Internazionali BNL d'Italia - Rome 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Рим 2012?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 9 32,1%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 10 35,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 6 21,4%
  • Енди Мареј

    Гласови: 1 3,6%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо-Вилфред Тсонга

    Гласови: 2 7,1%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Јанко Типсаревиќ

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг (ќе наведам во коментар кој)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Очекувам утре Федерер во 2 сета да го реши Сепи, кој ќе има поддршка од публиката, не дека Федерер ќе ја нема, бидејќи едно што знам е дека
публиката може да не е за Федерер, но никогаш не против него!

Очекувам исто така, Бердих да го победи Надал, и Цонга Новак, а и Гаске да го победи Ферер.

Во женска конкуренција очекувам Шарапова да освои титула(освен ако Пенета не ја изненади, игра супер на турниров понесена од публиката).
 
Да да, и јас мислам дека Сепи ќе го јаде утре од Федерер, ова е голем успех за него, мислам дека до тука му беше силата.
 
Слаб е бе Сепи за играчи од калибарот на Рафа, Ноле и Федекс. Можеби ќе му се закани во првиот сет нешто до 4-4 евентуално ама ќе има голем пад во играта и тука ќе се сврти се на страната на Федерер. Барем така мислам дека ќе биде. Ни подршка од трибини, ни ништо нема да му помогне ако тој долу на теренот не знае како да го совлада својот противник ! :)

Околу останатите мечеви :

Nadal - Berdych

Ех колку би сакал да го гледам, ама проклето училиште што ќе ти направи ако не ова што ми го прави мене :D Добро, нема врска. Мислам дека Надал кога игра во текот на денот т.е. кога ќе е потопло.... тогаш е подобар, впрочем и самиот си призна дека повеќе сака да игра тенис при такви услови бидејќи на повеќето тенисери тоа им смета, многу е загушливо и не им е сеедно, тешко е да го дадат својот максимум. Моја прогноза за утре, 6-2 6-3 за Надал, едно е сигурно, ќе биде убедливо... :)

Djokovic - Tsonga

Не го гледав Ноле денеска, Монако и не е слаб на земја за да премногу изненадува резултатот од денешниот дуел. Утре против Цонга треба да си ја заврши работата во 2 сета без премногу проблеми, можеби ќе има еден тај брејк во вториот сет, првиот ќе заврши или 6-3 или 6-4 во зависност кој ќе сервира прв. :D

Ferrer - Gasquet

Мора да е полн со самодоверба Гаске после победата над Мареј, точно, играше Енди лошо но сепак тој е четврти тенисер на светот. Ферер е одличен на земја, го реши Симон во 2 сета и утре би требало да нема проблеми, нешто слично како денеска мислам дека ќе победи. Првиот сет ќе биде поубедлив за Ферер додека вториот ќе биде потесно и можно е да дојде до 7ка во вториот сет, но чисто се сомневам, 6-1 6-4 моја прогноза.

За жените не ми се трошат зборови, нека прават ама апсолутно што сакаат. :D

Моја омилена тенисерка што остана во жребот е Шарапова и би сакал да ја одбрани титулаата :)
 
Очекувам утре Федерер во 2 сета да го реши Сепи, кој ќе има поддршка од публиката, не дека Федерер ќе ја нема, бидејќи едно што знам е дека


Очекувам исто така, Бердих да го победи Надал, и Цонга Новак, а и Гаске да го победи Ферер.

Во женска конкуренција очекувам Шарапова да освои титула(освен ако Пенета не ја изненади, игра супер на турниров понесена од публиката).
Не заебавај, Бердих да тепа утре. Нема теорија тоа. А и Шарапова тешко дека ќе се справи со Серена во финале.
 
Очекувам утре Федерер во 2 сета да го реши Сепи, кој ќе има поддршка од публиката, не дека Федерер ќе ја нема, бидејќи едно што знам е дека


Очекувам исто така, Бердих да го победи Надал, и Цонга Новак, а и Гаске да го победи Ферер.

Во женска конкуренција очекувам Шарапова да освои титула(освен ако Пенета не ја изненади, игра супер на турниров понесена од публиката).
neam niso protiv tebe ama bezveze ti se tipuvajnava.. ako utre eden od ovie 3 so gi kaza pobedit bravo ama cisto sumljam, isto ikaj zenive na Serena i nemat konkurencija
 
Nadal - Berdych

Ех колку би сакал да го гледам, ама проклето училиште што ќе ти направи ако не ова што ми го прави мене :D Добро, нема врска. Мислам дека Надал кога игра во текот на денот т.е. кога ќе е потопло.... тогаш е подобар, впрочем и самиот си призна дека повеќе сака да игра тенис при такви услови бидејќи на повеќето тенисери тоа им смета, многу е загушливо и не им е сеедно, тешко е да го дадат својот максимум. Моја прогноза за утре, 6-2 6-3 за Надал, едно е сигурно, ќе биде убедливо... :)

Денешниот меч против Гранолес требаше да биде со 6-2,6-3, али со Бердих многу тешко, очекувам во еден сет да се игра тај брејк .
 
Очекувам исто така, Бердих да го победи Надал, и Цонга Новак, а и Гаске да го победи Ферер.

Ова ептен оптимистички. Шанса нема вака да излезе.
 
Денешниот меч против Гранолес требаше да биде со 6-2,6-3, али со Бердих многу тешко, очекувам во еден сет да се игра тај брејк .
Тешко, доста спора е подлогава, баш по вкус на Рафа.
 
Бердик покажа одлична игра во Мардид ако игра со истото темпо Рафа е во неволја едноставно нема да може да ја контролира сета таа брзина на рамните удари кој ги произведува Бердик.
Ке биде интересен меч како и да е.
 
Денес очекувам Федерер да победи без поголеми тешкотии, ќе биде многу интересно, гледав сношти дека е нервозен заради немирната публика, ама што можеш, во Италија си :) Страшно ме нервира со неизнудените грешки, се надевам ќе биде подобар денес.

Би сакала да гледам финале Федерер-Надал, но ќе видиме како ќе се справи он со Бердих, во Мадрид не помина баш најдобро, но да не заборавиме, таму “подлогата беше виновна“ !!

Џокович... Ќе излажам ако речам дека сакам да победи, но искрено шансите се мали да изгуби. Освен ако Цонга изигра неверојатно како што понекогаш знае. Останува да видиме.
 
Луѓе, не бидете луди :D Надал денеска поминува без проблеми, ова е земја............двата сета ќе се завршат најкасно до 10 гема, на пример 6-4 6-4. Ништо повеќе од тоа :)
 
Надал нападна. :X3:
Првиот гем на мечот го сјеба цел меч, а во вториот сет кога имаше шанса да го добие сетот Бердих, се покака, како и секогаш кога игра со топ тенисери.
 
Се убијаа од брејкови и грешки Цонга и Новак. И накрај Цонга со дупла го заврши сетот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom