Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
5103405335.gif
 
Честито заслужена титула во ЛШ.
Да ми кажеше некој дека оној Челзи со Боаш може да им се спротистави на Барса и Баерн ќе го сметав за ненормален но по доаѓањето на Ди Матео како целиот тим да се препороди.Дрогба е играч што вреди злато и неможе ниту еден шеик да ја исплати потребната сум за него за овој да се најде во неговиот тим.Покажа уште еднаш дека е класа играч и дека таквите како него се ретки....да не речам дека не постојат.
 
ДАЈ НАЈДЕТЕ НЕКОЈ УБАВИ СЛИКИ...ГАЛЕРИИ СЛИЧНО...
 
Честито титула момци, вчера беше лудило... Ди Матео 100% си го продолжи договорот... Човекот како ги измотивира, им пренесе победнички дух, ги изротира играчите кои гинеа за него на теренот секоја чест! Мислам дека неговото време допрва почнува... Тоа што беше Гвардиола за Барса, скоро сигурен сум дека Ди Матео ќе биде за Челси!
Нехумано е да издвојувам одредени играчи за вчерашната утакмица бидејќи мислам дека сите што беа на терен, на клупа, на трибина помогнаа на психички план во оваа слатка победа!
 
Леле, леле уште не ми се верува. Конечно го дочекавме и тој трофеј кој толку многу го посакувавме. ШАМПИОНИ НА ЕВРОПА!!! :D


Од 4:30 сите на парада тука. :ROFLMAO::ROFLMAO:

533156_381892798513582_317308498305346_969166_1467441776_n.jpg


550369_269656103132534_193819510716194_507849_17089560_n.jpg
 
Само да не си отиде Дрогба. Стварно неможам да го замислам Челзи без него. :(
Сигурен сум дека ќе пробаат да го задржат и ќе му понудат нов договор. Но, можеби он ќе си рече со последниот гол за Челзи им го донесов првиот трофеј во ЛШ. Подобро да си одам сега и да останам запамтен по тоа.
Се надевам дека нема да размислува вака.
 
Честито прва титула. Фантоме те сакам :)

Засега толку
 
Кога веќе изгубивме на ваков начин, барем изгубивме од екипа што заслужи трофеј после 2008 и 2009 кога беа најдобри у европа а немаа среќа. Мило ми е за големи личности како Лампард, Дрогба и Чех. Големи спортисти. Криво ми е што Тери го крена трофејот а не Лампард кој беше лидер вчера. Немам никаква почит за него. Секој трофеј што не е освоен со спорни моменти е заслужен! Уживајте и се гледаме догодина.
 
Кога веќе изгубивме на ваков начин, барем изгубивме од екипа што заслужи трофеј после 2008 и 2009 кога беа најдобри у европа а немаа среќа. Мило ми е за големи личности како Лампард, Дрогба и Чех. Големи спортисти. Криво ми е што Тери го крена трофејот а не Лампард кој беше лидер вчера. Немам никаква почит за него. Секој трофеј што не е освоен со спорни моменти е заслужен! Уживајте и се гледаме догодина.
благодарам на честитките :)
иначе заедно го кренаа со лампард, а и тери не му ја побара капитенската лента после натпреварот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom