Ми се иде сега да си легнам, и да се разбудам утревечер. Едвај го чекам финалево.
Реално гледано, сите нишани за победа се на страна на Баерн, домашен терен, подобра екипа и многу трчање. Но Челзи покажува страшна тимска игра, тактика и игра со срце за да се освои овој трофеј, сезонава беше калакурница за Челзи, откако дојде Ди Матео овој тим игра на секој меч како да им е последен во животот. Се внесе многу победнички менталитет откако дојде Роби и играта во одбрана е во најмала рака перфектна, типична италијанска.
Проблемот со кој се соочува Челзи е отсуството на Рамирес, можеби клучен играч сезонава. Рамче е тип на играч што знае од никаде да направи спринт, да ја изнесе топката и да постигне гол, кога дојде сите го потценивме, но сега е факт дека е најдобриот играч на Челзи, огромен прогрес направи сезонава, така да неговото отсуство е битно, и Баварциве треба да се радуваат, ако некој можеше да ги натрчи цели 120 минути, тоа беше он.
Втор проблем е отсуството на Иванович, и тоа огромен проблем, со Босингва по таа десна страна не знам што ќе се прави, Рибери има да го силува ко мало дете, и од таму највеќе ми е страв, но очекувам негова животна партија како против Барселона кога играше штопер.
Лично, посакувам да се освои ЛШ, затоа што Челзи заслужи, генерација на фудбалери како Дрогба, Лампард, Тери, Чех заслужија да го подигнат овој трофеј, па така очекувам од тие што ќе излезат на терен да дадат 110% и да ја демонстрираат силата, бидејќи трофејов го заслужија. Баерн се млада екипа и ќе имаат прилика истата генерација уште еднаш да игра финале, додека за Дрогба и компанија, не би рекол.
KTBFFH!