- Член од
- 12 декември 2007
- Мислења
- 4.818
- Поени од реакции
- 10.171
Ок ова ме вади од такт веќе...го оставив мојот лаптоп во МК и сега морам да го користам друг лаптоп. Купен е пред 2-3 месеци, Тошиба Сателит. Проблемот е што многу (во последно време нон-стоп) често се случува да замрзне без причина - без оглед што правам или која програма ја користам. Забележав дека замрзнува само сликата затоа што звукот и понатаму работи до одреден момент кога и тој се поебува и лаптопов бучи како трактор. Неколку пати се случи на Windows 7 да ми покаже дека драјверот за графичката престанал да работи и успешно се опоравил бла бла. Нормално, пробав со рол-бек на драјвер, со апдејт на најнов драјвер, дури и преку сајтот на Нвидиа симнав најнов драјвер да не е преку контрол панелот на 7цата. Дури пробав и со disable на графичката арно ама проблемот си остана. Си реков да не е до Windows-от пошто е од оние што ги даваат директно инсталирани на нови лаптопи, без ДВД-а. Инсталирав Линукс Минт (досега никогаш не сум имал проблем со него) да видам дали проблемот ќе продолжи и кај него. Неколку денови седеше мирен без проблеми и потоа почна пак. Од вчера замрзнува после 5 минути од boot, понекогаш дури и пред да се лоадира оперативниот. Имам гаранција но не можам да го носам деновиве поради обврски. Некое чаре за овие денови барем до сервис?