се гушеше во сиромаштија. Сега има, каде каде, за повеќе од пристоен живот :)
На почетокот беше доста тешко, немаше ќар, само обрт на пари, од месец за месец, за трошоци, за плата... последниве 6 месеци, само кога ќе го видиш, знаеш дека е добро :)

Човекот почна да се смее. Се надевам дека е така и кај останатите нив.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

A so sto se zanimava tvojot prijatel
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Жити тебе кажи што бизнис отворил кога се гушел во сиромаштија предходно како му успеа ?
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Жити тебе кажи што бизнис отворил кога се гушел во сиромаштија предходно како му успеа ?
сигурно купил камион и вози на релација Велес-Франкфурт:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.082
Поени од реакции
23.545
незнам што ве чуди толку, јас имам познаник кој сега не сум баш сигурен дали со таа програма или со некоја слична отвори нешто како кафанче, па колку што гледам не се жали.
не е милионер ама спрема порано дека такси возеше, а сега има неколку вработени.
друг мој школски почна бизнис со пвц дограма. ова му е трета година како што почна. пред тоа работеше во приватна фирма за некои 200 евра плата. сега е далеку далеку од тоа што беше.
да и тој со оваа или слична програма зеде кредит. така да сега видете сами , големи сте.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.842
Жити тебе кажи што бизнис отворил кога се гушел во сиромаштија предходно како му успеа ?
Бизнисот е сервис за компјутери и продажба на ,,accessories,, за компјутери.
Го отвори дуќанот во место каде што немаше ниту еден друг. Со 3000 евра купи најосновни работи, а ,,занаетот,, од предходно го знаеше, ама никој не сакаше да го вработи, повозрасен човек е во прашање.
--- надополнето: 21 мај 2012 во 00:38 ---
A so sto se zanimava tvojot prijatel
Ете одговорив.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Жити тебе кажи што бизнис отворил кога се гушел во сиромаштија предходно како му успеа ?
Пумава има преку 800 илјади пријатели и над 250 илјади роднини, така што секакво сценарио е можно. :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пумава има преку 800 илјади пријатели и над 250 илјади роднини, така што секакво сценарио е можно. :D
:pos:Пумо без лутење али читајќите човек добива впечаток дека си поминала низ сито и решето и ова ти се последните зборови пред да заминеш од овој свет. Филм.
Има ли некоја статистика колку од нив заглавија и со колку пари? Да биде комплетна сликата.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Бизнисот е сервис за компјутери и продажба на ,,accessories,, за компјутери.
Го отвори дуќанот во место каде што немаше ниту еден друг. Со 3000 евра купи најосновни работи, а ,,занаетот,, од предходно го знаеше, ама никој не сакаше да го вработи, повозрасен човек е во прашање.
--- надополнето: 21 мај 2012 во 00:38 ---

Ете одговорив.
Многу ги гледаш владинине кампањи жими се, ептен се имаш соживеано со нив.
Приказнава ти е иста како онаа рекламана за тројцана мајстори што останаа без работа.
--- надополнето: 21 мај 2012 во 22:18 ---
Пумава има преку 800 илјади пријатели и над 250 илјади роднини, така што секакво сценарио е можно. :D
Гледам дека ги има многу,мани друго ми е страв да не сум и јас еден од тие роднини и пријатели а да не знам :pos:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На мој познаник, животот му се опраи откако почна ова и сум доста среќна поради истото.
Мислам, се гушеше во сиромаштија. Сега има, каде каде, за повеќе од пристоен живот :)
На почетокот беше доста тешко, немаше ќар, само обрт на пари, од месец за месец, за трошоци, за плата... последниве 6 месеци, само кога ќе го видиш, знаеш дека е добро :)

Човекот почна да се смее. Се надевам дека е така и кај останатите нив.
За Гwујо ли ни објаснуваш?
На него не да му се опраи животот откако у народ виде овца за стрижење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom