Од овие што се огласија сите играле поради некоја врска...
Само Гроздановски во средината на претходната деценија заслужуваше да игра, ај и Илчо. Баже Илијоски има 6 настапи за репрезентација од кои најмалце 3 беа за да направи трансфер, откако ќе ја оствареше целта го немаше никаде. Па и Панче Ќумбев кренал глас, никогаш не бил некој фактор во репрезентацијата, а и не знам дали има моментално клуб, знам дека последно играше за Работнички. Ни мене не ми се допаѓаат поголем дел од повиканите, ама па Ќумбев и Илчо сигурно во моментов не заслужуваат да играат во репрезентација. Илијоски би го повикал само поради добрите партии во Романија, иако за репрезентацијата секогаш бил тапа, за Гроздановски не знам, колку што знам и Шуми не е повикан затоа што во Кина е во тек сезоната.
Абе океј, Ќумбев немаше пишано дека треба он да биде викнат за репрезентација. Се надевам дека и самиот е свесен дека му пројде времето. Илчо како и да е сигурно заслужил да игра за репрезентација пред Хасани и Фазли (кажав зошто овие двајца не треба да бидат повикани, како и уште неколку други).
Овие излегоа со вакви изјави само поради тоа што више стварно претераа и Ташак и Бабунски. Немој да ме јебете, криво им било што немало да играат против Роналдо па затоа кренале прашина сега. Работава е што до сега ај некако се трпеше (иако паѓавме се подолу и подолу на ранг листа), ама ипак барем играа играчи што играат и за своите тимови колку толку.
Ама да го викнеш Фазли, кој повеќе од пола година нема клуб, да го викнеш Хасани кој не го викаат ни на трибина да ги гледа утакмицете (не го оспоруем неговиот талент и знаење, ама едноставно не смее да го викне у ваква ситуација), стварно е претеризам. Па ало бре, ова е репрезентација а не тим за некој маалски турнир.
Еден Ласана Диара отпадна од списокот на Франција поради тоа што нема доволно минутажа а игра за Реал, не пак Хасани и Фазли требало да играат за репрезентација само поради тоа што едниов “играл“ за Волфсбург, а другиов за Херенвеен (како што они пробуваат да покажат, а го избркаа од Херенвеен уште одамна).