Тоа значи дека ја сакаш Калиопи повеќе од што си свесен и дека нема да освои директен влез за финалето наредна година. Или па ќе победи.
Не знам точно 5-ката како број како би се протолкувала, кога се во прашање определен број кандидати. Хммм
Абе ми улета на сред ваквото со Пенелоп Круз.
Шо се тиче ( секогаш сум сакал да ја убацам фразава у некој муабет) до Калиопи, ебате инсунацијата шо и се прави. Мене Калиопи ми е била секад онака, гласот, Бато, Месечина и тоа. Али денеска приметив дека ако го впишеш нејзиното име кај анкл Гугл (Калиопи е...), првите резултати шо ќе излезат, ха...? Не тоа нема да биде дива, ниту гласот со цветен дезен. Првите неколку резултати шо ќе испаднат се:
Калиопи е геј!
Жалосно... Ја убивме у поим. Цела нејзина отменост, одмерена гламурозност, благородни манири, грациозност, децентност, кариера (колку 30 години отприлика) све си иба мајката. Значи ја етикетиравме како сакаме и можеме ( јас не се изоставувам), и од една дама во музиката , макар тој статус и сама да си го наметна ( али факинг проклето и стои) ја претворивме во најобична фарса. Мош да лицемерно од моја страна, али најгласно и најжустро прашувам:
Каков е тој народ без дива во музиката?
Калиопи ми се чини беше последната од таа врста. И онака беа загрозен вид, али сега ми се чини дека после медиумскиот масакар шо и го направивме, дека ќе ги снема начисто.
Ја сум човек кој не го разбира натпреварувачкиот момент кај фестивалите, на евровизија па ич, па нека звучи и како клише. Никогаш не сум сум се деклариал како нејзин фан, али еве се надевам дека мојот сон ќе биде вистина, пошо без Калиопи онаква како шо е, македонската музика ќе загуби многу.
П.с Издепримиран со од она нејзино убацување кај мене у сон: 5-та сум, 5-та...