Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Па каде јас тоа го исплукав Скопје? Не реков за Скопје ништо. Моето мислење беше дека 70% од девојките кои ги имам видено во Скопје се така облечени. Посоодветен збор стварно, да ме утепате нема да ми текне. Кога и да дојдам, таму најмногу имам забележано такви. Во други градови слабо, а имам доста шетано по Македонија. Не реков дека се сите такви, аман. Дадов, некаква груба проценка. Ете, на пример за Битолчанки имам мислење дека ептен многу се средуваат за преку ден, божем на свадба ќе одат. Јас кога дојдов во Битола последен пат, лани ова време отприлика, искрено глупо се осеќав:) Бев дојдена во обични фармерки и рамбовка. А околу мене се шетаа дотерани накинџурени девојчиња. Не викам дека беа грдо облечени, напротив, ама за преку ден немам видено толку многу дотерани, барем во Велес, ептен ретко:)
Тоа се мои груби проценки. Сега, не викам дека под дифолт сите Битолчанки за преку ден се облечени како за на свадба, ама повеќето што ги видов тогаш, беа такви. Така и за Скопјанки.
Ти никаде, се однесуваше тоа за другите :)
Битолчанки не за џабе важат за ,,најсредени,, девојки :) Мене ни на крај памет не ми доаѓа така да излезам преку ден, или на факс да одам :)
Но тоа се обележја на менталитетот на секој град, и ако една Битолчанка дојде во Велес, ќе биде принудена да се навикне на полежерен стил, во спротивно, ќе биде исмевана :)
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Ајде вака.
Мене ми е Велес далеку. Според ваша логика, баш ме боли што Велешани чувствуваат према тој град, аналогно таквиот ме боли ако им рестартираат топилница, јас можам ќар да имам (некаков), но зијан нема да имам.
Дали тоа значи дека не треба да се солидаризирам со нив и да ги почитувам нивните избори во НИВНОТО место? Дали јас треба да отидам во Велес, и да им кењам како градот им е за жалење? Еве утре, на пример, се омажам за Велешанец и живеам во Велес. Демек, морав да одам. И дали постои оправдување да кењам против начинот на живот кој тие луѓе го воспоставиле? Јас дојдов, и јас се навикнувам на средината, а не средината на мене.

Дојди во Скопје и навикни се. Не кењај. Ако кењаш, нема никој да ти ќути.
И нема да им аплаудирам на ,,некојси,, од ,,некадеси,, дојдени да се проституираат. Нивен проблем колку им е тежок животот.
И ги хејтам и ќе ги хејтам сите оние кои мислат дека светот од нив зависи, па и дека еден град се ќе смени, само нив да им биде арно. Ако не им е, нека не седат. Ако им е, добредојдени се.
Добро по 1293173 пат ќе пишам читаш постовите или видиш пост од некој "провинцијалец" одма во главата претпоставуваш како е напишан, не го ни дочитуваш.
Уште нешто:
Ако напишам дека на игралиштето за кошарка кај мостот на железничка тоа спрема мтв бензинската што е само од другата страна на вардар смрди заради тоа што циганите под мостот ги чуваат коњите во близина тоа хејтање е или ебана истина ?
Тоа што Албанците барем еднаш во месецот напаѓаат и ограбуваат некој по патот накај пмф , хејтање или истина е?
Ако некој од страна ми каже дека семафорите во Паланка се демолирани тоа е ебана истина не хејтање, дека некој вработе во орка ми рече дека ги плаќаат премалку , а работат 1 , 3, 2, 1 итн смена тоа хејтање да го сфатам ?

И еве ти една изрека :
I don't want to be a product of my environment. I want my environment to be a product of me.

Бог да го прости дедо ми на времето во село не растржаше неколку стотина метри накај километар цевки да донесе вода за да имаат сите околку вода, да не требаше да се навикнат и одат по неколку километри за овда?
Ако тоа што та чифча нона напаѓа секој месец по патот накај ПМФ треба да се навинкеме и да ќутиме ?
Не, еден мал број студентите срам и да пишам колку од цел факултет се собравме и баравме да направат нешто, сега има обезбедување и полицаец на местото дека напаѓаат, кое има и најдобар преглед на целиот пат.
Ако се сите како тебе уште ќе бевме во камена доба.

Тоа незначи дека доколку ми смета Скопје 2014 треба да земам чук и да рушам споменици или ти да земеш да ми држиш предавање да зборувам литературно со другари или познаници или слични примери пошто кога ќе ми вратиш ќе наведеш некој банален пример како претходните 2 наведени и ќе ме прашаш дали тоа ќе го менувам.
Ова последното го пишувам пошто си предвидлива во одговорите или како што е изреката "Читат те како селски "буквар".
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Ти никаде, се однесуваше тоа за другите :)
Битолчанки не за џабе важат за ,,најсредени,, девојки :) Мене ни на крај памет не ми доаѓа така да излезам преку ден, или на факс да одам :)
Но тоа се обележја на менталитетот на секој град, и ако една Битолчанка дојде во Велес, ќе биде принудена да се навикне на полежерен стил, во спротивно, ќе биде исмевана :)
Дали си била ти некогаш во Нови Сад, Сплит, Панчево?Си видела ли таму како се средуваат девојките?А, тоа не се главни градови!Битола одсекогаш си имала градски живот и менталитет.Одсекогаш биле дотерани и средени луѓе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Ова последното го пишувам пошто си предвидлива во одговорите или како што е изреката "Читат те како селски "буквар".
Шта да ти причам, кад све знаш (y)
--- надополнето: 19 мај 2012 во 02:21 ---
Дали си била ти некогаш во Нови Сад, Сплит, Панчево?Си видела ли таму како се средуваат девојките?А, тоа не се главни градови!Битола одсекогаш си имала градски живот и менталитет.Одсекогаш биле дотерани и средени луѓе.
А кој рече дека не се? И дека е нивното погрешно?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
Но тоа се обележја на менталитетот на секој град, и ако една Битолчанка дојде во Велес, ќе биде принудена да се навикне на полежерен стил, во спротивно, ќе биде исмевана :)
Мразам да се натегам со тебе, oсобено у ова време, ама морам за ова да те цитирам.
Значи според тебе, провинцијалките шо доаѓаат у Скопје се принудени да се навикнат на стилот кој е застапен у Скопје? :icon_lol:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Мразам да се натегам со тебе, oсобено у ова време, ама морам за ова да те цитирам.
Значи според тебе, провинцијалките шо доаѓаат у Скопје се принудени да се навикнат на стилот кој е застапен у Скопје? :icon_lol:
Не. Кој што сака може да прави.
Како што можам јас да ги исмевам накинџурените и хипстерките. И ќе го правам тоа во секоја пригода, едноставно, одвратни се на око.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
Не. Кој што сака може да прави.
Како што можам јас да ги исмевам накинџурените и хипстерките. И ќе го правам тоа во секоја пригода, едноставно, одвратни се на око.
Е како не, од една страна викаш дека битолчанките морале да се навикнат на стилот кој владеел у Велес за да не бидат исмевани, а од друга тие шо доаѓале у Скопје не морале.
Некако контрадикторна си, или не знаеш доволно да се изразиш :)
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Шта да ти причам, кад све знаш (y)
Па тоа го пишав за да не ги пишеш твојте испрограмирани одговори кој ги пишуваш од рефлекс, ама заборавив дека ти и немаш други одговори.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Е како не, од една страна викаш дека битолчанките морале да се навикнат на стилот кој владеел у Велес за да не бидат исмевани, а од друга тие шо доаѓале у Скопје не морале.
Некако контрадикторна си, или не знаеш доволно да се изразиш :)
Или мора да нацртам за да бидам сфатена ;)
Ако на некоја и пречи исмевањето (како во случајов, што им пречи исмевањето на накинџурените пред дискотека) ќе мора да се привикнат за да не бидат исмевани.
Ако не им пречи, ќе продолжат со тоа што го прават.

Што е толку комплицирано и контрадикторно?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Тука сите ќе се навредувате, омаловажувате едни со други, ама утре кога ќе сретнете Македонец во Лондон, Париз, Берлин има да му се радувате како на сопствен брат, сестра без разлика дали е од Скопја, Битола, Охрид, Струмица, Радовиш или Гевгелија.
Некој што не бил таму никогаш нема да го осети тоа чувство кога ќе чуете како некој во Лондон поминува покрај вас и збори македонски.Како илјада сонца да ве огреале одеднаш во душата.Тогаш кур ќе ве боли дали збори на радовишки, струмички или битолски дијалект.За се ќе најдете заеднички јазик и 50 тегли со ајвар ќе испразните заедно.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
Или мора да нацртам за да бидам сфатена ;)
Ако на некоја и пречи исмевањето (како во случајов, што им пречи исмевањето на накинџурените пред дискотека) ќе мора да се привикнат за да не бидат исмевани.
Ако не им пречи, ќе продолжат со тоа што го прават.

Што е толку комплицирано и контрадикторно?
Тоа што сакаш да кажеш дека тоа што важи за останатите градови у државава не важи за Скопје.
Ако една битолчанка се прилагодува на начинот на живеење у Велес и полежерен стил на однесување, друга битолчанка се прилагодува на стилот и начинот на живеење што е застапен у Скопје.
Гледаме како грото се однесуваат и облекуваат у Скопје, па сигурно нема повеќе провинцијалки у Скопје отколку скопјанки. Можда тие накинџурени им се исмеваат на тие пообичните, откај знаеш? Можда тие се мнозинство и за твое чудо (иако ти ни под разно не сакаш да признаеш, колку и да биде точно), се во најголем број скопјанки.

И стварно не знам шо толку трагично го сфаќате тоа шо вака или онака се облекувал некој, глупости. Па ајде ми ти секоја провинцијалка доаѓала у Скопје да се омажи, глупости на квадрат.

Толку од мене, лека ноќ :noze:
 
Ништо не е случајно. Добра ноќ.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Сакајте и почитувајте ја својата татковина, сакајте и почитувајте го својот народ.Само така ќе не биде и на никаков друг начин!Престанете да се омаловажувате и навредувате меѓусебно, затоа што им правите лошо на вашите идни генерации деца.Малку ли ви беше тепање два месеци по автобуси за да ви дојде паметот.Терористите не ве делеа на Скопјани, Струмичани, Радовишани, туку ве тепаа како Македонци.
Прошетајте ја цела Македонија, истражете го секое село.Само така ќе ја сакате и почитувате.Одете во Мариово, Овче Поле, Полог.Можеби во селата луѓето незнаат англиски или компјутери, ама имаат чисто срце, многу почисто од нашето.Таму ќе запознаете многу скромни срца, многу насмевки, топли зборови задоволни со една асфалтирана улица, една бандера, еден радијатор во училиште на коешто ние големите “граѓани“ не сме никогаш благодарни на такви работи.Ќе научите да се радувате на многу други нешта отколку на фустан од 500 евра или мотор.
--- надополнето: 19 мај 2012 во 03:02 ---
Со самото тоа што некој дошол од Битола, Прилеп, Струмица или Радовиш тука во Скопје и се труди да збори скопски, прави мајмун од себе и покажува колку е прост и низок...
А вие од другите градови овде што имате напишано на темава дека да не сте биле вие Скопје ќе било албанско - во некоја заблуда сте и тоа јака...Зар ние вас ве чекаме овде да ни го зголемите наталитетот...? И зарем Скопје е само она што го гледате тука пред вас (трговски центри, булевари, факултети, клубови итн...)? Овој град има душа, има своја историја која вие што сте дојдени од страна нема никогаш да ја почуствувате и да ја разберете...Мирисот на Скопје можат да го осетат само старите Скопјани кои од дедовци и прадедовци се тука...
И за да не ме разберете погрешно, ќе направам една паралела..Пример јас - имам 2-3 пати отидено во Струмица (еднаш службено и два пати мислам приватно...) И нормално последниов пат бев во Глобал се шетав, купував, па бев во една пицерија и јадев многу добра пица, па низ плоштадот поминав...Имам и во 404 спиено кога патував службено таму...Прекрасни луѓе, улици, пицерии, кафичи, бутици итн...И јас сум компетентна само ова да го коментирам за Струмица...Јас не можам да зборам за сржта и душата на градот, ниту за луѓето што се таму со генерации и генерации - чисти Струмичани итн...
Затоа истото ова вие практикувајте го за Скопје и не продавајте некои патетични и проѕирни лекции тука...!
Луѓето во Струмица се прекрасни, ама случајно запознаваш некој дечко во Скопје којшто ти влегува во очи и ти се допаѓа, ама ти кажува дека е од Струмица и веднаш фаќаш такси да избегаш од него .(y)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Луѓето во Струмица се прекрасни, ама случајно запознаваш некој дечко во Скопје којшто ти влегува во очи и ти се допаѓа, ама ти кажува дека е од Струмица и веднаш фаќаш такси да избегаш од него .(y)
Таман работа. Ќе го научиме ,,скопски,, да живее и среќно и весело тука ќе си живееме ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom