- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.756
- Поени од реакции
- 8.777
Ти никаде, се однесуваше тоа за другитеПа каде јас тоа го исплукав Скопје? Не реков за Скопје ништо. Моето мислење беше дека 70% од девојките кои ги имам видено во Скопје се така облечени. Посоодветен збор стварно, да ме утепате нема да ми текне. Кога и да дојдам, таму најмногу имам забележано такви. Во други градови слабо, а имам доста шетано по Македонија. Не реков дека се сите такви, аман. Дадов, некаква груба проценка. Ете, на пример за Битолчанки имам мислење дека ептен многу се средуваат за преку ден, божем на свадба ќе одат. Јас кога дојдов во Битола последен пат, лани ова време отприлика, искрено глупо се осеќав Бев дојдена во обични фармерки и рамбовка. А околу мене се шетаа дотерани накинџурени девојчиња. Не викам дека беа грдо облечени, напротив, ама за преку ден немам видено толку многу дотерани, барем во Велес, ептен ретко
Тоа се мои груби проценки. Сега, не викам дека под дифолт сите Битолчанки за преку ден се облечени како за на свадба, ама повеќето што ги видов тогаш, беа такви. Така и за Скопјанки.
Битолчанки не за џабе важат за ,,најсредени,, девојки Мене ни на крај памет не ми доаѓа така да излезам преку ден, или на факс да одам
Но тоа се обележја на менталитетот на секој град, и ако една Битолчанка дојде во Велес, ќе биде принудена да се навикне на полежерен стил, во спротивно, ќе биде исмевана